логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Татковска љубов
Протоереј  Џон В. Харденбрук


Постои само една вистинска љубов: љубовта на Бога Отецот. Кога размислуваме за Бог Отецот, Кој е извор на целата таа љубов, ќе откриеме  дека Он е првиот зачетник на љубовта. Бог е љубов. Пред создавањето, постоела љубовта Божја, која се излеала помеѓу божествените личности на Света Троица. Љубовта мора да има свој објект. Љубовта не може да егзистира во изолација. Долго време пред создавањето на луѓето, љубовта на Отецот ги имала Синот и Светиот Дух како свои вечно љубени. Во времето на Воплотувањето, Отецот покажа љубов кон Својот Син Исус Христос, велејќи: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја“ (Марко 1, 11).

Господ Исус Христос го потврди првенството во љубовта на Отецот, кога рече: „им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта (љубовта на Неговиот Отец) со која Ме возљуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив”  (Јован 17, 26).

Отецот најпрво ја имал љубовта кон (Својот) Син, а потоа и кон Своето создание: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син“ (Јован 3, 16). Еден од Христовите ученици ја објави оваа добра вест - дека Отецот е зачетник на љубовта кон нас - кога рече: „Гледајте каква љубов ни дал Отецот – да се нарекуваме чеда Божји и такви да бидеме“ (1. Јн. 3, 1).

Во Светото Писмо пишува: „Ние Го сакаме, бидејќи Он порано не засака“ (1. Јн. 4, 19). Нема причина да се сомневаме. Земските татковци едноставно мора да го следат примерот на Бога Отецот, а потоа, правејќи го првиот чекор, да ги поттикнат делата на љубовта кон своите сопруги, деца, пријатели, ближни, па дури и кон своите непријатели.

Бидејќи нивна е одговорноста да ја поттикнат љубовта, а бидејќи таа не зависи од субјективните чувства, мажите се ослободени од тешкиот товар на исчекување на силен емотивен набој пред да го направат првиот чекор. Не прифаќајќи ја состојбата на пасивност и незрелост која би ги сопнувала, мажите избираат да ја поттикнат љубовта без разлика дали постои емотивна желба за тоа или не. Да ја избереш (љубовта) и да ја поттикнеш таа љубов кон луѓето значи вистински да се дејствува како човек. Бидејќи љубовта навистина е прашање на избор, Бог може, па и навистина им дава заповед на мажите да ја поттикнуваат: „Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата“ (Ефес. 5, 25).

Многу луѓе и жени се изненадени кога ќе слушнат дека во Светото Писмо им се заповеда на мажите безусловно да ги сакаат своите жени, додека на жените не им е заповедано безусловно да ги сакаат своите сопрузи. Кажано им е дека сопрузите се толку силно насочени кон љубовта, бидејќи имаат помала љубов, отколку жените. Тоа би можело да биде вистина кога станува збор за модерните американски мажи, но ваквата анализа очигледно не ја погодува суштината на Божествените заповеди.

Заповедта за љубовта е дадена на мажите, бидејќи тие, како и нивниот небесен Отец, би требало да се иницијатори на љубовта и на тој начин да ја исполнат својата татковска улога. Меѓутоа, модерните, феминизирани мажи со голема мака успеваат во тој поглед да го следат примерот на Отецот. На некои од нив трагично им е непознат фактот дека тие треба да бидат зачетници, додека други едноставно не сакаат да бидат вознемирени со тој напор кој бара такво нешто.

Многу мажи, всушност, фантазираат за жени кои секогаш би биле иницијатори. Оваа принудна потреба да се биде на страната на која се прима љубов, искрено кажано, е еден од начините да се провери дали е мажот феминизиран или не е. Ако тој во себе наоѓа потреба да му се угодува и да биде поддржуван од своето семејство и пријатели, ако постојано изискува одобрување од другите, тој несомнено има тешкотии да ја поттикне љубовта кон другите. Тоа е неволја на голем број мажи. Вистинската љубов, љубовта која поттикнува, силно ќе ја надмине пасивноста што ги парализира мажите.


