логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Погрешно е да се мисли дека сите православни во суштина не можат да бидат секташи и дека сите секташи во суштина не можат да бидат православни. Не секој што е по име православен, таков е и по дух, а особено во денешно време може да се сретне „православен“ – вистински секташ по својот дух: фанатичен, без љубов, рационално ограничен, кој има упориште во човечката, а кој не е гладен и жеден за Божијата правда, туку е пресит со својата горделива правда, кој строго суди од врвот на таа своја умислена правда – надворешно догматски правилна, но лишена од раѓањето во Духот. И обратно, можно е да се сретнат секташи, кои очигледно не ја разбираат смислата на православното служење на Бога во Духот и Вистинта, кои не го признаваат овој или оној израз на црковната вистина, но во реалноста кријат во себи многу вистинско Божјо, вистински братско спрема луѓето, кои вистински поседуваат изобилство на љубов во Христа.

Присуството на таквите разнородности во христијанската заедници не дозволува лекомислен пристап кон прашањето за вероисповедни односи. Секташите грешат во неразбирањето на Православието, но и ние, православните, не го следиме своето Православие, не разбирајќи ги нив, секташите, кои понекогаш восхитувачки пламено и чисто се стремат кон следење на Господа и животот во Него, Единствениот. Човечкиот тесен, горд, болен разум, без обзир на тоа кому припаѓа – на православен или секташ, непреобразен во Духот Божји, еднакво се стреми кон поделби и бара повод за тоа. Ние, православните, веруваме и духовно гледаме дека ја поседуваме полнотата на човечки изразената вистина. Но, тоа самото по себе воопшто не значи да ние ја следиме таа полнота на вистината и дека сме исполнети со неа. Понекогаш ја имаме само на јaзик или мислиме дека таа во нашите очи треба да ја замени основата на нашата духовна мрзеливост.

Но, тоа ни од далеку не е така. Ние ја имаме вистината, во сета своја полнота, но не умееме или не сакаме да живееме во неа, зашто е претесна за нашиот стар човек. Сепак, секогаш сме подготвени да се погордееме и да ја возвишиме својата православност. Додека, пак, меѓу иноверните христијани може да се најдат многумина кои – по својот дух – живеат во вистината на Православието. Постојат секташи, кои горат со дух и љубов кон Бога и ближните во далеку поголема мера од многу православни, а тој дух на пламена љубов спрема Бога и човекот е знак на вистинско животно Православие. Кој тоа не го поседува меѓу православните, тој не е вистински православен, а кој тоа го поседува меѓу неправославните – тој е вистински православен.

 Како човек – он греши, како човек – он не разбира ова или она, не ја гледа оваа или онаа боја во природата во светот (духовен далтонизам; не ја гледа, на пример, смислата на иконите, смислата на општењето со светителите што го напуштиле oвој свет), но по дух, како внатрешен човек, он е – верен и вистинит, со нелицемерна љубов предан кон Живиот Овоплотен Бог, Господ Исус Христос – до смрт. Такви вистински православни христијани постојат како меѓу православните по умоисповедање, тако и меѓу римокатолиците, а исто така и меѓу сите видови протестанти, кон кои припаѓаат и руските секташи, кои со умот и опитот се одвоиле од догматското исповедање на Црквата, дел заради неразбирање на тоа исповедање во Духот, дел заради трули примери на тоа исповедање во животот.

На секој православен му е јасно дека православните луѓе по своето умоисповедање често морално и духовно не ја унапредуваат заедницата, туку директно ја рушат. Не зборуваме за политичарите, јавните работници. Овие зборови, секако, во голема мера се однесуваат и на нас, свештенството, кое не стои секогаш на духовната вистина на Православието, без обзир на несомнената свест за вистинитоста на својата Црква. А манастирите… колку длабоко неправославие, световност, трулежност на духот понекогаш се криело под смирената одежда на монасите. И сето тоа „површно“ и трулежно испливало на површина на црковниот живот и станало поупадливо од вистински смирениот, самопожртвуван труд на многу пастири и монаси на вистинското Православие, кое со својот живот оделе по Христа и умирале во Христа. Револуцијата го покажа и разоткри слабиот слој на руското свештенство, но го истакна маченичкото исповедништво на православниот живот на поголем број свештеници.

Се вели дека присуството на секташтвото го одржува нивото на религиозност на народот. Може и така да се рече: постоењето на сектите покажува колкава е православноста на народот, неговиот пламен дух, неговото стремење кон идеалот, неговата жед не за надворешна религија, туку внатрешна жед на својот срдечен завет кон Бога. И тоа во суштина е Православие.

За присуството на сектите секогаш најодговорен е православниот човек, пред се’ свештеникот, повеќе отколку секташот. Да се размислува така – зарем не е да се размислува православно, да се земе вината на себе и одговорноста за отпаднатите браќа. Инаку нема да има Христова правда доколку вината не се понесе. Човечката правда тешко се остварува со признавање дека секташите се виновни, но Христовата правда е подруга, „безумна“ за светот, а мудра само за – Бога.

Ни со споровите, ни со расправите, ни со препирките, нити со грубите разобличувања не е можно да се покаже таа апсолутна сила на Духот Божји, кој живее во Православието, кој е само во Православието. Тој Дух може да се открие само во, за човекот, безумното одрекување од своите права по разумот и препуштање на Судот – на Духот.

Во православната апологетика треба, пред се’, да се стави јасен и посебен нагласок на разјаснување на смислата на вероучењата и на сведочењето на тие вероучења во животот. Треба јасно да разбереме дека Православието е страшен оган, како Светите Тајни. Оние, кои ја примаат полнотата на Православието со тој Оган, или ги преобразува или ги изгорува. Православието го има изградено духот на рускиот народ, но и го има изгорено рускиот народ. Не е точно дека рускиот народ е изгорен од болшевизмот, тој е изгорен од Православието, стана недостоен причесник на Светињите на Полнотата на верата и таа Светиња го изгоре. Такав е законот на Божијиот Дух, законот на Црквата.

Секташтвото – тоа е неправославно барање на патиштата на Православието. По немоќта на човекот тоа не се остварува во длабочината, туку на страна, т.е. не во догмите, туку околу догмите. Догматски (чист) живот околу догмите по себе претставува, се разбира, почисто Православие отколку недогматскиот (блуден) живот во догмите. Тоа треба да се разбере во сета јасност, со сета недвосмисленост на Божјото Слово, кое тоа директно го покажува во приказната за двајцата синови, од кои едниот рекол дека нема да ја исполни волјата таткова – а ја исполнил, а другиот дека ќе ја исполни – а не ја исполнил.

Исповедањето на православниот Символ на верата е печат на Евангелието. Символот е нужно да се извршува во животот, да се оживотворува. Кај еден човек, тој воопшто не се пројавува реално во животот, макар тој човек секој ден да го кажува во молитва; кај друг, верата се покажува преку неговата љубов спрема Господа Исуса Христа, Отецот Небесен и Духот Свети, и се одразува на неговото лице, во зборовите и сите постапки. Кој е тогаш поблиску до Царството Божије? Одговорот е јасен. Се разбира, оној вториот, неправославен по име, но православен по дух и вистина, научен од самиот Дух.

Они кои тврдат и исповедуваат дека се православни, мора да знаат дека Православието во никој случај не е ни привилегија ни повод за осудување на другите, како што не е ни гордост. Сосема спротивно на тоа: Православието е смирение, исповедање на полнотата на Вистината, како правдата така и љубовта. Православието треба да победи само со својата светлост, како Самиот Господ, а не со пушка – челична или вербална, сеедно. Православието не сјае во православната заедница во која царува гордоста заради своето Православие. Тоа сјае во оној кој е во своето Православие смирен, кој чистотата на верата ја сфаќа не толку со својот мал разум, колку со духот и целиот свој живот. Убавината на Православието е дадена за спасение на луѓето, а православните почнаа да ја насмеруваат кон осудување, кон погибел на луѓето. Може да се рече дека на земјата нема сивршено православни, туку само делумно православни и таканаречени православни, како и оние кои себеси не се вбројуваат во православни, но се вбројуваат во Христовата Црква и животот го живеат во Христа.

Православието е – сончева светлина што сјае на земјата. Сјае за сите, но не ги осветлува оние коишто се во подрум, коишто ги затвориле своите прозорци, коишто ги затвориле своите очи…

Но, тука, и против волјата, се појавува прашањето: зарем со вакви мисли, макар и во мала мера, не се отфрлува чистотата на православната вера, онаа чистота за која е пролеана толку крв и за која Светите Отци толку ревнувале? О не, тоа не е отфрлување на чистотата на православноста, туку токму нејзина заштита и исповедање. Да земеме, на пример, почитувањето и вознесувањето на молитви кон светиите. Секташ – неразумно, не по духот – го одрекува тој дел на животот на духот, додека ние ја признаваме духовната реалност во Христа. Може ли човек, кој не ја признава таа реалност да се спаси? Страшно прашање. Може ли да биде повод за осуда доколку се отрфла нешто што треба да служи како содејство за спасението? Што бараат светиите – прославување на себеси или на Бога? Се разбира, на Бога. И секое вистинско прославување на светиите, пред се’, е прославување на Бога: „Прекрасен е Бог во Своите светии…“ Значи, кога човек „непосредно“ Го прославува Бога и кога Го прославува вистински, нелицемерно – светиите и  ангелите, се разбира, ликуваат, се радуваат и духовно го љубат таквиот човек. И обратно, доколку човек пее величанија и акатисти на светиите, а во својот живот нема љубов кон нивниот дух – духот на Христовата чистота и правда, и љубов, зарем тој, пред се’, не е исмејувач на светиите, наместо оној кој ги прославува? По негова заслуга можеби многумина престанале да ги прославуваат светиите, соблазнувајќи се од таквите резултати на неговото прославување… О, колку е грубо плотското мудрување човечко, како во луѓето се распнува најчистиот Дух Господов!

