ТРЕТ СВЕТИКЛИМЕНТОВ НАУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: СЛОВАТА И СЛОВОТО
Третиот Светиклиментов научен собир, на тема „Словата и Словото“, ќе се сосредоточи врз темата за словесноста, разбрана како основна карактеристика на човековото битие. Оваа фундаментална антрополошка претпоставка на европската мисла е присутна уште во антиката, каде примарно укажувала на човечката разумна, т.е. рационална способност. Но, полисемантичκиот философски поим „слово“ (λόγος), во христијанската антропологија добива една суштински нова димензија – личносната.