логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



ГЛАВА II

Препознавањето на Христа Бога

А) ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Јован, синот на првосвештеникот Захарија што го доби со својата стара сопруга Елисавета — за која се велеше дека е неплодна —, е роден шест месеци пред Исуса. Кога порасна, тој се повлече во пустињата за да може подобро да го слуша тивкиот глас на Бога. Беше облечен во кожа од камила и опашан со појас од кожа, како што и до денешен ден носат монасите, во спомен на св. Јован Крстител.
Токму таму Јован, најголемиот меѓу пророците, ја прима истата вест што ја примил Исаија: „Оној врз кого ќе видиш дека слегува Духот и застанува над Него, Тој е Оној што крштева со Дух Свети" (Јован 1, 33). Значи, Бог сака Јован да знае, како што тоа го направил седум века порано со Исаија, дека знакот што ќе му овозможи да Го препознае и признае Синот за Бога, знакот кој ќе го направи очигледно и јавно Неговото помажување (миропомазание или месијанство), ќе биде слегувањето и останувањето на Духот врз Него. Помажувањето ќе стане видливо, но тоа нема да биде помажување со масло. И излевањето масло врз главата на Давида беше само видлив белег за невидливото слегување на Светиот Дух. Но сега Јован ќе Го види Самиот невидлив Дух додека Го помажува Оној што Бог ќе Го назначи за свој Избраник, Оној што Го избира вечно да владее на престолот Давидов.

Б) КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУСА

Теран од Духот Божји, Јован оди на реката Јордан и, ете, последниот од пророците на Стариот Завет доаѓа да го најави скорото доаѓање на Царството Божјо, односно на Царството чиј Цар ќе биде Помазаникот (Христос) Божји, и да проповедува покајание, зашто само покрстените, оние што се оттргнуваат од злото и се враќаат кон Бога ќе можат да земат удел во него: „Покајте се, зашто наближува Царството Божјо", не престанува тој да повторува. Сите оние што се обраќаа кон Господа, тој ги подготвуваше да влезат во Царството Божјо, измивајќи ги нивните гревови со потопување во водата, крштевајќи ги во Јордан.
И, ете, Исус од Назарет доаѓа кај него. Евангелистот Матеј ни вели дека Јован не се сметал себеси достоен да Го крсти. Значи, Јован Го познава Исуса. — Ако на друго место вели „ Јас не го познавав", тоа е затоа што д отогаш тој не знаел дека е Он Избраникот Божји. — Меѓутоа, Исус настојува да биде крстен „за да се исполни секоја правда", и додека Јован Гокрштева, „Гогледа Духот вовид на гулаб какослегува од небото и останува на Него".
Тоа е очекуваниот знак. Тоа е, значи, Исус — Оној што е помажан од Духот Божји; тоа е Исус Христос: и, ете, од небото се чу глас: „Ти си мојот возљубен Син, Кој е по мојата волја".
Јован сфатил, Јован Го препознал Месијата, Христа и сведочи дека ветувањето е исполнето, дека доаѓањето на Месијата се остварило. Тој му вели на народот: „Видов и сведочам дека е Он Избраникот Божји".
Тој ќе се сети дека Исаија рекол: „Он беше ранет за нашите престапи, биен за нашите беззаконија, казнет заради нашиот мир, и благодарение на Неговите рани ние се исцеливме... како невино Јагне беше одведен на колење... заради нашите гревови беше убиен" (Исаија 53, 5 — 8), и затоа, изедначувајќи Го Исуса со овој Слуга што страда, Јован ќе додаде: „Ете го Јагнето Божјо Кое ги зема гревовите на светот", резимирајќи ја однапред службата на Месијата — слуга кој страда, јагне жртвувано за гревовите на светот.
Од тој момент, некои луѓе од Галилеја — Андреј, Јовзн, потоа нивните браќа Симон-Петар и Јаков, потоа Филип и неговиот брат Натанаил, ќе се приврзат кон личноста на Исуса. По крштението на Исуса, Андреј ќе извика: „Го најдовме Месијата, односно Христа", а Филип ќе му рече на својот брат Натанаил: „Го најдовме Оној за кого се зборува во законот Мојсеев и во пророците, тоа е Исус од Назарет" (Јован 1, 41 — 45). Затоа по неколку год ини, кога Симон — Петар ќе му ја пренесе Благата Вест на Корнилија, римскиот офицер за кого ни зборува книгата Дела апостолски (10, 37), ќе си спомне за решавачкиот настан кој беше почеток на големото доживување — кое и самиот него ќе го одведе до мачеништво во Римскиот Колосеум — и тој ќе му рече на Корнилија и на неговите другари: „Знаете што се случи во цела Јудеја: Исус од Назарет, Неговите почетоци во Галилеја по крштевањето што го проповедуваше Јован, како Бог Го помажа со Духот Свети исовласт..."
Затоа и сите евангелисти: Мзтеј, Марко, Лука и Јован, ни го раскажуваат крштевањето на Исуса и ни го пренесуваат сведоштвото на Јован Крстител (Матеј 3, 16-17; Марко 1, 9-11; Лука 3, 21 -22; Јован 1, 32-34), додека само Матеј и Лука ни го раскажуваат раѓањето на Исуса. Всушност, дури по Неговото крштевање, Исус му бил покажан на светот како Христос и Син Божји. Неговото крштевање е Неговото манифестирање, Неговото Објавување (Епифанија), тогаш поверувале во Него и неговите први ученици, односно, тие го познале во Него очекуваниот Месија (Христос). Не дека Он станал Месија во тој ден (како што тврделе некои еретици), туку Синот е Христос од вечност. Он не станува тоа, бидејќи Духот Свети почива на Него од секогаш. Уште седум векови пред Неговото крштение по тело — како што видовме —, Синот Божји велеше преку устата на пророкот: „Духот Господов е на Мене", но дури во денот на Неговото крштевање оваа вечна реалност им е покажана на луѓето. Затоа и Црквата толку свечено го слави Крштевањето на Исуса: тоа е големиот празник Богојавление (на грчки Епифанија или Теофанија) на 19 јануари (б јануари по стар стил).