Се’ што е утврдено во Православната Црква претставува во суштина школа на духот, најлесна, доколку се оди по духот. Се’ во Православната Црква мора да се оживее и одухотвори. Човечка вина е ако се оземјува. Ние, православните пастири, сме учители во Христа. Учителот е Еден – Господ Исус Христос, и никој освен Него не може да биде учител. Ние само учиме како да се покориме на Единствениот Учител, не во свое име, туку во името Христово. Но, гледаме дека некој без нас научил да биде ученик Христов. Значи ли дека ќе станеме против него, како што апостолите сакале да станат против оние кои “не одат со нас“ (Лк. 9, 49), а тие примија достоен одговор од Учителот, кој важи и за нас, православните пастири? Ние сме должни да се радуваме што човек со силата на семоќниот Дух, кој “дише каде што сака“, чудесно го преобразил својот живот и на Бога Му принесува плод. Нам не ни е јасен патот на Духот во тој човек? Но, зарем ние ќе судиме за патиштата на Духот, ако плодовите на Духот се очевидни? По плодовите ќе ги познаете. А плодовите апостолот јасно ги одредил (1 Кор. 13, 4-8). Неопростив е само еден грев – против Светиот Дух, против љубовта кон Него. Оној кој ја љуби лагата, го фали гревот или се насладува со злоба, виновен е за тој грев, но не и оној кој со умот го признава или не признава, т.е. кој со душата гледа или не гледа – оваа или онаа вистина. Доколку духовниот далтониста не ја гледа оваа или онаа боја во природата на духовниот свет, а останатите бои ги гледа, како што ги гледаат сите, не сум ли јас тој што ќе биде презрен?

Најпрво јас треба да бидам предмет на особена загриженост, на посебно сочуство. Секташот, којшто верува во Прествета Троица, во неопходноста на духовното раѓање, во неопходноста на свесниот однос кон крштевањето, во неопходноста на непосрамна вера меѓу рамнодушните, кој ја исповеда пред сите, кој верува во секој збор на Светото Писмо и од ревност во верата ги смета за непотребни сите други пројави на откровението на Светиот Дух во Црквата во текот на 1900 години (откровенија, кои не противречат, туку го разјаснуваат скриеното во Евангелието) – зарем ние, православните, сме должни злобно да го гониме таквиот секташ? Во што се состои, тогаш, нашето православие? И не само секташите, тие наши браќа по вера во Единиот Спасител и Искупител на светот, ние не треба злобно, раздразнувачки и грубо да ги гониме и осудуваме. Никој од луѓето ние не смееме злобно или раздразнувачки да ги гониме и осудуваме.  

Може да забележиме некоја грешка, слабост, доколку сме сами чисти, но со сочуство. А немилосрдно сме должни да го изгониме само грубиот дух на светот од своето срце. И тогаш нашето Православие ќе заблеска. Зашто, средството е невозможно да ја оправда целта. Не е возможно Православието да се заштитува на пагански или јудејски начин. Чистотата на Евангелскиот Дух – Светото Православие – должни сме да го штитиме на евангелски начин, бестрасно, мудро, со голема љубов кон душата за која е пролиена Богочовечката крв.

Да се фрли камен е прелесно. Нашиот стар човек само бара дозволен изговор за да земе камен. Ревноста во верата е најлесниот изговор. Велика светиња се заштитува  со чистота на верата и духот! Токму тука, во заштита на светињата, човекот е должен да се облече во светиња, да се опаша со пост и милостив дух. И така да го пројави Православието во својот живот.

Потребно е отворено да се признае безсомнениот факт дека меѓу сите исповедања на верата во вистинското Богоовоплотување, кое се изврши на земјата во Господ Исус Христос, Алфа и Омега на спасението, меѓу сите кои Го призиваат Неговото Свето Име – има духовно родени луѓе. И меѓу православните, и меѓу римокатолиците, и меѓу протестантите од разни правци и видови. И напротив, дека и меѓу првите и вторите и третите постојат луѓе кои не се родени по дух во Христа, кои се спремни на зло, кои не Го љубат Бога со сето срце, сиот свој ум. Сите оние, кои Православната Црква ги прифаќа без крштение, сите тие христијани се – браќа на православните во Христа, и односот кон нив мора да биде особено братски, со љубов. Велам, особено, зашто братски однос треба да се негува кон сите луѓе. Како православниот може некого да обрати во верата ако спрема тој човек нема љубов? Како тој човек ќе ја спознае верата на љубовта, ако не ја види во оние кои ја проповедаат?

 Одвратна гордост е пред Бога, и ние, православните, сега се вразумуваме не само за гревовите на нашата плот, туку и за гревовите на нашиот дух. “Велиш: богат сум (православен!) – а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол“ (Откр. 3, 17) – му вели Господ на горделивиот православен човек кој нема љубов. Ќе дојде ли тоа благословено време кога ќе заблеска вистинското Православие во оние кои го носат Неговото име?! Кога ќе заблеска кротоста, милостивоста, чистотата, нелицемерната љубов во Христа кон секој човек, кон секоја твар. Во наше време, верата православна блеска во мачеништвото на рускиот народ. И кај поедини секташи – маченици и исповедници, како и кај католиците, прогонетите и мачените за верата Христова – се прославило Православието, вистинско, нелицемерно, почисто и посвето отколку во илјадници топло-ладни, бојажливи, кои имаат само име “дека се живи“ (Откр. 3, 1), но всушност се мртви следбеници на нашето чисто догматско учење.

Нашето православие тука е само одблесок, само ехо на небесното Православие, неговата вечна вистина, вечни совршенства. Небесното Православие е догматски чисто изразено во учењето на Православната Црква, но тоа е дух и живот и има свои плодови кои се – самиот живот.

Православието е добар плод, и за дрвото треба да се суди само по плодовите, по резултатите на неговото цветање. Ако цветот е и грд, листовите бодликави и суви, ако дрвото израснало ниско и неугледно, дури и прекршено… Но, ако плодот е сладок, чист и хранлив – тоа дрво е православно во својата плодност. И обратно, нека цветовите и листовите се раскошни, нека дрвото е огромно и убаво, но ако плодот не се јаде, горчлив е, отровен или безвреден – на поглед на тоа дрво ништо нема да ја пројави вистината на Православието. А жалосно е доколку тоа почне само да се извојува себеси и да се превознесува над другите дрва.

Но, во што се состои духот на секташтвото, против кој треба да се наоружаме со молитва и трезвеност? Тој дух е дух на душевна (не духовна) ревност. Тоа е – рационализација на верата, стражарење над чистината на верата и изгубената длабочина. Тоа е губење на љубовта. Поедини православни на секташки начин го штитат своето Православие, користејќи цитати од Светото Писмо или канони како стапови, спорејќи со секташите, та дури и со своите православни браќа (древни и нови расколи), штитејќи ја својата вера без надеж во Бога, без љубов кон човекот. И обратно, кај поедини секташи се пројавува православниот дух во однос на одредени прашања. На пример, во однос на неразбирањето на општењето со небесната Црква (Светиите), сите секташи, “не признавајќи“ го тоа општење, и не сакајќи да го присоединат кон опитот на Духот, со гордост го отфрлаат, но еден од нив ќе ги разобличи православните за нивното “идолопоклонство“, а друг – “ќе го препушти судот на Бога“ и кротко ќе се помоли за просветлување на православните браќа со светлоста на вистината. И едниот и другиот се надвор од опитот на православното општење со Небесната Црква, но едниот е неправославно настроен (првиот), а другиот – православно, и без обзир на своето неправославно  исповедање на верата, пред Бога може да биде поправославен и од православниот, кој со светиите општо чисто формално – обредно, додека во животот не постапува по евангелските заповеди и не се стреми со срцето кон духот на светиите.

Сите се виновни. „Нема праведен – ниту еден“ (Рим. 3, 10) – тоа треба да го запаметиме. И да не се осудуваме еден друг, туку да се помагаме еден друг, да се учиме на правда еден од друг. Кога Господ би се ограничил Себеси со законите на спасението, кои се разбирливи со нашиот човечки ум, тогаш сите би погинале. За безмерна среќа на човекот – тоа не е така. Законите на спасението Божјо се пошироки од нашето разбирање, поточно кажано – подлабоки. Бидејќи, Спасител е – Господ, а ние – луѓето, твар ништожна и грешна пред Бога. И “сета наша правда – како нечиста облека“ (Ис. 64, 6)… А сета наша православност е навистина “како нечиста облека“… Свеста за тоа само ја открива, само ја нагласува неизмерната вистина, длабочина и величина на Православието.   

Преведено од српски: Секташтво у Православљу и Православље у секташтву

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/sektashtvo-vo-pravoslavieto-i-pravoslavie-vo-sektashtvoto/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная