Панихида по повод 119-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев
Имено, иако борците за слобода со своите идеи им припаѓаат на сите слободољубиви луѓе и народи, иако светителите се почитувани и славени од сите богољупци, сепак, тие по својата национална припадност му припаѓаат само на еден народ. Затоа, и свети Климент и Гоце, поради нивните богоугодни и човекољубиви дела, можат да бидат почитувани и од други, но не можат да се делат со други!