Лукашенко: Ако ги изгубиме христијанските вредности – губиме сè
05 јуни 2014
Белорускиот претседател Александар Лукашенко вели дека е недопустливо даLuqashenqo.jpg се исфрлат христијанските вредности од животот на луѓето.
„Денес треба да сме обединети како никогаш порано, бидејќи денес има сериозен напад против најважното нешто што секогаш нè обединувало и што нè воспитало. Тоа е напад против самиот темел на кој се засновани нашите животи, напад против христијанските вредности“, изјави претседателот на средбата со учесниците во Европскиот Православно - Католички Форум.
„Треба да ги браниме христијанските вредности по секоја цена. Ако ги изгубиме, губиме сè“, рече водачот на државата.
Тој уверува дека Белорусите биле и ќе бидат едно од основните јадра во темелот на христијанството, бидејќи овие вредности се наоѓаат во темелот на развојот на земјата.
Извор: Πравмир
Извор: Бигорски манастир