логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 лого

 

Кога навршив осум години, мојата баба на елката ми подари прекрасна тетратка со кожена корица и ми рече: „Еве ти албум, запишувај во него сè што ќе ти се чини умно и добро; и секој од нас нека ти напише нешто за спомен…“ Тоа беше разочарување!.. Толку сакав оловни војници, што дури и навечер ги сонував… И одеднаш – албум. Каква досада… Но дедо ја зеде мојата кожена тетратка и на првата страница напиша: „Ако посакуваш среќа, не размислувај за лишувањата; учи се да живееш без излишните нешта…“ Да, нему лесно му беше да вели: „не размислувај“… А јас до солзи бев навреден. Но, се помирив…

Јас тогаш не ни забележав колку длабоко ме допре тој одвратен животен совет, што ми го даде дедо. Прво не сакав ни да го слушам: тоа беше директно исмевање над мене и над моите војници. Но подоцна… И уште многу време потоа… Имав толку многу лишувања во животот… И секогаш кога нешто силно ми недостигаше или кога губев нешто омилено, јас размислував за кожената тетратка и за изреката на дедо ми. Јас и сега тоа го нарекувам „правило на среќа“ или „закон на оловниот војник“. Ми се чини дека овде е замешана и сказната на Андерсен „Истрајниот оловен војник“: малиот бил храбар – поминал низ оган и вода, и дури со око не трепнал…

А сега тој закон ми се чини дека е израз на вистинска животна мудрост. Животот е борба, во која сме должни да победуваме; а победник постанува оној, кој го остварува доброто и справедливото. Секако, тука се појавуваат искушенија и опасности, а секоја опасност во суштина е закана. Ако се разгледаат сите тие закани, тие сите се приближно еднакви: тие се закануваат со лишувања. Бидејќи т.н. „понижувања“ се, исто така, лишувања по прашањата на независноста, на признавањето од страна на другите луѓе и на животниот успех; тие лишувања, секако, се најтешки. Не можеш да се помириш со загубата на вистинското достоинство и почитта кон себе, но не можеш да го примаш на срце отсуството на успех кај другите, како и навредувањето и клеветата. Ние треба да умееме да живееме без животен „успех“, без „почит“ и без т.н. „слава“.

И ако јас се плашам од таквите и ним сличните лишувања, тогаш ќе морам да се откажам од главниот, предметен успех во животот и од победата во животната борба. Тоа што понекогаш го нарекуваат „силни нерви“ не е ништо друго, туку храбар однос кон возможните или кон веќе почнатите лишувања. Сè што ме загрозува, а притоа често само ме загрозува без да се остварува, претставува еден вид на лишување – лишување во областа на јадењето, пиењето, облеката, топлината, комфортот, сопственоста, здравјето итн. Човекот којшто си поставил себе сериозна животна задача, којшто има величествена цел и посакува предметен успех и победа, не треба да се плаши од лишувањата; храброста пред лишувањата и заканите е веќе половина победа или некаков положен „испит за победа“. Оној што трепери за своите комфорти и наслади, за својот имот и „спокојство“, тој на непријателот му го покажува своето слабо место, му ја пружа „ахиловата пета“ и наскоро ќе биде ранет во неа: ќе биде приклештен, обессилен, врзан и поробен. Му претстои животна пропаст…

Цел живот ни грозат лишувања. Цел живот нè вознемируваат мисли и грижи за возможните „загуби“, „штети“, понижувања и беди. Но, имено, во тоа и се состои училиштето на животот: во тоа е подготовката за успех, челичењето за победа. Она што од нас го бара тоа училиште е духовно преодоление на заканите и лишувањата. Способноста лесно да се поднесуваат грижите и лесно да се живее без она што недостасува спаѓа во уметноста на животот. Никакви штети, загуби, лишувања не смеат да нè вадат од душевната рамнотежа. „Недостига?“– „Нека недостига. Ќе можам и без тоа“. …Не смееме да го загубиме свештеното и суштественото во животот; не треба да се откажеме од главното за коешто се бориме. И сè она несуштествено, секојдневно, сите ситници на животот – не треба да нè ослепува, врзува, обессилува и поробува…



Уметноста да се поднесуваат лишувањата од човекот бара два услова.

