Умилителна вечерна на простувањето
Дојдовме, најпосле, на прагот од Светиот Пост, во самото негово навечерие, кога Црквата упатува повик до секоја човечка душа да тргне по ова благословено четириесетдневно патување. Денес една тивка благодат засветли и ги допре сите срца, кои жедни за духовен подвиг, сега смирено стојат пред самите двери на ова благопријатно време.