Ерата на дигиталната медицина само што дојде чекор поблиску до реалноста. Во САД, Дирекцијата за Храна и Лекови (FDA) за прв пат во историјата одобри сварлив уред – микрочип во големина на зрно песок кој може да се вметне во лековите за да се гледа реакцијата на дадениот третман.
Лековите појачани со овој микрочип можат да се користи за лекување на сè, од туберколоза отпорна на лекарства до дијабетични заболувања. Како всушност функционира оваа дигитална пилула? Самиот сензор е направен од мал силиконски чип кој содржи траги од магнезиум и бакар. Кога пациентот ја голта, пилулата генерира мал напон кој реагира на дигестивните сокови. Напонот испраќа сигнал до налепница носена од страна на пациентот, кој ги пренесува релевантните информации до соодветен мобилен уред.
Ако ова ви звучи како нешто од научно-фантастичен филм, подгответе се за цел нов свет на здравствената заштита. Постојат слични технологии во фаза на истражување кои вклучуваат уреди кои можат да се имплантираат и кои безжично инјектираат лекови по однапред утврден пат и сензори кои можат да достават електрокардиограм до смартфон.
Дали Вие би се чувствувале удобно да голтнете дигитална пилула?
Подготвила:Христина Василева
http://www.fakulteti.mk/news/12-08-04/zapochnuva_erata_na_digitalnata_medicina.aspx