Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)
Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат луѓето приземјени и неспособни да одговорат на небесниот повик постојано упатен кон нив и да врват по Христос, каде и да оди.