ЛУЃЕТО НЕ САКААТ ДА СЕ ПОКАЈАТ- Отец Симеон Крајопулос († 2015)
Првосоздадените не ја запазиле Божја заповед и отпаднале. Нивниот пад ги довел во незавидна положба. Побрзале веднаш да се сокријат себеси и својот престап од Бога. И кога Бог го изнел на светлина она што тие се беа обиделе да го сокријат, тогаш се лизнале во поголем престап.
И пред да продолжам, би сакал на ова место да додадам неколку работи, за коишто мислам дека се неопходни.
Кога првосоздадените паднале, кога направиле грев, би можеле да реагираат на еден од следниве три начини.