Пред сѐ се викаме Христијани
Го прославувам мојот именден, се разбира оддавајќи му чест на големиот Божји угодник Свети Партениј Лампсакиски, којшто и го осветил тоа име, така што тоа станало, како и имињата на другите Светии, симбол за светост. Меѓутоа, треба да знаеме дека зад името што секого од нас лично го носи, или поточно кажано, пред и над нашето лично име, сите ние овде го носиме првенствено името Христијанин.