Љубов која обврзува

Татковската љубов исто така е и љубов која обврзува. Еден ден, во текот на раните седумдесетти години, на непрометен планински пат, група од дваесетина млади луѓе се враќаше од пријатно патување, кога на еден од нивните автомобили му се случило сообраќајна несреќа. Како резултат од таа катастрофа, една од патничките беше страшно повредена. Колку голема трагедија! Меѓутоа, она што било уште потрагично од самата несреќа, е тоа што, наскоро потоа, нејзиниот маж, „христијанин“, ја напуштил сериозно повредената жена. Неговата т.н. љубов ја изневерил во време кога најмногу ì требала. Очигледно е дека она, што тој го нарекувал љубов, е немање желба да ги поднесе тешките денови кои следеле.

Не знам како да ја наречам таа привидна „љубов“. Знам само дека ова не е љубовта која обврзува и се излева од Бога Отецот. Неговата љубов нè повикува сите нас сè да претрпиме (1. Кор. 13, 7). Американците кои сакаат да се однесуваат како вистински мажи се обврзуваат да ја носат болката на другите, наместо да бегаат и да се кријат. Татковската љубов на сè се надева, сè претрпува (1. Кор. 13, 7). Ова значи, оние кои сакаат да се однесуваат како вистински мажи да се обврзуваат на верност и иднина.

Веројатно најочигледен меѓу елементите кои недостасуваат на една типична љубов кај современиот, феминизиран Американец е подготвеноста да се издржи сето тоа. Вистинската љубов е силна. Таа ќе поднесе тешкотии, дури и до таа мера што ќе умре за она што е праведно.
Младиот сопруг, кого што го споменав претходно, беше бестрашен заговорник Христов во студентските интернати. Меѓутоа, кога животните околности го принудија на неговата основна брачна обврска, падна на одлучувачкиот испит.


Љубов што се жртвува

Друг знак за вистинска љубов, чиешто повторно стекнување очајно им е потребно на Американците, е подготвеноста да се жртвуваат заради праведноста. Жртва! Колку редок збор во современото општество, ориентирано кон „себереализација!“
Мажите секојдневно се бомбардирани со безброј пораки кои прекумерно ја фалат „добродетелта“ на самоугодување. Мажите се постојано соблазнувани од тоа, себеси да се постават на прво место. Милиони Американци се занишкани во начинот на живот во кој, всушност, секој миг од нивното слободно време е потрошен во трагање на дејности со кои ќе си угодат самите на себеси. Од професионалните обврски до одморот, заедницата и милосрдните дела, учеството на луѓето се чини е условено од обемот на исполнување, со кој би можела да им возврати секоја од овие активности. „Што ќе добијам за возврат“, е прашање кој премногу често се поставува. Активностите и односите, кои некогаш првенствено постоеле поради ползата на другите брзо се отфрлаат, ако на луѓето не им дадат засилено чувство на лична исполнетост.

Во текот на педесет и повеќе години колку што сум во Црквата, забележав дека христијаните сè повеќе ја менуваат припадноста во верските групи. Чекорот кон нови заедници обично се прави затоа што „црквата која е напуштена, не се грижела за мене“ -  небаре примарната цел на христијанското богопочитување и богослужење е исполнувањето на личните потреби! Дури ни семејствата не се исклучени од таа љубов кон себеси. Високо на листата од причини кои типичен Американец ги наведува за да ги отфрли сопругата и децата е и таа што „не се излегувало во пресрет на неговите потреби“.

