Чиракот
Еден патрициј, раскажуваше старецот, отиде кај златарот и му нарача да искова крст со скапоцени камења, за да го принесе на Црквата. Златарот пак, работата му ја довери на чиракот, кој беше многу побожно момче, па откако се фати за работа си помисли: “Кога толкав имот се принесува на Бога, зошто и јас не би помешал во овој крст и свој прилог, да ми го смета Христос како двете лепти на онаа вдовица” (Мк 12:42; Лк 21:2).
И размисли колкав прилог може да даде и го помеша она малку злато што го имаше со златото што му беше дадено за крстот. Дошол патрицијот пред момчето да почне да ги вградува скапоцените камења, го измерил крстот, па беше видел дека во него има повеќе злато од тоа што тој го дал. Налутен почна да се заканува, обвинувајќи го златарот дека направил штета на неговото злато, мислејќи дека е измамен, односно дека неговото висококаратно злато е украдено за сметка на слабото злато од златарот. На тоа чиракот одговори:
- Оној Кој единствен ги познава срцата знае дека ништо такво не сум направил. Туку видов колкав имот Му принесуваш на Христа, па помислив и јас да дадам свој прилог, да ми го прими Христос како двете лепти на онаа вдовица.
Патрицијот се замисли и рече:
- Бидејќи така помисли и со добра намера си придодал во дарот за Христа сакајќи да имаш удел со мене, еве, од денеска те нарекувам свој син и наследник.
И го зеде со себе и го направи наследник.
Избор: НДД