И ете зошто оние што се крштеваат ја соблекуваат својата облека. Ете зошто оголеноста е во срцето на монашкиот потстриг, како при промената на облеката така и во отсекувањето на косата. Во првите векови и монасите и монахињите биле лишувани од целата нивна коса при потстригот, во знак на голотијата на Адам и Ева пред Бога. И ете што значи да се биде монах или монахиња: да се отфрли секоја врска со светот,
Севастијан Картагински: Што ли ќе ожнее човекот во нивата на својата душа?
Доаѓа староста и смртта, човекот посакува да ожнее нешто од својата нива, но никаков плод не наоѓа. Само понекогаш во неговиот грешен живот имал намера да направи некое добро дело. И човекот жали што го проживеа својот век не здобивајќи добри дела за идниот живот.
Дојде смртта, и нема време за покајание, солзи и молитви.