Ќе загинат ли сите богати? Ќе се спасат ли сите сиромашни? (07.03.2015)
До доаѓањето на Исус Христос на земјата, Јудејците не го сметале богатството за порок, туку, обратно, тоа било директно сведоштво за Божји благослов. Ако може така да се каже, добивката се сметала како потврда со печат – таа е „по Божја милост“, како што се сметало дека е милост и имањето многу деца.