о. Харалампос Пападопулос: ЗА ДА НЕ УМРАМ, ДАЛИ НЕ ТРЕБА ДА ЖИВЕАМ?
Да живееме во постојан страв да не се заразиме со вирусот не може да биде причина за нашето суштествување и егзистенција. Науката ни помага, но не може да нè направи среќни. Може да ми даде здравје, но не и радост. Да се зголеми животниот век, но не и да ја победи смртта. Може да ме направи здрав, но не и човек. Медицината не може да ги реши сите наши проблеми или да постави нови вредности за животот. Науката не може да стане новата религија на светот што слепо и непромислено ќе ја слушаме.