Сабота, 19 Јули 2014 13:23
Е-пошта Печати PDF
02a_sv_zlata_meglenska_640На Хорската олимпијада, која годинава се одржа по осми пат, учествуваа повеќе од 460 хорови од 60 земји ...
Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ освои два златни и еден сребрен медал нa Светските хорски игри кои се одржаа од 9 до 19 јули во Рига, Летонија, европската престолнина на културата за 2014 година.
Со поддршка на Министерството за култура, хорот „Света Злата Мегленска“, како единствен претставник од нашата земја, се натпреваруваше во три категории, и тоа: световна музика, црковна а-капела и фолклор.
На овој значаен натпревар во хорско пеење нашите претставници освоија златни медали во категоријата световна музика, во конкуренција од 34 хорови, и во категоријата фолклор, каде што се натпреваруваа со 38 хорови од разни земји во светот. Сребрениот медал, пак, го обезбедија во категоријата црковна музика каде што настапија во конкуренција од 36 хорови од: Русија, САД, Германија, Кина, Шведска, Летонија, Јужна Африка, Венецуела и Романија.
Извор:
http://www.kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/1531-dve-prvi-mesta-i-edno-vtoro-za-horot-sveta-zlata-meglenska-vo-riga