логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Uspenie.na.Presveta.w1

 Акатист на Успението на Пресвета Богородица


КОНДАК 1

Тебе, избраната од сите родови, избраната Божја Мајка и Царица, Која се искачи од небото до земјата, побожни песни Ти принесуваме, Тебе, ние Твоите слуги за Твоето пречесно Успение, Богородице; Ти која имаш победа над смртта, од сите смртоносни неволји избави нé, за да Ти повикуваме: Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

ИКОС 1

Ангел престател беше испратен да ú рече на Богородица, при Нејзиното надземно вознесение; и најавувајќи го Нејзиното доадање кај Неа на Нејзиниот Син и Бог, светло блескајќи заради Неа, и стоејќи, повикуваше вака:

Радувај се, преблагодатна Мајко на Царот!
Радувај се, небесна Царице, Мајко на Бога и Господа на небото и земјата!
Радувај се, возвеличена од полнотата на Твоето присуство при заминувањето на Синот Твој!
Радувај се, Богоизбрана од сите родови!
Радувај се, свето сместилиште на Словото Божјо!
Радувај се, исполнување на пророчките кажувања!
Радувај се, пречесен венецу на апостолите!
Радувај се, укрепување и сило на царевите!
Радувај се, украсу на светителите и добрино на свештениците!
Радувај се, издигнување на богомудрите монаси кон вишното Царство!
Радувај се, зашто ги отвораш рајските порти за родот христијански, кој секогаш Те ублажува!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

КОНДАК 2

Виде апостолскиот хор, како со длабока почит од крајот на земјата до небото, Пренепорочна, пред Твоето пречесно Успение, стојат свештеноначалниците: Дионисиј, небесниот тајник, Јеротеј, прекрасниот и Тимотеј со добар дел од свештенството, пеејќи Му на Бога: Алилуја!

ИКОС 2

Сето разумно создание и ангелските чинови дојдоа со својот Цар, Кој ја прими во Своите животодавни раце душата на Својата Мајка; Петар, кој имаше горешта вера, со многу солзи повика кон Неа, велејќи: Радувај се, Мајко на Создателот, Која заминуваш кон другиот свет!

Радувај се, зашто си земена од наднебесните и пошироки од небесата пространства!
Радувај се, зашто со Твоето вознесение ги освети четирите стихии!
Радувај се. Зашто со Твоето преминувње ги развесели небесните жители!
Радувај се, зашто беше примена во небесниот и прекрасен Ерусалим!
Радувај се, зашто со радост влегуваш во неракотворните храмови!
Радувај се, Царице на херувимите и серафимите!
Радувај се, Владичице на архангелите!
Радувај се, прибежиште и избавување на верните!
Радувај се, помош и заштито на Твоето наследство!
Радувај се, Застапничке пред Бога за сиот свет христијански!
Радувај се, предобра Дарителке на секакви блага!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

КОНДАК 3

Силата на Севишниот го грабна Тома од Индија, кој по Божја волја не беше присутен на пречесното Успение на Богомајката, и го постави пред живоприемниот Нејзин гроб, а тој, пак, се наведна очекувајќи да ја види преставената, па откако сфати дека Таа се вознела на небесата со тело, поверува и повика: Алилуја!

ИКОС 3

Имајќо во себе помисли ученикот, зашто по Божја промисла не беше заедно со другите при погребението на Богомајката, се израдува поради Нејзиното бесмртно Успение, повикувајќи ú вака:

Радувај се, зашто Твојот Син со рацете Те зеде од земјата!
Радувај се, зашто замина во висините за да се насладуваш со Неговата слава!
Радувај се, зашто си придружувана од сите ангелски чинови кон небесата!
Радувај се, зашто си носена од херувимите кон небесата и над небесата!
Радувај се, зашто си опкружена и ублажувана од сите небесни жители!
Радувај се, небо на земјата, возвишувано кон горните населби!
Радувај се, престолу Господов, вознесен од земјата во небесното царство!
Радувај се, наше претстателство и цврсто застапништво!
Радувај се, Посредничке на грешниците за спасение!
Радувај се, Царице на христијаните, и по Бога надеж на небесното царство!
Радувај се, Мајко на животот, и по Господа наша надеж на вечен жив!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

КОНДАК 4

Имајжи бура од невернички помисли евреинот Атониј, и гледајќи како апостолите го носат пречесното тело на Богомајката кон гробот, се обиде да го преврти; одеднаш, кога со ослепување на очите, неговите раце беа отсечени и останаа да висат на одарот, со вера Ја исповедаше Мајката Божја, повикувајжи кон Бога: Алилуја!

