логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Постои впечаток дека монаштвото почнало да се развива во 4 век , што некој луѓе ги наведува на заклучок дека  подоцна настапило исполнувањето на одредениот начин на живот, за тие кои мислат, дека ја заменило едноставноста на Евангелието. На таа основа протестантите го избришале монаштвото од животот на нивната „црква“, како што прават и „православните“ христијани кои, во суштина, ја негираат неговата вредност и значењето за животот на Црквата како целина. 
Иако во посебен облик анахоретски (отчелнички) начин на живот            ( монаштвото) се развивало во 4 век, кој како начин на живот постоело уште од самиот почеток на постоењто на Црквата.  Целокупното Свето Писмо го опишува животот на праведниците и христијаните како монашки живот.
Првобитната состојба на првосоздадените во Рајот била, во суштина, опит на ангелскиот начин на живеење, монашки живот. Делот во Стариот Завет, подоцна толкуван и коментиран од св.Отци покажува дека првосоздадените  (Адам и Ева) живееле чист и свет монашки живот. Свети Јован Златоуст дава аналитички  опис на животот на Адам и Ева како ангелски живот. Свети Јован Дамаскин учи дека во тој првиот, чувствениот Рај, првосоздадените го доживеале дури и духовниот Рај, дека живееле во состојба на просветленост на умот и обожени. Истото тоа го вели и преподобниот Никита Ститат. Вообичаено е светоотечкото предание дека Рајот во Едем е благословено место каде првосоздадените живееле во заедница со Бога, имајки просветлени умови и созецувајки го Бога.
Освен тоа, свети Григориј Палама го поврзува монашкиот живот во манастирите со животот на Адам и Ева во Рајот. Светите манастири, кои се рајски места, не се лишени од дрвото на познанието на доброто и злото ниту пак од дејствто на искушувачот, ѓаволот, спремен монахот да го однесе во грев, каде што ги одведе и првосоздадените. Тој строго ги советува монасите да бидат внимателни, бидејки во спротива ќе паднат во грев порари ѓаволската лукавост како што паднаа Адам и Ева. Тој ја искористил нивната невниматеност иако не беа потчинети на страстите туку бестрасни, пребиваа на „место лишено од страстите“. Заради тоа на монасите им советува да избегнуваат да се дружат со мирјаните. Монашкиот живот претставува живот и состојба какви пред падот постоеле во Рајот, и не постои сомнеж дека први монаси биле Адам и Ева.
Старозаветните монаси навистина живееле живот како што живеат  денешниве монаси.  Према тоа како ги опишува старозаветните книги, пророчките кругови биле групи кои се содавале околу просветлениот човек, каде што се учеле својот живот да му го посветат на Бога. Доколку внимателно ги разгледаме овие пророчки групи ќе видиме дека тие во суштина не се разликуваат од денешниве свети заедници манастири каде што монасите имаат игумен,  исполнувајќи го послушанието и молитвата и исцелувајќи се, за да се удостојат и тие да бидат пророци. Добро знаеме дека уште во Стариот Завет можеме да најдеме степени на духовно совршенство: очистувае на срцето, просветлување на умот и обожението. Према тоа, и големите пророчки личности во Стариот Завет живееле на монашки начин.
Животот на пророкот Илија не се разликува многу од животот на испосниците и подвижниците. Единствената разлика е тоа што тој живеел во периодот пред доаѓањето на Господ Исус Христос, додека пак нашите подвижници се членови на Телото Христово. Освен тоа, добро ни е познат и свети Јован Претеча, кој уште од раната младост живеел во пустината, живеел на монашки начин. Светиот евангелист Луку јасно пишува за тоа: „А детето растеше и крепнеше со духот, и остана во пустињата до денот, кога им се јави на Израилците“(Лк.1,80). Неговиот живот во пустињата, каде што носеше „облека од камилски влакна и појас од кожа околу сабината, а храната му се состоеше од скакулци и од див мед“(Мт.3,4),     неговата порака и целокупен животен пат, се до самата смрт, потцетува на животот на монасите, посебо на животот на отчелниците, кои секојдневно се жртвуваат поради Христовата љубов, како би ги зачувале Христовите заповеди во секојдневниот свој живот.