Прво, тој во животот треба да има некоја возвишена, сеопределувачка вредност, која навистина ја сака повеќе од сè и која навистина ја заслужува таа љубов. Тоа и претставува она, како тој живее и за што се бори; она што го осветува неговиот живот и ја усмерува неговата творечка сила; она пред што сè останато бледее и се трга на заден план… Тоа е свештеното и осветувачко сонце на љубовта, пред чие лице лишувањата не се тешки и заканите не се страшни… Имено, таков е патот на сите херои, на сите верни, на исповедниците и мачениците…

И второ, на човекот му е потребна способност да го сосредоточува своето внимание, својата љубов, својата волја и својата замисла – не на она што недостасува, она од што е „лишен“, туку на она што му е дадено. Кој постојано размислува за она што недостига, тој секогаш ќе биде гладен, завидлив, заразен со омраза. Вечната мисла за губитоците може да го полуди човека или да го стави в гроб; вечниот трепет пред возможните лишувања го понижува него и го подготвува за ропство. И обратно: оној кој умее со љубов да го почувствува и доживее она што му е дарувано, тој во секоја животна ситница ќе наоѓа нова длабочина и убавина на животот, некаква врата што води во духовните простори; или – влез во тајната Божја градина; или – кладенец што штедро ќе му лие изворска вода од длабочините на битието. На тој човек му е доволен еден едноставен цвет, за да се допре до божествената твар и запрепастено да се преклони пред неа; нему, како на Спиноза, му е доволно набљудувањето на простиот пајак, за да ги постигне устројствата на природата во нејзината закономерност; нему му е потребен едноставен сончев зрак, како на Диоген, за да ја испита очигледноста и да се задлабочи во нејзиното доживување. Некогаш учениците го прашале Антониј Велики, како тој Го гледа Господа Бога? Тој им одговорил приближно вака: „Рано наутро, кога излегувам од мојата колипка во пустината, гледам како сонцето се крева, слушам како птичките пеат, тивкото ветренце ми дува в лице – и срцето мое Го гледа Господа и од радост пее…“

Со какво ли не богатство владее бедниот, ако тој умее да биде богат…

Тоа уште значи, дека лишувањата нè повикуваат кон сосредоточено созерцание на светот, така како некој таинствен глас да ни говори: „Во она што ти е веќе дадено е сокриено вистинското богатство; проникни во него, завладеј со него и живеј без сè останато што не ти е дадено, бидејќи не ти е потребно…“ Во сите нешта на светот има димензија на длабочина. И во таа длабочина има тајна врата кон мудроста и блаженството. Колку често зад „богатството“ се крие вистинска оскудност, јадна сиромаштија; а бедотијата може да биде вистинско богатство, ако човекот духовно завладеал со својата оскудна состојба…

Затоа не е добро човекот да биде без лишувања; тие му се потребни нему, тие можат да му донесат вистинско богатство, коешто поинаку не би го постигнал. Лишувањата го коваат карактерот, војнички го воспитуваат човекот за победа, го учат на самозадлабочување и му ветуваат дека ќе му го отворат пристапот до мудроста.

Јас не роптам на лишувањата и загубите што во животот ме постигнале: туку со благодарност си спомнувам на мојата кожена тетратка, која некогаш ме научи на „законот на оловниот војник“: таа ми ја одзеде некогаш посакуваната играчка, но ми го отвори пристапот до вистинското богатство. И од неа – не би сакал да се лишам во животот.

Иван Александрович Илин

Од книгата: Поющее сердце. Книга тихих созерцаний

Подготвил: Георгиј Глигоров

 

 

Извор

TVITer270

П.П.2019-04-11 20:51:23

18ти август 2021 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная