логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Човекот, кој Го бара Бог и кој се стреми кон заедница со Него, се наситува од Божјото присуство, според зборовите на Давид: „А јас пред лицето Твое ќе се покажам во правда, ќе се наситам кога ќе ми се покаже славата Твоја“ (Пс. 16, 15). Односно, тој ќе се насити кога ќе го види Божјото присуство и ќе го вкуси Него. И од опит е докажано дека човекот што има личен однос со Бог, не чувствува во себеси празнина. Благодатта Божја има чудесно својство: независно од тоа голем ли светител се подвизува за да се сретне со Бог или пак обичен човек, секој се здобива со знаење и опит од благодатта, вкусувајќи ја, доживувајќи го божественото присуство. Независно од тоа дали човекот има многу или малку благодат, не му се јавува чувство дека има вакуум во неговата душа. Човекот што живее со Бог, ја чувствува полнотата, апсолутната полнота. Затоа него не го влече ништо друго од што тој порано имал потреба за да ја исполни својата празнина, да го потроши времето или да го задоволи интересот. Ние често прашуваме дали е грев ова или она. На пример, грев ли е пушењето? Грев ли е пиењето? Грев ли е да се оди по дискотеки или ... каде веќе денес одат? Дали е грев сето тоа?

 

Ние не можеме да одговориме на овие прашања, затоа што тоа се неправилни прашања. Ако одговориме на нив директно, тие одговори ќе бидат неправилни. Но ние можеме да кажеме дека човекот што има однос со Бог, нема потреба од пушење, пиење или скитање по улиците за да убие време. Тој во себеси ја чувствува полнотата, рамнотежата, и тоа го побудува да се чува себеси од сѐ непотребно што би му ја пореметило рамнотежата и среќата. Ние многу се грижиме за тоа да го исполниме својот живот со илјадници работи. На пример, постојат луѓе кои поради празнината што ја чувствуваат во себеси ѝ подлегнуваат на манијата на купување. Тоа, секако, добро ја поддржува трговијата, но за самиот човек станува духовен проблем.

 

Црквата зборува за нестекнувањето: не се стреми да поседуваш што било, за да не зависиш од ништо; биди задоволен со она што го имаш; други работи не ти требаат. Нестекнувањето се смета за главна добродетел на монаштвото – монасите не можат да поседуваат ништо. Зошто? За да се научат да не си го засноваат животот врз потпори, за да се научат да стојат право. За да не се обеспокојуваат со тоа како да ја исполнат празнината со некакви ниски работи и отпадоци, или, според зборовите на старец Паисиј, да не собираме непотребен товар во своето срце, за потоа да биде потребно да се бара цела бригада за чистење на тоа ѓубре што си го собрал во себеси.     

 

Еднаш на старец Паисиј му донеле автомат за кафе. Тој немаше ништо слично, бидејќи тој не се занимаваше со подготвување храна. Имаше само конзерва од млеко, која си ја приспособи за вриење вода, за да приготви чај за гостите. Бидејќи го видоа како подготвува чај, му донесоа автомат за кафе. Старец Паисиј му рече на дарителот: „Зошто ми донесе ваков автомат, кога немам дури ни каде да го ставам? Значи, потребно е да ми донесеш за него и полица, а исто така да ми набавиш и шајки за да ја заковам полицата на ѕидот. Потоа, ќе ми треба средство за миење на овој автомат, а уште и треба да се дознае какво... Така што, земи си го автоматчево, а јас можам и понатаму да си уживам со конзервата којашто ми служи веќе одамна“.

 

Кога отидов кај старец Паисиј, тој истовремено ме воодушеви и ме ужасна со своето целосно нестекнување. Тој немаше ништо. Не знам дали можете да си претставите дека човек живее во куќа во која нема апсолутно ништо. Во неговата собичка имаше неколку дрвени сандаци, врз кои лежеа две-три стари ќебиња. На ѕидовите висеа хартиени икони. Кога се селеше, само зеде две торби и си замина. Во зима, кога беше ладно, се облекуваше во сите свое облеки и велеше на шега дека ако некаде оди, тогаш нема потреба да се враќа по нешто, оти сите негови работи се на него. После неговата смрт, бараа што би можело да се собере од неговите работи и не најдоа ништо.

 

Еднаш кај него дојде еден човек. Гледајќи дека на посетителот му е ладно, старецот му ја даде неговата облекичка, и на гостинот му дојде „блескава идеја“ да ги скине копчињата и да си ги земе за благослов. Тој тоа и го направи. Старецот потоа виде дека нема копчиња – ниту едно... И што стори тој? Исече гранчиња и ги намести наместо копчињата.

 

Голема беда е кога човек има празнина во себеси. Таа настанува од преизобилството на предмети, тие прости предмети, кои, ако ги прашаш, не одговараат. Тоа е празнина во душевниот свет на човекот. Не треба да се остава ништо без одговор. Ние мора да сме внимателни во одговорите, кога нѐ прашуваат. Особено е неопходно да одговараме кога нѐ прашуваат децата. Не ги оставајте без внимание прашањата на вашите мали деца. Одговарајте им сериозно, а не наивно и детски, извлекувајќи се. Сериозно, но како на деца, за да можат тие да разберат дека одговорот ќе биде сериозен и правилен. Кога немаме одговор за сѐ што нѐ опкружува, тогаш во нашиот душевен свет се појавуваат празнини.

 

А кога човекот ќе воспостави однос со Бог, тогаш престануваат барањата коишто порано ги имал. Тогаш тој се запрашува: „И зошто претходно сум се занимавал со сето тоа, сум се акал лево-десно, сум одел да се забавувам за да го скратам времето, сум имал потреба од сите тие работи, саат време сум седел пред огледало, сум стоел со часови ваму-таму?“ – и не ги наоѓа причините за тоа. Понекогаш таа суета изгледа малку смешна. Еднаш јас, стоејќи на преминот додека чекав сигнал на семафорот, забележав фризерски салон и видов преку прозорецот кутри жени кои дошле тука. Може човек да ги пожали гледајќи што тие таму трпат и колку време на тоа трошат. И тоа толку често, сигурно почесто отколку еднаш во година. А има и луѓе кои доаѓаат тука секој ден или секој втор ден. Мачно е да се гледа тоа. А не ни зборувам за тоа дека тоа не е потребно... Главно, тоа што сакам да го кажам е: човек не може да се насити од вештачка храна. Не му е доволна ни детската храна. Дури и во духовните работи.

 

Човекот станува внатрешно постојан кога се храни со тврда храна. Таа тврда храна е Божјото присуство. Навистина, тогаш човекот чувствува полнота, наситеност и среќа. Само тогаш тој може да ја почувствува вистинската радост, слобода и величие на својот човечки живот. Не знам дали сте почувствувале некогаш дека е можно да се погледаш себеси и да се радуваш на своето постоење – не од самољубие, не од нарцизам, туку гледајќи со каква мудрост и велелепие Бог го создал светот и човекот, секого од нас и самите нас. Во таква состојба човекот оди кон Бог со голема благодарност и, кога ја чувствува таа полнота, тогаш не доживува такви болни емоции како што се љубомора, завист, бојазливост, сомневање, сите тие „он ми рече“, „он ми направи“, „он ми зеде“. Објективно сето тоа може навистина да биде така: рече, направи, зеде – но во нашиот душевен свет сето тоа не остава никакви празнини затоа што ништо не значи за нас. Важно е тоа дека ние во себе ја имаме полнотата на односот со Бог и нас нѐ исполнуваат зборовите Христови. Човекот е наситен и исполнет со божественото присуство.

 

Кога чувствуваме потреба нешто да направиме, треба да се прашаме себеси зошто го правиме тоа. Зошто, на пример, ни е потребно тоа нешто? За да ја исполниме нашата празнина? За да му дадеме смисла на својот живот? За да го потврдиме своето постоење? Или затоа што се потчинуваме на надворешни потреби, бидејќи нашиот однос со Бог не е единственото што треба да биде? И така, ако се анализираат сите проблеми – општествени, семејни, лични, човекот најпосле доаѓа до самиот себе. А доаѓајќи до себеси, тој продолжува понатаму и сфаќа од каде сето тоа произлегува – од отсуството на заедница со Бог. Од тоа произлегува сето останато зло, и сѐ станува такво какво што го знаеме. Надворешните светски проблеми – војни, глад, сиромаштија, престапништво, наркотици – плодови се на тоа дрво. Проблемот на човекот кој употребува наркотици не е само во употребата на наркотиците – тоа е само плодот. Зад наркотиците се кријат илјада други работи, цела историја. Зошто тој човек употребува наркотици? Како дошол до тоа? Зошто му се потребни? Ако имаш внатрешна полнота, ќе ги бараш ли? Кога тој паѓа, се лишува од слободата и станува роб на наркотиците. Така е и со секоја страст. Зборувајќи за „борба со страстите“, ние сведочиме за робување на страста, за потребата од неа, а тоа значи: внатре во нас не е сѐ устроено така за да дејствува совршено. Тоа значи дека во тебе има празнини и затоа се јавува потреба од замена, за да се насити твојот глад. Тоа значи дека ти имаш богословски проблем – проблем на односот со Самиот Бог.

 

Митрополит Лимасолски Атанасиј

 

Извор: Pravoslavie.ru

Преземено од: МПЦ

 (07.01.2011)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная