НА МОЈАТА ДУША И СЕ БРЗА...
„Ги сметав моите години и открив дека ми останува помалку време за живеење од она кое го имам проживеано до сега.
Се чувствувам како дете кое добило бонбониера, првите ги изело со задоволство, но кога видело дека останале уште малку, почнало да ги јаде со посебно внимание и да ужива во секое залче.
Немам веќе време за бесконечни конференции на кои се зборува за статути, правила, процедури и внатрешни уредби, знаејќи дека ништо од тоа нема да биде постигнато.
Немам веќе време да трпам апсурдни луѓе кои, наспроти зрелото доба, уште немаат пораснато. Немам веќе време да се борам со неоствареното. Не сакам да бидам на собири на кои се пумпа егото.
Не можам да трпам манипулатори и опортунисти. Ме нервираат завидливи луѓе кои се обидуваат да ги дискредитираат способните како би ги освоиле нивните позиции, таленти и достигнувања.
Моето време е прекратко за да расправам за наслови. Сакам содржина, супстанца, на мојата душа ѝ се брза.
Не останаа уште многу бонбони во кутијата.
Сакам да го минам животот со луѓе кои ги краси вистинска човечност. Со луѓе кои знаат да се смеат на сопствените грешки. Луѓе кои ја разбираат својата предодреденост и не се кријат од своите должности. Оние кои го бранат човечкото достоинство и само сакаат да бидат на страната на вистината, правдата и праведноста. Тоа е она што животот го прави вреден за живеење.
Сакам да бидам опкружен со луѓе кои знаат да ги допрат срцата на други луѓе. Луѓе кои тешките удари во животот ги имаат научено да пораснат а да ги сочуваат нежните допири на душата.
Да, ми се брза. Ми се брза да живеам со оној интензитет кој само зрелоста може да го даде.
Не сакам попусто да потрошам ниту една бонбона која ми е останата. Сигурен сум дека се уште послатки од оние кои веќе сум ги изел.
Мојата цел е да дојдам до крајот во мир со себе, со своите блиски и со мојата совест.
Имаме два живота и оној вториот започнува кога сфаќаш дека животот е само еден.“
Марио де Андраде (1893-1945)
бразилски поет, писател, есеист и музиколог.
Избор од фб профил на С.А