Составот на апостолските групи потцетува на монашките заедници. Учениците оставиле се за да го следат Христос. На нивната потчинетост им претходи одрекувањето од вештествените добра и одрекување од своите семејства, како што направил Авраам а потоа следи потчинувањето. Како што читаме во Евангелието, дванаесетте апостоли и Матеј биле потчинети на свјот духовен отец, Христос.  За време на трите године се очистиле од страстите и со помош на Христовиот збор се здобиле со исцелување, за подоцна некои од нив на Тавор да ја видат несоздадената слава Божја  во човековата природа на Логосот. Потоа, сите апостоли се удостоиле за Педесетницата, го примиле Светиот дух и станале членови на Телото Христово.
Во Христовото учење,  животот на христијаните се појавува како монашки живот. Блаженствата јасно покажуват дека христијанскот живот е монашки живот. Првото блаженство се однесува на сиромашните по дух, на трезвеноста за гревот и страстите кои постојат внатре во нас. Второто блаженство зборува за плачот по Бога. Значи, кога човекот во Светиот Дух стане свесен за постоењето на „стариот“ човек  во него, тој трепери и плаче. Третото блаженство се однесува за кротките, кој е плод од искрениот плач за Бога. Четвртото блаженство е за гладните и жедните за Божјата правда, за исполнувањето на Христовите заповеди во нашиот секојдневен живот. Петтото блаженство се однесува за чувсвото на Божјата милост, бидејки кога христијанинот лаче тој се здобива со опит за Божјата милост. Шестото блаженство зборува за чистите по срце, што е плод на плачот и дожививањето на Божјата милост.  Седмото блаженство се однесува на мирот, кој е дава на чистите по срце.  Последното блаженство укажува на врвот во духовниот живот, а тоа се прогонувањата и мачеништвото кои ги трпат обожените луѓе. Мачеништвото на светите не е плод на цврстата воља туку созерцавањето на Бога (Мт.5.1,12).
Христијанскиот живот се пројавува во Христивите блаженства. Некој ме запраша што се во суштина монасите и што прават. Јас одговорив дека сосема добро ќе го разбереме монашкиот живот само тогаш кога ќе ги разбереме блаженствата и ќе ги толкуваме како Црквата Христова.
Начинот на кој се устроени апостолските цркви потцетува на устројството на денешниве манастири. Заедничката своина меѓу првите ерусалимски христијани потцетува на монашката заедничка своина, заедничко власништво и не придобивање на ништо (апсолутно одрекување од личната своина, доброволно сиромаштво). Освен тоа, одрекувањето од вештествените добрини има за цел очистување на човекот и негово здобивање со просветленост и умната молитва. Прашањето за заедничката своина треба да се разгледува исклучиво во тој поглед. Тоа не е само социолошка, туку преминлива подвижничка и духовна причина.
Од посланијата на апостолот Павле јасно го гледаме оквирот во кој живееле првите христијани, како и нивните цели. Од нив се очекувало да ги умртват своите страсти, да го живеат Христовиот Крст во својот секојдневен живот, бидејќи со крстот човекот умира за светот и дека, како резултат на тоа, светот е мртов за човекот. Оние кои иаат жени треба да живеат „како да ги немаат“ и, воопшто, да ги извршуваат заповедите во своето секојдневие. Независто од тоа, од посланијата на апостолот Павле се гледа дека првите христијани во срцето го имале дарот на умната молитва: „усовршуваќи се со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господа во срцата ваши(Ефес.5,19). Исто така, јасно е дека во апостоските цркви постоеле и такви кои припаѓале на сите степени на спасението, односно дека постоеле очистени, просветлени и обожени. Немам намера да ги наведувам сите докази за тоа. Тоа што сакам да го нагласам е фактот спрема кој во новозаветните текстови христијанскиот живот е претставен на начин кој денес го препознаваме монашкиот живот.  Во суштина, првите апостолски цркви биле терапевски заедници во православно значење на зборот, каде што христијаните се чистеле од страстите станувајќи просветлени , а потоа се искачувале на гората на боговидението.
Доколку внимателно се обрнеме кон црковното предание, ќе откриеме дека низ пробите што денес поминуваат за да станат монаси се истоветни со оние што човекот морал да ги помине за да стане христијанин. Во секој манастир, искушениците се иско како и катихумените во раната Црква. Тоа е вистина гледана од внатрешниот духовен живот. Во раната Црква на крштението му претходело катихизискот, кој е метод за очистување на срцето од страстите и ослбодување на умот од разумот, страстите и условите на опкружување. Истите работи денес се случуваат и во манастирите во поглед на искушениците. Искушеникот поминува низ стептен на покајание и очистување. Кога ќе помине овој степен, тој приме „ друго крштение“  и открива што значи доаѓањето на Светиот Дух.  Тој тогаш, со Божјо допуштање, може да се искачи на повисоките степени на духовниот раст. Истражувањата низ што поминуаат искушениците во манастирите ни покажуваат што правеле катихумените за да влезат во Црквата. Изучувањето на православното монаштво во неговиот изворен израз може да не доведе до разбирање за што служеле апостолските цркви.
