† ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА,Охрид 2019
На 14.10.2019 година, денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, во капелата во Митрополитската резиденција, којашто е посветена на овој празник, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.