В) ОБЈАВУВАЊЕ НА СВЕТА ТРОИЦА

Крштевањето на Исуса не е само Негова манифестација пред светот како Христос, Негово Објавување (Епифанија): Крштевањето Го манифестира како Син Божји и, на тој начин, тоа е „Богојавление" — објавување на Бога, бидејќи ни ја открива големата тајна на Бога, Светата Троица.
Навистина, Јован го видел Духот Свети како слегува на Исуса во вид на гулаб и како останува на Него. Зборот „оста¬нува" кажува дека, од секогаш, Светиот Дух почива врз Оној чиј глас, кој дојде од небото, велеше: „Овој е Мојот возљубен Син".
Затоа свети Кирил Ерусалимски ни вели дека, објавувајќи Го Исуса за Христа, Крштението на Исуса во исто време ни ја открива тајната на Божествената Троица: всушност, за да има еден Христос, Помазаник — Син —, треба да има некој што ќе Го помаже, Отецот, и некој што ќе биде помажувањето — Светиот Дух Кој почива на Него. Затоа не можемеда мислиме на Христа без да мислиме на Оца и на СветиотДух; без Нив, зборот Христос не би имал смисла. Не можеме да Го исповедуваме Исуса за Христа без да Го исловедуваме едниот Бог како Бог во три лица.
Честопати си правиме погрешна претстава за Бога: понекогаш ни се чини дека Отецот би бил Бог на Стариот Завет, потоа дека Синот дошол да Го замени во Новиот Завет за време животот на Исуса; најпосле би бил редот на Светиот Дух во сегашно време на Црквата, а за животот на Исуса би се сеќавале само како на историско минато.
Да, тешко ни е да си ги претставиме трите лица во еден единствен Бог Кој делува во светот со една единствена волја. Какода ја доближиметајната на Светата Троица?
Повторно да се вратиме на крштевањето на Исуса, кога Исус излегува од водата. Веќе пишувавме за тоа: Јован Крстител Го гледа Христа на Кого почива Духот и го слуша гласот на Отецот Кој го наречува Исуса „Возљубен Син": Јован признал еден единствен Бог во три лица. Токму на Јордан, за првпат, се манифестирала Светата Троица. Црквата тоа ни го опишува со иконата како и со песната на празникот Богојавление.

ИКОНАТА

Исус е потопен во водата, би се рекло дека Он го проникнува целиот свет за да го измени со своето присуство, да го осветли со својата Светлина, да го просвети, за да го освети.
Сосема горе, една Рака го претставува Оној што помажува, Бог Отец, невидлив но чиј глас сведочи за Исуса, именувајќи го возљубен Син.
Гулабот го претставува Светиот Дух Кој ја потврдува вистината на сведоштвото, застанувајќи и останувајќи на главата Исусова: тоа е „помажувањето". Најпосле, Синот, Оној што е помазан, Исус, е потопен.