Неодлучноста да го жртвува времето и личното задоволство е во остар контраст со духот на пожртвуваноста што го гледаме во Житијата на светиите низ историјата. Тие луѓе доброволно  прифаќале големи жртви, бидејќи тоа било праведно. Авраам морал да го жртвува своето татковство. Тој бил толку подготвен да ја исполни волјата Божја, дури бил и подготвен да го жртвува животот на својот единствен син, Исак, кого тој длабоко го сакал. Мојсеј ги жртвуваше семејството, богатството, а и самиот престол египетски за да ја изврши Божјата волја. Просторот не ми дозволува да ги спомнам сите оние кои ја прифатиле оваа крајна жртва -  безброј луѓе по Мојсеј, кои, заради праведноста, биле храна на лавовите, биле расечени на два дела или изгорени на клада. Стефан, еден од првите ѓакони, морал да го жртвува својот живот заради Христовото Евангелие.  Тој се нарекува првомаченик на Црквата, првиот кој умрел за својата вера. Низ целата историја на Црквата, мажи и жени го следеле примерот на свети Стефан, давајќи ги своите животи за верата.

Највозвишен пример за подготвеност на таква жртва е Бог Отецот. Можете ли да замислите како своеволно го испраќате својот единствен син да умре со маченичка смрт за да ги откупи истите луѓе кои ќе му зададат (такви) удари? Тоа е, сепак, една жртва која Бог Отецот ја прифатил заради нас.
Од историска гледна точка, пред да исчезне традиционалната машкост од американската сцена, на подготвеноста да се жртвува „заради праведност“ се гледало како на нешто што се подразбира за да се биде (вистински) човек. Типичниот старовремски маж е подготвен да го жртвува било кој дел од своето време за да го направи она што е правилно за неговото семејство. Иако и тогаш постоело време за одмор, терминот годишен одмор не можел да се чуе, додека мислата за пензионирање била целосно непозната. Животот на човекот, па дури и неговото слободно време, сè до денот на неговата смрт, биле насочени кон она што е најдобро за неговото семејство.

Денес, „да се има свој сопствен простор“ - многу луѓе сметаат дека тоа е нивно неотуѓиво право. Меѓутоа, ако мажите сакаат да го направат она што е правилно  за нивните семејства, тие ќе мораат да бидат подготвени да се жртвуваат. Првото нешто по кое мора да се посегне е слободното време. Доколку човекот сите слободни моменти ги поминува пред ТВ или видео рекордер, одејќи на натпревари или во кафеани, како тогаш може да очекува дека неговите деца ќе станат нешто друго, освен лица преокупирани со самите себе?

Вистинските мажи знаат дека поминале деновите на нивното детство, кога имале малку одговорност, а многу слободно време. Вистинските  мажи се должни да се посветат на праведноста, да се жртвуваат за своите сопруги, деца и ближни.


Љубов која обликува

Еден од најпожртвуваните татковци на сите времиња е Јосиф, земниот очув на Господ Исус Христос. Писмото вели дека тој бил „праведен“ и затоа што бил праведен бил пример којшто момчето Исус можел да го следи.

Јосиф, со својата жена Марија, отишол во Ерусалим за да принесе жртва и да го претстави нивниот син - првенец пред Отецот Небесен. Јосиф го заштитил своето семејство заминувајќи си од Витлеем во Египет, избегнувајќи таков колеж на илјадници новородени момчиња што било наредено од царот Ирод. Под старателство на Јосиф, Исус израснал како силен и мудар - силен, затоа што тој ја извршувал работата на татко му – столарство, и мудар, затоа што неговиот  земен татко бил мудар човек, на кого почивала Божјата благодат.

Јосиф секоја година на празникот Пасха своето семејство го носел во Ерусалим. Исто така, Јосиф, како и сите други татковци кои понекогаш прават грешки - одлучил да се врати во Назарет, без Исус. Кога, на крајот од еднодневното патување, Јосиф сфатил што се случило, тој и Марија веднаш се вратиле во Ерусалим. Го нашле Исус во храмот и Марија му рекла: „Синко, што ни направи така? Ете, татко ти и јас се измачивме, барајќи Те“ (Лука 2, 48).

