логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

БОРБАТА СО ПОМИСЛИТЕ
Ефрем дикеј на скитот свети Андреј




    Помислите доаѓаат од ѓаволот. Совршениот човек нема помисли. Христос немал помисли, а и Богородица исто така. Ангелите немаат помисли, светителите немаат помисли. Тие достигнале совршенство. Помислите се подолу од небото, а сето она кое што е несовршено, не е рај. Не сите помисли се зли и лоши, ние сме луѓе и имаме помисли.

 Прашањето е да се научиме да го разликуваме источникот и изворот на помислите. Лошите помисли имаат два источника: ѓаволот и нашиот ум. Не е лесно да се открие од каде е помислата. Бидејќи ако ја раскриеме, веднаш ќе заземеме и соодветна позиција. Додека не се исцели од страстите нашиот ум ја нема силата да ја раскрива помислата, да го проследи нејзиниот источник и правец. Таа секогаш сѐ сервира учтиво, благородно и љубезно. Но, бидејќи ние имаме страсти и помислата во себе содржи и една наслада, таа често ни вели: „знаеш ли колку е убаво да отидеш сега и го изедеш она нешто?“ Си велиш: „но тоа е чревоугодие!“ А тој ти одговара: „да, но ние имаме потреба.“ Така можеш да го оствариш во дело и да ја изгубиш благодатта.

    Првото нешто, кое што треба да го правиме, се додека да се научиме на опит во однос на помислите, е преку молитвата да ги бркаме сите помисли и добри и лоши, дури и светите.  Ако некоја помисла не е од Бог таа повторно ќе дојде, ќе започне да не растргнува, како злата помисла, која во себе има моќна страст и не измачува повторно и повторно, затоа што демонот е упорен. Бог се радува кога ние не веруваме на помислите, затоа што практикуваме смирение. Имаме смирено мислење за себе. Кои сме ние, та Бог да ни говори преку свети помисли? Затоа Христос испраќа повторно помисли, истата помисла.

    Второто нешто е презирот, значи исползуваме две оружја-молитвата и презирот. Дури по многу години подвиг можеме да ѝ спротиставиме на една помисла друга помисла. Покрај молитвата и презирот ова е третото одбрамбено оружје. Со него се заштитуваме, но, таквата борба открива дека умот е совршено просветен. Кога Христос бил искушуван во пустината, ѓаволот му вникнал помисла, а Господ му возвратил: „тргни се од мене, сатано“. Христос веднаш одговорил, ја брка помислата преку помисла и словото преку друго слово. Имено, едно говорел врагот, а друго одговарал Христос.

    И ние можеме да ги исползуваме истите нешта, Светото Писмо, Отците и да ги победиме демонските помисли, но, само кога сме сфатиле какви се самите помисли што е дело на совршените. Затоа човек треба да закрепне, затоа што во спротивно, доколку исползува зборови од Евангелието, тие може да се завртат против него и наместо да го победи врагот да се скрши себеси. Еве и еден пример за тоа. Ѓаволот му вникнал помисла не еден монах: „ти си совршен, ти имаш напреднато, а другите се глупаци, тие се безумни и не разбираат“. Монахот одговорил: „е добро, совршен сум“. Но, што означува да бидеш совршен? Тоа е заблуда и прелест, не е самоукорување, тој монах просто имал мнение за себеси. Врагот го знаел тоа и му направил еден тест. Му вникнал помисла и преку одговорот, кој што  монахот го дал, врагот разбрал, дека монахот стапнал на кора од лубеница. Паднал во заблуда и си нанел штета. Да-си рекол тој-„имам и јас едно добро мнение за себеси, сум напреднал, но и другите...се добри отци“. Ѓаволот повторно излегол како победник. Монахот рекол: „за среќа, јас не ги обвинувам другите и затоа сум напреднал“. Ете како настанува штетата.

 


    Кога започнуваме да ги распознаваме помислите, гледаме, дека врагот сака од добрите помисли најнакрај да загубиме, без воопшто да го забележиме. Затоа што ѓаволот е секогаш полукав и побрз од нас. И ние сме лукави, но, тој нѐ надминува. Имаме интелегенција и ум, но, тој е пообразован. Што е она што сме го научиле и што е тоа што тој не го знае и која книга сме ја прочитале, а е непозната за него? Тој ги знае совршено сите јазици и сите книги, кои имаат излезено и тоа наизуст. Духовите не страдаат од заборавање, т.е. тој не ги заборава. Со еден поглед, ако прочита една книга, засекогаш ја памети. За него не е проблем да знае на некојаси страница од книгата што пишува или каква е содржината на друга. Тој веднаш преку својот лукав ум, ги фалсифицира толкувањата. Кога ги чита, тој ги разбира правилно, но, нам ни ги претставува искривено, за да ни наштети. Затоа отците велат, дека книгата е многу полезна, но, додека умот не се напои со молитвата, подобро е повеќе да се трудиме  и да се молиме, за да се научи срцето да се труди и следствено, кога умот ќе се просвети да го разбира правилно прочитаното. Колку непросветени луѓе, читајќи правилни текстови паѓаат во заблуда и во ереси, додека прават толкувања на некои валиден текст? Тоа е протенстатизам.

Во еден манастир еднаш отишол послушник кај старецот и посакал благослов да го чита Стариот Завет. Старецот го прашал:
-Зошто сакаш да го читаш Стариот Завет?
Тој одговорил:
-Христос вели, дека Неговото слово треба да е за нас како храна и возглавница, врз која спиеме.
-Ако сакаш да го читаш Стариот Завет, добро. Ќе земеш еден Стар Завет, ќе го ставиш на полицата и кога ќе собере еден прст прав тогаш ќе започенеш да го читаш.
-Но, отче за тоа се потребни пет години!
-Токму така, имено, кога ќе изминат пет години верувам, дека ќе бидеш научен на молитвата, а тогаш ќе разбереш, дека кога го читаш Стариот Завет го разбираш. Бидејќи таму пишува многу нешта, кои ќе те возмутат. Ќе ги обвинуваш свештените автори, ќе започнеш да се соблазнуваш. Ќе започнаш да мислиш, дека Стариот Завет е просто една книга, која повеќе возмутува, отколку што принесува полза. Во псалмите нема да пронајдеш негоден збор. Би рекле, дека сите пслами се многу бесстрасни. Но, има други места, кои што возмутуваат плотски. Причината е што ние сме лукави, а светшените автори пишувале чисто и јасно, дури грубо и сурово, не пишувале лаги, туку она што дејствително се случило. Нема ли човек да се возмути кога ќе прочита, дека брат спиел со сестра си, додека законот тоа го забранува? Нели тоа е крвосмешение? Ние што треба да правиме, да обвинуваме ли? Нема да обвинуваме, туку ќе се воодушевуваме и ќе велиме: гледајте како авторот, кој е пресвет, на пример Боговидецот Мојсеј,  пишува прејасно и не сокрил ништо. Бидејќи тој би можел да каже: ова не е од полза, извадете го, и она не е од полза и тоа исто така! Тука малку „посоли“, тука стави малку повеќе „гарнир“, онде нешто друго би можел да напише еден убав текст. Убава витрина, но, вистината никој немаше да ја дознае. Реалноста ќе останеше сокриена.
    Го гледаме истото и во книгите за Света Гора, како веднаш те издигаат на небото. Тоа е, затоа што текстот се однесува за една потполно идеална страна од животот, најдлабоката и најздравата. А другата-реалната, суровата, не се спомнува и не се опишува. Најверојатно зошто не е од полза. Тоа е исто како да велиме, дека една огомна продавница е само нејзиниот излог, во кој се покажуваат само убавите нешта. Но, главното е некаде внатре. Имаме прв спрат, втор, сокровиштето не е скриено во излогот, за да го украде некој лесно. Но, внатре е и сокриено е добро, треба да го побараш и да го пронајдеш! Ако немаш трпение и ако не знаеш да го бараш она, што го бараш, нема го најдеш во илјадници книги, кои се во книжарницата. На излогот има напред пет, десет добри, останатите илјади се внатре и добро треба да побараш, за да не наидеш на нешто случајно. Кога имаш програма, правило и знаеш што бараш, не ги слушаш другите помисли, т.е. нема никогаш да му допуштиш на продавачот да ти продаде што сака?  Ќе го изедам она, што го сакам! Не она што ти го сакаш. Ако имаш, имаш, ако не ќе си ја фатам гората! Ќе го најдам она, што го сакам. Другото не ми е важно! Кој може нека ми помогне. Но, продавачот е лукав, тој ќе приложи политика, за да не го земеш тоа, туку друго и останатите книги да се продадат. Еднаш едно момче отишло во книжарница и прашало:
Ја имате ли книгата „Устата на смртта“?
Продавачот кога го чул насловот „Устата на смртта“, се исплашил и почнал да се прекрстува. Тој го запрашал момчето.
-Да не имате некаков психолошки проблем? Да не сте на умирање?
-Не, тоа е многу духовна книга! Не ли сте чуле за неа? Сега можеби е тешка за откривање...
-Не, нема таква книга и ви препорачувам да не читате такви нешта! Затоа што ќе си направите некаков проблем. Може да се всади страв во вас, а христијанинот требада живее без стравови. Не барај никаква „Уста на смртта“, затоа што нема да можеш да излезеш оттаму. Ќе умреш пред време. Момчето сфатило, дека продавачот е романтичен христијанин, протестант. Протенстантизмот е едно декорирање на вистината и избегнување на реалноста. Тоа е како да приготвуваш една убава слатка, бел крем или чоколадо, сѐ станува двапати послатко, но, во реланоста не е секогаш така. Човек треба да има сила и мажественост да ја исповеда вистината.
    Преку молитвата човек може да ги победи помислите. Втората способност е презирот, кој е најсигурното и безопасно средство, ко ни најмалку ништо не не чини! Но, човек неможе да го постигне ако нема силна молитва. Третото е човек да го победи врагот преку благоразуна помисла. Имало еден монах, кој бил познат со својата харизма на расудувањето и успокојувањето коешто го давал на другите, откако поминал низ големи испитанија. Отишол во една пештера да се помоли и видел, дека некој друг влегува заедно со него, кој му рекол: ајде да се помолиме заедно. Тоа бил ѓаволот. Се случила борба, дуел. Монахот сакал да го прогони ѓаволот, за да се помоли без расејување. А ѓаволот не сакал да се тргне од монахот и го мачел и вознемирувал.  Монахот се сетил на еден совет кој го беше чул од еден старец. Доколку ѓаволот не  си оди, може вака да се помолиш: „Господи Исусе Христе, помилуј го ѓаволот, Господи Исусе Христе помилуј го ѓаволот“... Очите на ѓаволот засветкале и станал како бик, кој гледа на црвено платно. „Што зборуваш бре, што зборуваш! Замолки, не го кажувај тоа! Сопри!“ итн. Но, монахот продолжил, а ѓаволот се уморил. Рекол:„ инаетливо магаре, молкни, замочли! Мене Тој да ме помилува, никогаш!“

