(Обновено)
Еден човек шепотел:
- Господи, зборувај со мене.
И тревите во полето запеале. Но човекот не слушал. И викнал тогаш човекот:
- Господи, зборувај со мене!
И громови и молњи се растрчале по небото. Но човекот не слушал. Човекот се разгледал на околу и рекол:
- Господи, дозволи ми да Те видам.
И ѕвездите засветлиле силно. Но човекот не го видел тоа. И повторно викнал:
- Боже, покажи ми видение!
И со нов живот се родила пролетта. Но, човекот и тоа не го забележал. Тој плачел во очај:
- Допри се до мене Господи, и дај ми да знам дека си тука!
После тоа, Господ се спуштил и се допрел до човекот. Но, човекот ја турнал пеперутката од плеќите и заминал понатаму.
Подготви: Д.З.п
Извор: http://www.diveevo.ru/583/
Лето Господово 2016