·
Оној што е заразен од гордоста, сите оние кои се повисоко од него, било да станува збор за власт, за возраст или способности, ги смета за рамни на себе и не поднесува да биде подолу од нив. Ако горделивиот човек е потчинет, тој не го почитува својот претпоставен, не сака да му се потчинува и не ги исполнува наредбите; се поставува на исто ниво со сите кои се образовани и, или никому не му оддава признание или пак се малкумина оние на кои им признава нешто.
Без разлика дали е учен или неук, без разлика дали е син или ќерка, тој не ги почитува своите родители и своите благодетели: или ги смета за еднакви на себе, или има многу ниско мислење за нив.
Треба многу да внимаваме кога се споредуваме и се пресметуваме со другите. Секогаш имај пониско мислење за себеси во споредба со сите други, макар и да си навистина подобар од нив или да си еднаков со останатите. Се што е добро во нас е од Бога, не е наше.
„И тоа не е од вас туку дар Божји! Не е од дела, за да не се пофали некој “ (Ефес. 2, 8-9) „ Сето тоа го прави еден и ист Дух“ (1 Кор. 12, 11). А, како да се гордеам со туѓи добродетели и да се споредувам со оние, коишто Самиот Бог и општеството, кое има доверба во нив, ги поставило над мене? И така „ не седнувај на почесно место, зашто, ако случајно е поканет некој со поголема чест од тебе, па да не дојде оној што ве поканил и тебе и него, па да рече."0стапи го местото на овој!“ (Лк. 14, 8-9) „Секој што се возвишува, ќе биде понизен, а тој што се понизува ќе биде возвишен“ (Лк. 14, 11).
Свети Јован Кронштадски
Избор од фб профил на Православен Источник