Архиепископ Анастасиј Јанулатос: Православието и човековите права – Ι дел
Секое последователно разгледување на „човековите права“ неизоставно вклучува и посеопфатно сфаќање за тоа што претставува човекот. Прашањето што претставува човечкото битие зазема централно место во религиските истражувања, особено во христијанската мисла. Јасно е дека религиозната свест и верата играат важна улога, како директна така и посредна, во формирањето на погледот кон човековите права и во спремноста на луѓето да ги прифатат тие ставови.