Преподобен авва Доротеј: Поука на авва Доротеј за неосудувањето на ближниот и за љубовта
И кога барем само би осудувале… Но ние имаме обичај и да го презираме грешникот и да ја свртуваме главата од него, како од некаква гадост. Тоа е уште полошо и многу пострашно. Но, не застануваме тука, на таа своја сопствена штета, туку веднаш одиме понатаму, и штом сретнеме некого говориме: „Знаеш ли што сторил тој и тој“, та така и во неговото срце внесуваме смут и грев.