ИКОС 4

Ги слушнаа тајниците и очевидците на словото ангелите како пеат небесни химни, при погребението на богоугодното тело на Мајката Божа; и сакајќи да ú оддадат богоугодна чест, побрзаа заедно да ú запеат, велејќи:

Радувај се, зашто прими вест за Твоето преселување во небесното царство!
Радувај се, зашто од архангот Гавриил прими радосна рајска награда!
Радувај се, зашто го просвети пречесното мноштво херувими!
Радувај се, зашто ги израдува серафимите!
Радувај се, зашто беше предизобразена од патријарсите!
Радувај се, зашто беше претскажана од пророците!
Радувај се, зашто злобната дрскост на евреинот брзо ја казни!
Радувај се, зашто на истиот исцеление му подари!
Радувај се, зашто неверувањето на Атониј го претвори во вера!
Радувај се, зашто го прими неговото нелажно исповедање!
Радувај се, зашто кон небото ги возведуваш оние кои имаат љубов и вера кон Тебе!
Радувај се, зашто ги спасуваш оние кои со вера го повикуваат Твоето име!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

КОНДАК 5

Богоугодните ѕвезди – светите апостоли, во поднебесното раселување заради Евангелието, беа грабнати на облаци, по небесната шир, за да дојдан на погремението на Мајката Господова. Неа со пеења и песни ја придружуваа и со ангелските чинови повикуваа: Алилуја!

ИКОС 5

Kога Го видоа боговидците својот Владика, како ја прима во рацете душата на Својата Мајка, и откако сфатија дека Он е Господ, побрзаа со свештени химни достојно да ú воспеат:

Радувај се, Царице, Која Го носиш Царот над сé!
Радувај се, и Самата носена од Негоите Синовски раце! Радувај се, царски скиптару на Христовата десница!
Радувај се, во рацете на Ное, гранче на гулабица!
Радувај се, жезлу Aронов, кој изникна нетление!
Радувај се, крину невенлив, кој расцвета бесмртие!
Радувај се, на богоотецот Давид перо боговдахновено!
Радувај се, слово на неговите пророштва, псалтиру и гусло прекрасна!
Радувај се, оживотворен кивоту на светоста Господова!
Радувај се, во Господовиот покој наш воскреснат животу!
Радувај се, скинијо осенувана од херувимите!
Радувај се, Светињо на светињите, пофалувана од серафимите!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

КОНДАК 6

Богоносните проповедници – апостолите, по заминувањето на Божјата Мајка во оној свет, како што седеа на заедничка трпеза и принесуваа леб во името Господово, одеднаш ја видоа одозгора Царицата Богородица придружувана од светли ангели; и откако слушнаа како им принесув мир од Синот Нејзин и Бог, повикаа: Алилуја!

ИКОС 6

Од Твојата пречиста утроба ни засветли Сонцето на Правдата, Христос Бог, со волјата и добрата проповед на апостолите го просвети светот, и Тебе Богомајката од род во род Те прослави. Затоа и сите ние Те ублажуваме, повикувајќи Ти:

Радувај се, присноблажена од сите родови довека!
Радувај се, благоутробна и милостива кон лудето!
Радувај се, зашто го исполни ветувањето на соборот на учениците!
Радувај се, зашто со надгледувањето на Твојот Син и Бог, ним мир им подари!
Радувај се, љубов на светиите и слатко гледање!
Радувај се, на преподобните мајки и свети девственици весело радување!
Радувај се, зашто ја надминуваш рајската населба на праведните!
Радувај се, зашто ги посетуваш сите кои се во небесната слава!
Радувај се, почетоку на човечкото спасение!
Радувај се, исполнување на сите добри желби!
Радувај се, зашто по Бога Ти царуваш, Богородице Царице!
Радувај се, по Господа Владиката наш господаруваш, Ти, Господо и Владичице!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

КОНДАК 7

Оние кои сакаат со вера да влегуваат во Твојот свет храм, Богородице, и кои Те слават, секогаш ги спасуваш и избавуваш од секакви напади и неволји; затоа и на благоверните луде, кои секогаш Те ублажуваат, дај им победа над протиниците, и дај ни сé што ни е потребно за спасение, нам кои Ти се молиме и Му пееме на Бога: Алилуја!

ИКОС 7

Нова твар ни покажа, кога ни се јави преку Тебе, Богородице, Творецот на сé и Господ; Ти, пак, пеомислувајќи слично на Него за нас, кои чесно го почитуваме Твоето пречесно Успение, прими го ова од нас:

Радувај се, Мајко Божја избрана од земните!
Радувај се, повозвишена од земните и небесните!
Радувај се, зашто ги надминуваш херувимите и серафимите!
Радувај се, зашто со облаци го собра хорот апостолски на Твоето погребение!
Радувај се, зашто по Твоето погребение со силата Божја посебно го донесе Тома!
Радувај се, зашто преку него го потврди Твоето телесно преселување на небото!
Радувај се, зашто си украсена со убавината на сите добродетели!
Радувај се, зашто си близу до најпрекрасниот од сите синови човечки – Твојот Син!
Радувај се, зашто како феникс процвета со воскреснато тело!
Радувај се, зашто како кедар во небесниот Ливан се умножи!
Радувај се, дрво на животот, насадено среде вишниот рај!
Радувај се, духовен корабу, воздигнат во висините од смртниот потоп!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

КОНДАК 8

Познавајќи Те, помеду небесните, избрана Владичице, како сонце во наднебесните недомисливи убавини и наискажливи добрини, умилно подавајжи ги рацете кон Твојот Син и Бог, и прерадосно поклонувајќи ú се на Неговата живоначлна десница, постојано повикуваме: Алилуја!

ИКОС 8

Бивајжи целата земена горе кон небесата, и не оставајжи ја земјата, Богомајко, носена на Синовските раце, отиде во непристапните предели, во оној град сесветлиот и прекрасен небесен Ерусалим, опркужена од херувими, со сите небесни сили, каде што го слушна ова пеење:

Радувај се, зашто Твојата пресвета душа се вселува во вишниот сесветол Сион! Радувај се, зашто и Твоето нетлено тело таму, заедно со душата се прославува!
Радувај се, зашто влезе во престолниот град на Самиот Седржител!
Радувај се, зашто се вознесе во прекрасниот рај на вишниот Насадител!
Радувај се, зашто си пренесена во градот, основан од блескави камења!
Радувај се, зашто си воведена во оградата опркужена од небесните војски!
Радувај се, зашто си земена во Божјото благолепие над небесата!
Радувај се, зашто си почитувана повеќе од сите духовни умови!
Радувај се, зашто ги принесуваш пред Твојот Син и Бог молбите на верниците!
Радувај се, зашто и самата непрестано се молиш за сите пред престолот на Твојот Син и Бог!
Радувај се, Претстоителке пред Бога, Која го спасуваш светот!
Радувај се, Богодарувана Застапничке на родот христијански!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

КОНДАК 9

Секој ангелски чин Те превознесува, Богородице, сите човечки родови, пак, Те славиме како Мајка Божја, и го почитуваме Твоето пречесно Успение, Царице; зашто заради Тебе земните се соединуваат со небесните, заедно пеејќи Му на Бога: Алилуја!

ИКОС 9

Красноречието боговдахновените пророчки кажувања, сега гледаме како во Тебе се остварува, Богородице, заштво навистина Бога си ни Го родила во плот. Затоа верувајќи во таинството на Божјиот збор, повикуваме:

Радувај се, зашто си исполнување на Законот и пророците!
Радувај се, ѕвездо јаковова, пророкувана од Валаам!
Радувај се, одару на Великиот Цар, претскажан од Соломона!
Радувај се, руно оросено од Исуса, навесено од Гедеон!
Радувај се, несогорлива капино, предвидена од законоположникот!
Радувај се, горо света, пазена од Светиот!
Радувај се, небесна лествицо, предвидена од Јакова!
Радувај се, порто непроодна, провидена од Језекиила!
Радувај се, сонце на домот Христов, најавено од псалмопеачот!
Радувај се, таинство, различно проречено од пророците!
Радувај се, во Тебе се извршија сите кажани пророштва!
Радувај се, зашто исполни сé што беше од Севишниот предвидено за спасение!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

КОНДАК 10

Сакајќи да го спаси светот, Господ на сé од земниот род Те избра Тебе за Своја Мајка, и заради нас стана Човек. Се качи онаму, од каде што слезе, кон небото од земјата, и Тебе со Себе Те издигна за да пребиваш во вечна слава, и да царуваш со Него бескрајно. Затоа како Бог од сите слуша: Алилуја!

ИКОС 10

Крепост си на верните, Дево Богородице, и застапништво на сите кои прибегнуваат кон Тебе; зашто Создателот на небесата и на земјата низ Тебе со тело помина, Пречиста, со дух и тело Те пресели во небесата, за поблиску да се застапуваш за сите кои ги научи да Ти повикуваат:

Радувај се, граде на Великиот Цар, изграден врз небесните гори!
Радувај се, крепост и покрову кој не се криеш од нас кога Ти пристапуваме!
Радувај се, помошничке на верните цареви против непријателите!
Радувај се, зашто ги победуваш нападите на агарјаните!
Радувај се, непоколеблива пазителке на благочестивата вера!
Радувај се, разрушување на еретичките армии!
Радувај се, радост и умиление на светот!
Радувај се, зашто го победи сепогубниот пекол!
Радувај се, победнички венецу на оние кои целомудрено се борат против плотта!
Радувај се, сечесно прославување на маченичките подвизи!
Радувај се, Посредничке на блажено упокојување за преподобните!
Радувај се, на блаженонатажените монаси Дарителке на вечно радување!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

КОНДАК 11

Сите боговдахновени песни не се доволни за достојно да го воспееме Твоето сечесно Успение, сефална Владичице Царице Богородице; туку усрдно Тебе Ти го принесуваме, како Мајка на Царот на сите, ова наше смирено молење,со небесните чинови пеејќи Му на Единствениот, Кој достојно Те прослави, Бог: Алилуја!

ИКОС 11

Ни се јави на земјата како блескав светилник на вистинската светлина, просветувајќи ни ги душите, и нас, кои го почитуваме Твоето сечесно преставување нé водиш кон разум божествен, за да пееме вака:

Радувај се, свеќо неизгаслив на нематеријалниот оган!
Радувај се, незалезен зраку на невечерната светлина!
Радувај се, месечино осветлувана од Сонцето на правдата!
Радувај се, светлино која светиш во темнина!
Радувај се, светилнику постаен на возвишениот свеќник!
Радувај се, извору на живот од гробот, изведен во светот!
Радувај се, Мајко на духовната светлина, која ги просветува душите на верните!
Радувај се, Мајко Божја, Која ги утешува душите на озлобените!
Радувај се, Дарителке на непосрамен крај на животот, на оние кои се надеваат на Тебе!
Радувај се, наследство на Божјите и Твои слуги, зашто на судот на Твојот Син, ги поставуваш од Неговата десна страна!
Радувај се, Преблажена, зашто преку Тебе сме блажени и ние, имајќи Те за помошничка!
Радувај се, Преблагословена во сите родови, зашто Господ е со Тебе, а преку Тебе и со нас!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

КОНДАК 12

Кога ја видоа небесните духови благодатта на високопрестолната слава, која ú беше дарувана на небесата на Богомајката, удостоена со седење оддесно на Нејзиниот Син и Бог, Ја понесоа врз себе престолите и силите; Ја опкружија началата и властите, паднаа ничкум страшните херувими, серафими и господства, со архангелите и ангелите, повикувајќи: Алилуја!

ИКОС 12

Воспевајќи го Твоето сечесно Успение, сите ние го славиме Твоето заминување на небесата, Царице Богомајко; Ти, пак, освети ги, прослави и спаси ги сите кои со љубов Ти пеат:

Радувај се, зашто ја очисти земјата со стапките од Твоите пречисти нозе!
Радувај се, зашто го освети воздухот со Твоето искачување на небесата!
Радувај се, зашто се искачи на небесниот свод!
Радувај се, зашто ги гледаш сите небесни добрини!
Радувај се, зашто во слава седиш до престолот на Твојот Син и Бог!
Радувај се, убавино во десницата Господова, која ги украсува оние што Те ублажуваат со небесни дарови!
Радувај се, зашто со надежта во Тебе ги израдува сите жители на земјата!
Радувај се, облечена во сонце, која со благодат и слава го осветлуваш сиот свет!
Радувај се, зашто вети дека ќе ги чуваш и спасуваш сите оние, кои го повикуваат Твоето име на земјата!
Радувај се, од сите христијански родови почитувана како Мајка Божја, и нарекувана Богородица!
Радувај се, од истокот на сонцето до запад, преславно и православно славена од сите благочестиви!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

3.angeli.so.truba

КОНДАК 13

О, севоспеана Мајко на Бесмртниот Цар на небесата и земјата, Христос нашиот Бог, Која живееш и по смртта, прими го приносов што денес Ти го принесуваме за Твоето сечесно Успение, во овој живот и при нашето смртно заспивање, избави нé од секој напад, неволја и несеќна, удостој нé, Царице, со небесното царство, нас, кои Ти повикуваме: Алилуја! (овој кондак се кажува три пати)

Друго:

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная