Сожалувајќи се на солзите на Марта и Марија, си заповедал да го тргнат каменот од гробот, Христе Боже; со Твојот повик го воскресна мртовецот, Ти Кој на светот му даваш живот, утврдувајќи ја со Себе верата во воскресението. Слава на Твојата сила, Спасителе; слава на власта Твоја, слава Ти Тебе, Кој со Својот збор си создал сѐ.
Бидејќи веќе наближуваше спасителното страдање, требаше да се даде посигурно уверување во тајната на воскресението. Исус престојуваше од другата страна на Јордан, каде што најнапред ги воскресна Јаировата ќерка и синот на вдовицата. Погоден од тешка болест, умре и Неговиот пријател Лазар. Исус беше далеку, но им рече на своите ученици: „Лазар, нашиот пријател заспа"
"Видите ли некој да озборува, да сплеткари, да оцрнува некого, тој нема ништо со Христос.
Па, макар и ако зборува, со злоба и презир, против непријателите на Црквата,
тој нема ништо со Христос – ви гарантирам."
Треба да се запрашаме што пречистата дева Марија, како наша молитвеница пред трансцедентниот „престол“ на Севишниот, а и во и преку силата на Духот Свет, гледа, кога ја гледа Црквата на нејзиниот Син и нашиот Спасител Исус Христос во Скопје, Македонија, па и регионот!
Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и животворен крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се распнуваме, умртвувани од страстите, паѓајќи во униние имаме чувство на жалост, ни се предлага чесниот и животворен крст за да не поткрепи и утврди и утеши, потсетувајќи не на страдањата на нашиот Господ Исус Христос.
Нека се веслат небесата и нека се радува земјата, зашто Совечниот, собеспочетен, и Сопрестолен Син на Отецот, поради Својата милост и човекољубие, се понижи, по благоволение и совет на Отецот, се всели во девствената утроба, од Духот предочистена.
Празникот Благовештение на Богородица е воедно и Господов и Богородичен празник. Господов е бидејќи се однесува на Христа Господа, Којшто беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен е бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе во зачнувањето и вочовечувањето на Логосот Божји, т. е. се однесува на Пресвета Богородица.
Некогаш во сетилниот Рај човекот се оддели од Бога, а овде во Црквата, преку Богородица, тој се соединува со Него. Некогаш змијата ѝ шепотеше на Ева, на грев наведувајќи ја, а еве, сега, Архангелот Гавриил, со блага вест Дева ја поздравува, соопштувајќи ѝ за Овоплотувањето кое во неа треба да се изврши.
Огромно и неприкосновено е значењето на Богородица во животот на Црквата. Таа е Онаа која Му ја даде човечката природа на нашиот Господ Исус Христос; Онаа во која видовме чудесен спој на сите добродетели; Онаа која го исправи старозаветниот престап - преку Ева влезе гревот во човекот, а преку Дева дојде Спасението негово.
Дева Марија зазема “повисоко место” во животот на Црквата од сите создадени битија, бидејќи преку неа се осветува целото создание и таа е посредник (ὑπουργὸς) и соучесник во Божјата икономија. Богородица посредува Логосот да стане човек, заради обнова и спасение на човечкиот род. Дева Марија “даде” од нејзиното тело за да се воплоти “Новиот Адам”, Логосот Божји, Господ Исус Христос.
Кратката, најгорна греда го претставува натписот закован на Христовиот Крст, кој гласел: ОВА Е ЦАРОТ ЈУДЕЈСКИ (Лука 23,28; во Евангелието според Јован натписот гласи: „Исус Назареецот, Цар Еврејски“).
Долната, искосената греда од распетието, е за потпора на нозете. Сите распетија ги имале овие потпори, зашто никој не можел да биде прикован на крст само со клинци. Суровата смрт на
O, велик Христов угоднику, свет човеку Божји Алексеј, ти кој со душата на Небесата пред Престолот Господов стоиш и со даруваната ти благодат од горе вршиш различни чуда! Погледај милостиво на луѓето кои стојат пред твојата света икона и со умиление се молат и бараат од тебе помош и застапништво.
Дека овој голем светител среќавал чести и бројни искушенија, треба да прифатиме, и на тој начин ни се покажува навистина совршен. А оние работи, кој ум може да ги сфати, кој збор може да ги изрази овие до-тогаш нечуени сплетки ковани од лутиот непријател, поткажувањата и клеветите на новите непријатели на Бога против него,
Нo кoлку штo сe дoвeруваш на Бoга, тoлку биди вниматeлeн кoн нeпријатeлoт, кoн тeлoтo, свeтoт и дeмoнoт. Сeтo тoа пoдoбрo гo изразил чудниoт Бoжји свeтитeл Eфрeм Сирин, вeлeјќи: “Вo примањeтo на Бoжјитe запoвeди имај прoстoтија, а вo oдбивањeтo на прoтивничкитe сплeтки – биди лукав (гулаб и змија)”.