Нели таа навистина говори како мајка? Марија ја спомнува загриженоста на Неговиот земски татко, Јосиф. Исус на ова одговара: „Што сте Ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, коешто е на Мојот Отец?“ (Лука 2, 49). Дали мислел на тоа, дека од тоа време е врзан само за Својот Небесен Отец, но не и за земните родители? Воопшто. По овој настан, библискиот цитат вели дека  им „беше послушен“ и напредуваше во премудроста и воздраста и во благодатта пред Бога и кај луѓето (Лука 2, 51 – 52).
Дали Исус го следел Јосифа или Бог? Тоа за него не било или-или ситуација, како што не треба да биде ни за нас. Он ги следел и едниот и другиот, затоа што Исус, следејќи го примерот на Јосиф, мораше да ја следи и волјата на Неговиот Отец Небесен. Истото важи и за сите деца кои сакаат да го почитуваат Отецот на нивните татковци.

Што кажуваат татковците? Тоа би можело да ги промени нивните животи, особено нивните односи со децата. Причината зошто младите луѓе ги следат идеалите на овој свет, причината зошто генерации од тинејџери прават идоли од Џемс Дин, стариот модел на бунтовник од моите училишни денови, причината што трагичниот живот на Елвис Присли е канонизиран во свеста на голем број Американци е тоа што: татковците веќе не се пример за своите деца.

Кога ќе се сретнат две сродни души (секоја птица во своето јато ...)
Што да прават мажите? Знам што направив јас: Седев со мојот син и му реков да не трча по светските  супер–ѕвезди, кон луѓе кои не го познаваат, кои немаат обврска кон него и не им е грижа за него. За почеток, сè што треба е да биде како мене, неговиот татко.
Егоцентрично? Во ниту еден случај.
Ризично? Апсолутно.
Јас, сепак, се обидов да ги воспоставам нашите односи на начин на кој тие би требало да постојат. Дали ова значи дека таткото треба да биде совршен? Би било добро. Меѓутоа, повеќето од нас не се. Тоа значи дека нам ни треба смирено срце кое ќе тежнее кон она што е вистина.
Сум правел грешки, понекогаш големи грешки, но сепак, исто така и се каев. Паѓав, но со благодатта Божја се исправав. Ако мојот син ме следи во тоа, ќе биде добар. Момчињата навистина сакаат да бидат како нивните татковци. Во средното училиште се занимавав со борење. И мојот син, средношколец, исто така, се занимава со борење. Ми се допаѓаше да сликам. Син ми, исто така, сака да слика. Ми се допаѓаа тркачки мотори. И на синот исто му се допаѓаат тркачките мотори. Дали ова значи дека јас се обидувам да направам дупликат од мојот син? Не. Тоа не е целта. Има многу работи за мојот син што го прави исклучително различен од мене.

Тоа на ова место значи дека мојот син ќе верува во она што и јас верувам. Ако не е така, би можел да сметам дека неговото верување е верување на некој друг. Некои од читателите би можеле да протестираат. „Ти, значи, му кажа на својот син во што треба да верува“? Јас тоа го направив во најголема мера, давајќи му ја верата во Христа.

Доколку татковците не го направат тоа, им прават лоша услуга на своите синови. Тие мораат да го променат размислувањето, или ако е потребно да го променат она во што веруваат. Токму поради тоа што моите деца растат во куќа во која има пример за тоа, тие не мораат многу да се борат со тоа, во што да веруваат. Ова може да ги навреди некои луѓе, но за моите деца Божјата волја значи исполнување на волјата на нивниот татко и мајка. Тоа е причината зошто Библијата вели: Деца, слушајте ги своите родители во Господа, зашто тоа е право. (Ефес. 6, 1) Колку тоа го олеснува животот на детето, во едно комплицирано општество.

Што е со идентитетот на децата? Зар таквата послушност не тежнее да го уништи нивниот идентитет како личности?
Дозволете ми да прашам: дали идентитетот на Господ Исус Христос страдаше заради тоа што Он го следеше Својот Отец? Апсолутно не. Тој беше најизбалансиран, најусогласен човек кој некогаш одеше на земјата. Се разбира, ништо од ова не може да успее без непосреден однос помеѓу таткото и неговите деца.

Д-р Џејмс Добсон, познатиот христијански писател и консултант, во еден филм за христијанското татковство кажа: „Тато не беше само мој добар пријател - татко ми, се разбира - тој беше и мој помошник. Речиси сè што сум напишал доаѓа од разговорите што ги имав со него“.
Во напорот да се врати одговорното татковство, татковците морааат да се прогласат себеси за пример на своите синови. Тоа е нормален однос кој детството го води до зрелост. Тоа е составен дел на вистинското патријархално татковство. Апостол Павле смело ја изговори таа вистина за целата Црква кога рече: „зашто јас ве родив во Христа Исуса преку Евангелието. Затоа, ве молам подражавајте ме мене“ (1. Кор. 4, 15 – 16).
Пред многу години, нашето семејство се врати од патување во Ајдахо, каде што бевме во посета кај пријателите. Додека ние се искачувавме по кривулестиот пат и поминувавме низ планините некаде надвор од Покател, по краевите на патот снегот стануваше сè подлабок и подлабок. Се чинеше дека сме во област во која никој досега не живеел, но на аголот со моето око видов старо дрвено училиште поставено на врвот на еден осамен рид. Тоа веројатно беше изградено на крајот од XIX или почетокот на XX век.
Јас сум љубител на антиквитети. Посебно ме воодушевуваат старите куќарки и училишни згради. Ја  грабнав камерата, излегов од автомобилот и почнав да се пробивам низ длабокиот снег на ридот.

Кога стигнав до училиштето разрушено од лошите временски услови, се обидов да ги замислам децата кои доаѓале до овие врати. Ненадејно, чув страшен крик зад мене. Околу триесет метри надолу по ридот, едно главче ѕиркаше од снежната обвивка. Тоа беше мојот шестгодишен син Тод, кој паднал во снежниот нанос. Не ни знаев дека тој тргнал по мене.
Кога се симнав од ридот за да го спасам, тој плачливо викна: „Твоите чекори станаа предолги. Не можев повеќе да скокам во твоите стапалки“.
Младите луѓе во Америка - нејзините синови – навистина посакуваат некого да следат. Како во случајот на мојот син, трагите по кои би сакале да одат синовите им припаѓаат на нивните татковци. Трагично е што милиони татковци ја усвоиле деструктивната пропаганда според која е погрешно да сакаат нивните синови да бидат како нив. Други, пак, сè уште се чувствуваат безнадежно неподобни да бидат примери за своите деца.
Да бидеш човек значи, да бидеш подготвен да бидеш пример за љубов. И сè додека мажите не се обврзуваат дека ќе го подражаваат својот Отец Небесен, сè додека не им станат пример на сопствените синови, на нивните синчиња ќе им биде уште потешко да станат вистински мажи, отколку што им било на нивните татковци.

Ние мажите имаме можност за избор. Ние можеме, како Петар Пан, да продолжиме да се однесуваме како деца и да одбиваме да пораснеме, но, ако и понатаму продолжиме да ја избираме оваа можност, мораме да очекуваме да поднесеме уште пострашни и подраматични последици од оние на кои веќе сме сведоци во нашата култура која пропаѓа.

Исто така можеме да одговориме на зборовите на апостол Павле, и да се однесуваме како мажи, подражавајќи го Небесниот Отец на начин кој му е угоден Нему. Само тогаш кога мажите се подготвени да ја подражаваат љубовта на Отецот - љубовта која поттикнува, обврзува, се жртвува и станува пример - ќе научиме што значи да се биде човек кој љуби како што Отецот љуби.


Превод од српски јазик:
Бобан Ѓорѓиевски, студент на Теологија
Наслов на изворникот: „Православна ризница: о браку и породици“ стр. 172-179

Извор: Православна светлина бр.16

Повардарска епархија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная