СВ. МЧ-ЧКИ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ И МАЈКА ИМ СОФИЈА- Охрид
Молитвата е големо благо кое е дадено на родот човечки. Особено кога таа се упатува со чист разум и со силна вера. Секој што се моли со вера сѐ добива од милостивиот Бог. Ние, пак, како христијани и кога се молиме, а не добиваме тоа што бараме, не треба да се гневиме, ниту на себе, а уште помалку на Бога, затоа што Бог знае што ни е потребно за спасение на нашите души, па често пати нашите молби и нашите очекувања не ги исполнува,