логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Грешката мора да се исправи и тоа е сторено, рече патријархот Порфириј на заедничката литургија со г.г. Стефан во храмот „Свети Сава“ во Белград

SPC.MPC

БЕЛГРАД - Од денеска и официјално заврши расколот меѓу Српската и Македонската православна црква. По 55 години се одржа заедничка литургија „за помирување“ и канонско единство.

SPC.MPC1

Храмот „Свети Сава“ беше претeсен за илјадниците верници кои се појавија на утринската литургија која се водеше и на македонски и на српски јазик, и од македонските и од српските владици.

Радост на небото радост на земјата, повторно сме во единство - ова е пораката испратена од поглаварите на Македонската и Српската православна црква архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј на денешната заедничка литургија во храмот „Свети Сава“ во Белград.

SPC.MPC1

Раната е исцелена, ова е чудо Божјо порача патријархот Порфириј во своет обраќање. Тој осврнувајќи се на спорот меѓу двете цркви кажа дека е човечки да се греши но грешката мора да се исправи и тоа е сторено.

„Расколот со браќата од Северна Македонија траеше 55 години. Секој ден ние ја чекавме таа болна рана да исцели. Да се радуваме и веселиме, браќа и сестри, зашто денес се радуваат небото и земјата, се радуваат сите светии, Свети Сава и сите кои се засадени во неговиот корен“, кажа патријархот Порфириј.

Архиепископот г.г. Стефан пак истакна дека од денеска завршува две и пол вековната голгота на македонската црква и македонскиот народ.

Тој најави дека МПЦ - ОА ќе продолжи да чекори по својот пат кон автокефалност. Побара од Саборот на СПЦ да ја донесе одлуката со која повеќедецеинската тага ќе ја претворат во радост.


„Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, раководен од Неговата сесветост патријархот г.г. Вартоломеј и во истиот тој дух, донесоа одлука за воспоставување на евхаристиско и канонско единство помеѓу нашите помесни Цркви. Со чинот на изразената добра волја на дело, а потврдена, еве, и со денешнава заедничка света богослужба во овој велелепен Светосавски храм, покажавме дека со чашата на благословот и со кршењето на лебот, го покажавме заедништвото во најсветото, во крвта и телото Христови, покажавме дека сме заедно и едно во верата, со што го потврдиме единстовото меѓу нашите две црки, со тоа и единството сс сите дртуги помесни православни цркви“.

На литургијата поселеден пред верниците се обрати поранешниот македонски владика, а сега член на саборот на СПЦ Јован Вранишковски, кој кажа дека денешниот ден му е подраг од денот кога тој доби томос за автокефалност од СПЦ за неговата паралелена црква во Македонија и порача дека времето на расколи мора да запре.

Во Белград продолжува Саборот на СПЦ кој се очекува да заврши до крајот на оваа недела и на кој се очекува да се донесе долго чеканата одлука - барање за автокефалност на Македонската Православна црква - Охридска Архиепископија, кое потоа ќе се достави до Вселенската патријаршија во Цариград, единствена која може да даде томост за автокефалност.

Независно од одлуката на Саборот на СПЦ, архиепископот г.г. Стефан на почетокот на идниот месец ќе одржи заедничка литругија со вселенскиот патријарх Вартоломеј во седиштето на цариградската патријаршија во Истанбул.

  Извор:

https://mk.voanews.com/a/6580543.html

 SPC.MPC3

 SPC.MPC4

 SPC.MPC5

SPC.MPC8

SPC.MPC8

 SPC.MPC8

 

 

 

 

 Друго:


Света Архиерејска Литургија во Белград (19.05.2022 09:51) 

 Илјадници верници, денес, на 19.05.2022 година, го исполнија соборниот храм „Свети Сава“ на Врачар, во Белград, каде што Света Архиерејска Литургија отслужија Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г.  Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со архиереите на Српската Православна Црква и на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија: Митрополитите Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Дабробосански г. Хризостом, Струмички г. Наум; Преосветените епископи Сремски г. Василиј, Зворничко-тузлански г. Фотиј, Полошко-кумановски г. Јоаким, Крушевачки г. Давид и Хераклејски г. Климент; во молитвено присуство на архиереите, членови на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

« »

Православен календар

 

20/09/2024 - петок

Св. маченик Созонт; Св. апостоли Евод и Онисифор; Св. маченик Евпсихиј; Св. Јован, архиепископ Новгородски; Преп. Касијана Песнописателка ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2024

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2024

Раѓањето твое, Богородице Дево,радост ѝ јави на целата вселена,зашто од тебе засветли Сонцето на правдата

Тропар на светиот Христов маченик СОЗОНТ  7 септември / 20 септември 2024

Тропар на светиот Христов маченик СОЗОНТ 7 септември / 20 септември 2024

Поучувајќи се во Законот Господов ден и ноќ,гледајќи дека овците бесловесни го бараат пастирот свој,ти Созонте мачениче пред нозе Христови...

Тропар на чудата на св. Божји архангел Михаил 6 септември / 19 септември 2024

Тропар на чудата на св. Божји архангел Михаил 6 септември / 19 септември 2024

Сину на послушноста, вонмен од твојата уста секогаш ќе одекнува,о сило побрза од молњата,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная