Мисли за доброто и злото од владика Николај Велимировиќ (1)
Големото тркало се врти поспоро, но го стигнува малото тркало кое се врти побрзо. Што е поголемо тркалото тоа е поспоро вртењето, а што е помало тркалото тоа и вртењето е побрзо. Ова важи како за тварите, така и за луѓето.
Најголемо тркало во човековата душа е Бог. Неговиот обем не се гледа, ниту се слуша неговиот од буката на малите тркала. Но кога сите мали тркала во душата ќе се стивнат, душата дури тогаш се гледа во неизмерното боженствено тркало со кое е опфатено небото и земјата.


