Се разбира тоа не се препорачува да се чини. Но и врагот има слабо место, на коешто не издржува. Тој не го издржува презирот. Презир е како да имаш едно куче и додека седиш, тоа доаѓа и почува да лае. Лае, лае, и на крај ќе се измори. Ти не треба ниту да се дивжиш, ниту да му оддаваш некакво значење, единствено, на што треба да винимаваш, е да не го погледнеш во очите. Тоа е опитно преживување. Кога ќе го погледнеш кучето во очите, тоа мисли, дека подготвуваш свиреп напад. Ништо не му покажувај, бидејќи ако го правиш тоа, состојбата му се влошува, го фаќа манија, целосно побеснува.

    Постои еден  попрактичен метод. Еднаш едно големо куче отишло и започнало силно да лае и да 'ржи кон некој човек. Тој ја беше научил лекцијата, дека ако навистина се смири, дури и дивите ѕверови се стишуваат пред смирението. Што направил тој човек? Тој коленичел пред кучето и ја ставил главата на земјата. Кучето веднаш престанало да лае. Неговиот егоизам бил задоволен: „браво го победив човекот!“ Обиколило неколку пати околу него да не се подигне ненадејно или да не направи нешто друго, но, после неколку кругчиња си заминало, затоа што кучето го намирисало смирението, кое што е како некое излачување, една енергија, која ја почувствувало иако нема разум, но има усовршени сетилни сензори....Кучето си мисли дека победило, а човекот си вели: „слава Богу, победив, се смирив и победив“. Тоа е патот. Ако човек најде начин да се смири, тогаш набргу, без многу загуби од духовен аспект ја добива битката. Ѓаволот не го издржува презирот поради својот голем егоизам.

Имало еден монах, кој се молел, а врагот му внушувал различни помисли. Монахот ја продолжувал молитвата. Ѓаволот му рекол: „Добро, глув ли си? Кажи нешто! Утеши ме... Да започнеме разговор“. Врагот не издржува, ако  не му одадеме значење и утеха, се сретнал со отпор, отпор, отпор и на крај вриснал и си тргнал. Затоа постои тој богат опит, дека тој ужасен дракон и змеј, ѓаволот, толку силен и моќен и лукав, има слабо место-егоизмот. Ако го поразиш преку презирот, си оди брзо, веднаш, како да го следи огин. Но, потребно е човек да се скруши многу пред Бога, зашто врагот не е безумен и може да го познае и разликува автентичното од лажливото, нагласеното, вештачкото. Тој ги испитува луѓето и го препознава вистинското од престореното и површното. Отците велеле, дека се бориме буквално со еден ум, т.е. со ѓаволот, које многу опитен и илјадагодишен. Тој не се занимава со калинките и птичките, со градините и нивите, ниту патува за да ја види убавата природа. Врагот, духовите на злобата се во вечен мрак, тие никогаш не гледаат светлина, како лилјаците. Жална слика е да види човек, како го напаѓа великан, које е слеп. Да си претставиме еден  слеп слон или слеп лав. Бидејќи е слеп, можеш да го поразиш, кај што тој не очекува. Оној кој ја има благодатта на Светиот Дух, го знае слабото место на својот враг-тоа е егоизмот. Неговиот несмирен дух. Но, штом врагот намириса смирение, си оди осамен. Не го бркаме ние. Туку самото смирение.


http://pravoslaven-sviat.org/2015/06/16/%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5/

Преведе од бугарски: Маја Белева

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная