Романската Црква ја подготвува канонизацијата на своите прочуени духовни старци од 20 век
Епископ Варлаам, говорејќи пред црковната телевизија Тринитас, соопшти дека имињата на некои од најпознатите духовници во Романија од минатиот век се меѓу оние кои се предвидени за канонизација. Така, на пример, старецот Клеопа (Илие), о. Димитар Станилоае и старецот Герасим (Иску) треба да бидат прославени сред ликот на светиите.