Монашкиот живот е евангелски живот, живот на покајание и исполнување на Христивите заповеди, напор за очистување на срцето и просветлување на умот. Тоа се случува со посредство на Божјите енергии (Божјите дејства) и човековата синергија (човековото содејство). Животот кој Христос го подарил на светот  наменет е за сите луѓе. Како што видовме, свети Григориј Палама одраснал во семејство во кое се живеело монашко –  евангелски живот растел со молитва, во суштина живеел како монах. Со монашкиот живот се здобил и пред заминувањето на Света Гора, уште додека живеел и учел во Константинопол. Тоа што ке го кажеме за тоа учење, да биде гледано во таа светло.
Фактот дека монашкиот живот е евангелски живот, е фактот дека секој е во состојба да живее на тој начин, тоа се гледа и од учењето на свети Симоен Нов Богослов. Во тоа учење никој не може да се сомнева, бидејки го изразува водечкиот учител на Црквата и дека во Библијата постојат многу личности кој тоа го потврдуват. Свети Симеон учи дека на сите, на мирјаните и на монасите им е својствено непрестано да плачат, да се кајат и да се молат на Бога. Да имаш жена и деца, мноштво слуѓи, голем имот и многу проблеми, и не само да плачеш и да се молиш, туку и да го достигнес совршенството на добродетелите.
Карактереристично е тоа што го пишува св. Симеон: „Према тоа, браќа, сите луѓе, не само монасите туу и сите луѓе, можно е непрестано и во секое време да се кајат, да плачат  и да го молат  Бога за со таквите дела да се здобијат со добродетели“. Тој како сведок го наведува свети Јован Златоуст и пророкот – цар Давид, и вели дека е можно „човекот кој има жена и деца, слуги и слугинки, голме имот и огромни посеви и кој се истакнува во световните работи не само секојдневно да плаче, да се моли и да се покајува, туку и,  доколку сака, здобие со совршени дободетели. Тој може да го прими Светиот Дух, да стане пријател Божји и да се насладува од боговидението“. Тој како пример ги наведува Авраам, Исак, Јаков, Лот во Содом, Мојсеј, Давид и апостолот Петар, кој бил неписмен и оженет рибар.
Свети Симеон го наведува примерот со малдичот Георгиј, кој се удостоил да го опише созерцавањето на славата Божја. Тој малдич е свети Симеон кога бил млад. Во времто кога живеел во Констанинопол и имал 20 год. После големите подвижнички молитви, додека ја извршувал својата вообичаена служба, - „за време на денот ја уравувал големата куќа и секојдневно одел во палатата, каде што се занимавал со световни работи...“ – ја видел несоздадената светлина. Во моментот кога ја изговарал молитвата: „Господи, бифи милости према мене грешниот“, „одозгора над него се појавила светлина од божественот осветлување и се исполнило целото место“. Се свртел околу себе, но не бил свесел дали стои на своите нозе. Помислил дека и самиот тој постанал дел од светлината. Тогаш неговиот ум се водигнал до небесата „ и видел уште една светлина, која бил почита во од таа што се наоѓала во непосредната близина“. Зборувајќи за тоа, вели: „ Дали научивте дека кога сме ревносни и будни, живеењето во градивте не не спречува да ги исполнуваме заповедите Божји, и дека бзмолвието и отчелништвото надвор од светот се сосема некорисни доколку сме млаки и невнимателни“.
Монашкиот живот е апостолски и пророчки живот. Во суштина тоа е живот во покајание, очистување на човековото срце и зачувување на Христовите заповеди. Тој живот не е туѓ за Црквата и кој се развил доцна, во 4 век, а потоа продрел до животот во Црквата, туку тоа е нов живот кој Христос со своето воплотување го донел во светот.  
Во првиот апостолски периот сите христијани живееле како монаси, поради што немало потреба да заминуваат од светот и да патуваат до посебни места. За време на прогонувањата, апостолскиот живот се изразува како мачинички, бидејќи врв на блаженството се прогонувањата заради Христа. Према тоа, како што апостолскиот живот истовремено е и пророчки и маченички, така и маченичкиот живот истовремено е и пророчки и апостолски. Меѓутоа, кога престанале прогонствата и христијанството станало световно и го изгубило апостолството, пророчкиот и маченичкиот опит, оние христијани кои сакале да живеат вистински христијански живот го напуштале светот, како би живееле според Божјата волја. Така имаме прва фаза од монаштвото како отчелништво, со големата личност св. Антониј, пустинскиот учител. По него доаѓале и многу други христијани, па така настанале скитовите и манастирите. Но овде не станува збор за ново христијанство, туку доживување на вистинското христијанство врз основа на апостолскиот, пророчкиот и маченичкиот опит. Монашкиот живот е последица од пророчкиот, маченчкиот и апостолскиот живот на првата Црква, тоа е живот во согласност со Христовите заповеди.
Вистината дека монаштвото можеме да го гледаме само во таа светлина јасно е од зборовите на свети Симеон Нов Богослов: „Доколку према Божјите заповеди бидеме ревносни, будни и трезвеноумни, тогаш нема потреба да се одрекуваме или да бегаме од светот“. Немарноста и запоставувањето на Христовите заповеди или општо говорејки, заедницата помежу светот и христијаните довеле до бегство од светот. Тоа покажува дека монашкиот живот е евангелски, каков може да се живее и во средината на светот, доколку се следи светотоаинскиот живот кој ни го пренесува светата Црква.
Таа вистина, покрај се, се наоѓа и во беседата на свети Грирогиј Палама упатена кон своето стадо во Солун. Кога ја читаме таа беседа, ќе забележиме дека тие се истакнуваат со богословие и подвижничко предание.  Тој на своите христијани им ги толку подвижничките теми: како да се ослободат од страстите и помислите, како да се исцелат, како да се здобијат со опит и исихастички начин  на живот. Tие беседи можеле да ги читат дури и монасите, можат да се читаат и во монашките трпезарии, или со други зборови тие се монашко мерило, монашки критериум. Тоа го прави очигледно поради вистината дека Христовото учење е еднакво за сите луѓе и дека постои блискост помеѓу животот на раните христијани и монашкиот начин на живот, бидејки монашкиот живот е опит на христијанскиот живот и дека христијанскиот живот е навистина монашки, со соодветни прилагодувања.
Дека монасите живеат евангелски живот  може да се види од беседите на св.Григориј Палама од празникот на св.Димитриј Солунски, во која св. Димитриј е поставен како монах. Се разбира дека во времето на св.Димитриј не постоело монаштво какво што постои денес, но секој христијанин кој ги исполнувал заповедите во суштина бил монах.
Во својата беседа, божествениот Григориј, ја истакнува дественоста на телото и духот на св.Димитриј. Тој во се живеелдествено, иако бил најголемиот офицер во римската војска.
Според Палама, св.Димитриј бил обдарен со извонредна пророчка сила и е сметан е за достоен за „апостолско и учителско служење“. Бил преисполнет со добродетели и не заостанувал после подвижничите ниту по „озарувањето (просветлувањето) во животот“. На некои бил рамен, а некои ги надминал. Имал големи дарови.
Борабата која св.Димитриј ја водел во своето срце може да се спореди со битката која ја воделе големите подвижници. Го зачувал својот ум чист од секакви недолични помисли, сачувајки ја ненарушена благодатта од крштението, имал волја во согласност со законот Божји, „бил како книга Божја, плоча испишана од Бога дадена на сите да ја користат“. На тој начин св.Димитриј бил дествен со телото и духот. Тој живеел на небесата, макар уште во тело, бил еднаков на ангелите.
Бил заштитник на градот Солун „истовремено апостол и учител, мудар, дествен и свет, непорочен, каков по природа таков и по ревност и по просветленост од благодатта.
Споредувајќи го св.Димитриј со старозаветниот Јов, св.Григориј вели дека Јов бил непорочен, праведен и побожен но дека немал слава од дественоста која ја имал св.Димитриј. Дественоста, св.Димитриј го покажала како човек со возвишена природа и дека е рамен со ангелите.
Од овој пример можеме, од една страна, да видиме дека монашкиот живот е навистина евангелски, а од друга дека монахот која ја чува дественоста на телото во душата е пророк, апостол и сведок Христов. 

 


              Превор од српски:Звонко Алексов
                           Наслов на книгата:
            „Православље и мистика светлости“
                 Митрополит Јеротеј влахос
         



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная