Македонската уметница Ирена Паскали, од неодамна изложува во "Галерие им Турм" во Келн. Изложбата пред германската публика ја отвори Кристијане Кенинг, доктор по мултимедијални уметности и филм. Проектот "Треппенхаус" е циклус на 30 фотографии со видео проекција, работени во периодот 2007-2009, во Келн.
Главните мотиви на изложените фотографии се скалилата како симбол на нашето животно искачување и пропаѓање. Тие во исто време, според Паскали, се и желба за вечно стремење кон нешто поубаво, но, секогаш со можност за брзо и несакано симнување.