ПЕСНАТА

Тропарот, празничната песна на Богојавление, ја обработува истата тема:

Кога се крштеваше во Јордан, Господи,
се јави поклонувањето на Света Троица,
зашто гласот на Отецот сведочеше за Тебе,
именувајќи Те „возљубен Син",
и Духот, во вид на гулаб,
ја потврдуваше вистината на Словото
Христе Боже, Ти Кој си се јавил
и светот си го просветил, Слава Ти!
(Тропар на Богојавление)

Во оваа празнична химна не е споменат свед окот, свети Јован Крстител. Се чини како да исчезнал за да не остави сами, лице в лице со тајната на Света Троица. Тоа ја подвлекува улогата на Јован Крстител, Претеча, оној што ни посочува каде да Го најдеме Бога и не подготвува да Го примиме со покајанието, а потоа се повлекува.
И навистина, Јован, пријателот на Младоженецот14, подоцна ќе рече: „Еве ја мојата радост, таа е сега совршена. Он треба да расте, а јас да се смалувам" (Јован 3,29-30).
Што да се каже за Света Троица? Како да и се пријде на оваа тајна? Ниту еден прирачник, ниедна книга, нити час по вероучение не би можеле д а ја објаснат тајната за Бога во три лица. Постои голем ризик со зборови да се деформира она што е неискажливо, со човечки категории, ограничени со разумот, да се намали вечниот Бог. Само молитвата и почитувањето можат да ни помогнат да проникнеме дел од Вистината за Бога Кој е еден во три лица.
За да се доближиме до овој тежок предмет, ќе се послужиме со едно мошне големо уметничко дело, иконата на Света Троица од Андреј Рубљов. Овој многу талентиран сликар, кој е истотака и човек од молитва, ќе не води кон размислувањето (контемплацијата) за единствениот Бог во три лица.

ИКОНАТА НА СВЕТА ТРОИЦА

Андреј Рубљов, иконограф (сликар на икони), руски монах од XV век, ја насликал Света Троица. Тој не ја измислил сликата на Св. Троица, туку го илустрирал расказот од книгата Битие каде таинствените три ангела го посетуваат Авраама. Ова јавување кај Мамврискиот даб, за кое веќе зборувавме во првата глава, е слика на Св. Троица, праслика на едниот Бог во три лица, Кој ќе дозволи да биде отворено познаен дури на реката Јордан, за време крштевањето на Исуса. Спомнете си за разговорот со Авраама: патријархот им се обрнува на ангелите де со Ти, де со Вие. Тоа не е она Вие што го велиме од учтивост, кое тогаш не постоеше, туку е множина. Оваа наизменичност во говорот веќе ни помага да го погодиме ЕДНИОТ од Тројцата, зашто се чини дека Авраам еднаш Му се обрнува на едниот Бог, еднаш на трите божественилица.
Илустрирајќи еден библиски текст, Рубљов не ризикува да ја деформира божествената тајна со својата лична имагинација, бидејќи иконографите не ги измислуваат по волја на својата фантазија презентациите на Бога, а секогаш се мошне верни на Светото писмо.
Всушност, кога секој човек би измислил некоја претстава за Бога со помош на својата имагинација, колку и да е творечка, ние би имале мошне човечки претстави за Бога, подложни на промените на вкусот од секоја епоха; „боговите-Отец", старци со брада, кои излегуваат од облак зар не се стара и демодирана игра? Опасноста е голема повторно да се вратат идолите од старо време, кои се проекција на човекот за Бога: Бог според образот на човекот, а повеќе не големата тајна на човекот создаден по образ Божји. Затоа верноста на нашите сликари иконографи на Преданието, нивната потчинетост на претставувањето на Бога дозволено од Црквата, ги спасува од заблудата и им овозможува да не ја предадат втората заповед: „Неправиидоли".
Од една класична икона, од една често повторувана тема во Црквата, Андреј Рубљов направил мошне големо дело, истовремено бисердело на уметнички план и сведоштво на молитва. Насекаде наоѓаме репродукции на иконата на Света Троица. Се чини дека христијаните од сите конфесии ја познаваат и ја сакаат. Дури и атеистите (оние што не веруваат во Бога) ја признаваатубавината и силата што произлегува од неа. Оваа икона е навистина чудотворна, зашто таа им наложува молчење со почит и на оние што се најнепријателски расположени спрема религијата и ги тера да ја почитуваат.
 

vozdvizenie.jpg

СИМВОЛОТ НА ВЕРАТА

Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител,
Творец на небото и земјата,
на се видливо и невидливо.

Иво едниот Господ Исус Христос,
Син Божји, Еднороден,
Кој е роден од Оца пред сите векови:
Светлина од Светлина,
вистински Бог од Бога вистински,
роден, нестворен, едносуштен на Оца,
преку Кого се станало.
Кој, заради нас луѓето
и заради нашето спасение,
слезе од небото и се овоплоти
од Светиот Дух
и од Марија Дева
и стана Човек.
Кој беше распнат заради нас
во времето на Понтиј Пилат,
страдаше и беше погребен.
Кој воскресна во третиотден, според Писмото,
и се вознесе на небо,
и седи оддесно на Оца.
И пак ќедојде со слава
да им суди на живите и на мртвите
и Неговото царство не ќе има крај.

И во Светиот Дух
Господ што дава живот, Кој излегува од Оца,
на Кого се поклонуваме и го славиме
заедно со Оца и Сина
и Кој говорел преку пророците.
Воедната, света, соборна и апостолска Црква.
Исповедувам едно крштение
за опростување на гревовите.
Го чекам воскресението на мртвите
и живототна идниот век.
Амин.

Всушност, Светата Троица од Рубљов се наоѓа во еден Државен музеј, а не во една Црква. Може да се види во галеријата Третјаков, во Москва, во СССР. Секој ден пред нашата икона минуваат илјадници туристи кои ништо не знаат за Бога или, пак, само Го мразат, се подбиваат, или се индиферентни спрема Него. Сепак, никој не минува без да се запре пред оваа икона на Света Троица. Секому од нив таа му пренесува едно делче од визијата за Бога. Како што сонцето ги осветлува добрите и лошите, Бог осветлува секој човек со Својата љубов, дури и ако овој ја одбива.
Молчење се наложува пред оваа икона, како пред тајната на Света Троица. Сепак, ќе се обидеме да и се доближиме со помош на молитвата, бидејќи за Андреј Рубљов, оваа икона е молитва, исповедување на верата и оддавање почитна Бога.
Да го земеме текстот од Символот на верата и да го ставиме крај една репродукција на Св. Троица. Во очи паѓа тоа дека сликата е компонирана по истиот план како и исповедувањето на верата: „Верувам во едниот Бог".
Рубљов го изразува единството истовремено со сличноста на трите ангела и со единствениот круг во кој се впишуваат трите личности. Се она што се однесува на Отецот е мошне кратко во Символот, зашто Он е несознателниот, Оној за кого не знаеме речиси ништо. На иконата, првиот ангел, оној од левата страна, е од три четзртини, бојата на неговата облека е мошне бледа, необјаснива, речиси проѕирна.
Текстот се одвива како на иконата, задржувајќи се на Синот најмногу време. Вториот ангел ни е свртен со лицето, ни се покажува поцѕлосно. Ние знаеме многу работи за Синот, зашто Он се овоплотил, дозволил да биде запознаен и да биде виден. Неговата облека има чиста и јасно одделена боја, сина и кафеава. Тоа ги изразува двете природи на Христа. Сината го симболизира небото, божеството. Кафеавата, тоа е земјата, човештаото. Исус е истовремено и Бог и човек. Зад централниот ангел се издига едно дрво, неговите корени се насадени во земјата, а гранките се стремат кон небото. Тоа е крсното дрво кое, преку Христа, станува дрво на живот во Рајот.

Адам умре затоа што јадеше од плодот на дрвото.
Но во Крсното дрво повторно го најде животот,
со чија помош, о Милостиве, тој повторно ужива
во рајските наслади.
Поема од Теодор, Триод
(петок од петтата недела на постот.)

Кога зборува за Светиот Дух, Символот повторно ста-нува краток и збиен, бидејќи за третото божествено Лице, кое ни дава живот, конкретно и историски, малку работи можат да бидат кажани. Неговото дејство е секогаш скриено и таин-ствено. Третиот ангел, како и првиот е од три четвртини. Бојата на неговата облека ја симболизира силата на животот. Зелената, која доминира, ја изразува младоста, животната сила која дава да расте и да постои секое нешто.
Кругот од трите ангела завршува и повторно не се затвора. Се чини дека овој круг се отвора спрема чашата (путирот) што е поставена на масата. Последниот дел од Символот е посветен на Црквата: тоа е местото каде што се наоѓа путирот за Евхаристијата и сите луѓе, преку Крштението, се повикани на гозбата од Вечниот живот, а Животот вечен е да се влезе и да се живее во прегратките на самата Св. Троица.
Со ова претставување на Светата Троица, ние сме далеку од првата икона, онаа што ја викаме „гостопримство Авраамово".
Свети Андреј доброволно ги отстранил Авраама и Сара, зашто веројатно се сетил на зборовите Христови: „Јас постојамуште пред да се роди Авраам" (Јован 8, 58). Овие зборови ја изразуваат вечноста на Бога, вечност што ја делат трите лица од Св. Троица...
Нашата студија за оваа прекрасна икона ќе ја завршиме, како што веројатно тоа го направил и Рубљов откако ја насликал, со најчистата молитва, молитвата на обожување, онаа на ангелите, серафимите и херувимите, пеејќи ја трисветата песна на животворната Троица:
„Свет, Свет, Свет е Господ Саваот!"

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: прф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная