Св. Игнатиј Брјанчанинов- Аскетски опит
Усвој ги за себе мислите и духот на светите отци со читање на нивните дела. Светите отци ја достигнале целта: спасението. И ти ќе ја достигнеш таа цел по природниот тек на работите. Како единомисленик и единодушен со светите отци, ти ќе се спасиш.
Небото ги примило во своето блажено недро светите отци.






Во секој христијанин Христос е Оној Кој војува и победува, и Тој е Оној што го призива Бога, и Кој се моли, и Кој благодари - сето тоа се дејствија на Христа, Кој се радува и весели кога ќе види дека во нас пребива тоа убедување, дека Христос е Тој кој го прави тоа.
-И ете, од таа случка, - продолжуваше Лукерја – почнав да венеам, да се сушам, р`ѓа ме зафати, ми стана тешко да одам, а после не можев ни да владеам со нозете. Дојде ред да не можам ни да стојам, ни да седам: се` полошо и полошо. Вашата мајка, по својата добрина, ме покажуваше на лекари и ме испрати во болница. Но, од сето тоа мене не ми стана подобро. И ниеден лекар не знаеше да каже каква е мојата болест.
Само што еромонахот ја зел просфората во левата рака, а копјето во десната, монахот десно од жртвеникот ја видел упокоената. Таа била така свртена за да може да ја види жртвата која за неа се принесува !
Патот на твојот живот е отворен. Ти избираш како да мислиш. Можеш да се оттргнуваш од својот крст, да врескаш, да сакаш да си заминеш, да хулиш.. Крстот да ти стане причина за конфликт, упорност и бунт. Тоа е твое право. Но, ако крстот ти стане причина за единство – да се соединиш со самиот Крст и со Оној Кој е на него – тогаш душевните својства Христови, особините на Неговиот карактер, ќе се пренесат и на тебе.
Проблемот на духовното оформување на христијанинот во современиот свет е мошне остро изразен. Повеќето луѓе не се „раѓаат“ во Црквата, туку влегуваат во неа на возраст кога веќе имаат изградена свест. Човекот влегува во нов, за него сосема непознат живот, црковен живот, туѓ живот кој, меѓутоа, задолжително треба да стане негов. Тој процес во денешната практика е наречен „воцрковување“, односно постепена

Оваа Девојка, значи, имала сила со оцелувањето на нејзината личност, како најсилен магнет, да го привлече од пазувите на Отецот блесокот на славата Очева и да го облече во смирението на човечката природа, освен во гревот, за да го спаси паднатиот човек од пропадливоста и смртта и да го издигне до пазувите на Отецот, до толку што и Самиот да рече не ве нарекувам повеќе слуги, зашто сте Ми пријатели.
Анри Фабр , славен француски ентомолог, научник кој го проучувал животот на инсектите, бил убеден христијанин и својата вера во Бога ја изразил во своите многубројни научни трудови, докажувајќи дека Бог постои. Еден свештеник кој ги читал неговите дела го запрашал научникот дали верува во Бога. А научникот, кој сакал да се пошегува со соговорникот, се насмевнал и му одговорил:
– Не благодетите, НЕ, не доаѓаат од Бога. Знаете колку „добра“ ни носи и ѓаволот, за да нè задржи далеку од Бога? За нас добро е ова што нè води кон нашето спасение. Сите други „добра“ (благодети) да не ги сакаме. Затоа вели апостолот Павле дека ѓаволот доаѓа како ангел на светлината.
Кажи му едно топло „добро утро“ на соседот.
Но, доколку луѓето, за време на сиот свој живот знаат дека најважното нешто е – без разлика на тоа низ какви премрежија и соблазни минуваат, да одат кон Бога, да Му бидат верни – тие нема да се поколебаат во својата вера до степен да ја изгубат. Изразената криза на верата што Вие ja споменувате, воочлива е кај адолесцентите. Кога на 8-9 годишна возраст, децата одат во црква и пеат на певница, тие ги восхитуваат и радуваат сите, но, на возраст од 14-15 години,
„Се најдов во рајот, му рекол Андреј, чудесен и прекрасен, и, восхитен, се запрашав: што е ова? Знам дека живеам во Цариград, но како се најдов тука, не можам да сфатам. Бев во недоумение: дали сум во тело или надвор од телото. Бог го знае тоа. Се видов себеси облечен во најсветли облеки, толку светли како да се исткаени од молњи; на мојата глава имав венец исплетен од големи цветови; на половината бев опашан со царски појас
Сите ние имаме пријатели или роднини коишто со недоумение гледаат на нашето собирање во храмот. На нивните лица се гледа длабоко неразбирање, а понекогаш и вознемиреност. Понекогаш тоа се преточува во зборовите: „Но, добро, ти забега во верата, нека ти биде. Но, зошто мораш да одиш во храмот и да трошиш толку време и сили за тоа? Еве, јас, на пример, исто така верувам. Но, јас си верувам во душата.
Ако те натераат да решиш некоја равенка, за неколку минути ќе заборавиш како се прави тоа. Ако си ученик и те прашаат за лекцијата, која ти ја предавале пред неколку дена, ти нема да ја паметиш. Ти кој имаш толку мал, оскуден, немоќен, ограничен ум, сега сакаш да го разбереш недостижното, да ги разбереш тајните, да го разбереш тоа што не можеш да го разбереш.
Знаејќи дека не можат да се надеваат на својата слаба заштита, жителите на престолнината, на чело со патријархот Сергиј, прибегнале кон молитви кон Бога и кон пресветата Мајка Божја, молејќи помош и заштита од напаѓачите, коишто го опколиле градот од сите страни и уште предвреме се радувале на богатиот плен.
























