Возљубени во Господа,
Ве известуваме дека на 23 и 24 мај, храмот "Свети Николај Чудотворец" - нас. Аеродром, со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, организира поклоничко патување по првославните светињи на градот Солун и околината.
Предвидено е на 23 мај да бидат посетени светињите посветени на свети вмч. Димитриј Солунски, свети Григориј Палама, света Теодора Солунска, храмот „Света Софија“, храмот Ахиропиитос, посветен на Петтатат недела од Великиот пост (најстарата базилика во Солун).
На 24 мај ќе биде посетен манастирот „Свети Јован Богослов“, каде што верниците ќе се поклонат на гробот на старец Пајсиј Светогорец, а потоа и манастирот „Света Анастасија Солунска“. Предвидено е присуство на светата Литургија во манастирот на старец Пајсиј.
Тргнувањето е на 23 мај во 7. 30 часот од пред храмот „Свети Николај Чудотворец“ во нас. Аеродром, Скопје. Попатно, по трасата на патувањето преку Велес, Неготино, Гевгелија, може да бидат од автопатот собрани поклониците на кои поблиску ќе им бидат овие локации отколку Скопје.
Цената на патувањето, во кое е вклучено и сместувањето со појадок е 40 евра.
За секоја информација, контакт: отец Бобан Митевски 070/ 277-287
ПП