Од житието на св. Власиј Велики (извадок)
Животните често доаѓале во пештерата на светителот и стрпливо чекале да ја заврши молитвата. Старецот ќе излезел од пештерата, ги благословувал животните, а тие радосно почнувале да трчкаат, да ползат, да скокаат, да му ја лижат раката на светителот, да му се умилкуваат. Болните животни св. Власиј ги исцелувал полагајќи ја раката на нив.