Молитва со Исусовото име е применлива во сите околности
(Архимандрит Софроније)
Оној кој навистина верува дека евангелските заповеди ни ги даде Единствениот Вистински Бог, веќе во самата вера црпи сила за живот по Образот Христов.
Оној кој што верува, не си дозволува себе си критички пристап на зборовите Господови, туку себе се поставува пред судот на тие зборови. На тој начин тој себе си се гледа како грешник и тагува заради својата неславна положба. Отсуството на тага заради гревовите знак е дека се уште не му се отворил оној образ по кој што е замислен човекот пред создавањето на светот.
Секој кој навистина се кае, повеќе не бара согледувања: тој е потполно зафатен со борбата против гревот, против страстите. Дури кога ќе се очисти од страстите , макар и несовршено, нему на природен и ненасилен начин пред очите му излегуваат заплиснати со Светлина духовни хоризонти за кои што до тие моменти ниту насетувал, а во умот и срцето се восхитува на Божјата љубов. Тогаш се обновува нашата природа разбиена со падот и се подотвораат дверите во областа на бесмртноста.
Патот кон светото согледување води низ покајанието. Додека во нас владее мрачната гордост, несвојствена за Бога, т.е. Светлината во која што нема никаква темница , дотогаш не можеме да бидеме примени во Неговата вечност.
Но, оваа страст е исклучително истенчена и ние не сме во состојба сами и до крај да го препознаеме нејзиното присуство во нас. Оттука нашата усрдна молитва:
...И од оние тајни очисти ме и од туѓите запази го слугата Твој, за да не овладеат со мене.
Тогаш јас ке бидам непорочен и ќе бидам очистен од големите престапи. Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, Помошнику мој и избавителе мој! (Пс.18,13-15).
Никој од нас, синовите Адамови, не ги гледа јасно сопствените гревови. Само во миговите на осветленост со Божествената Светлина ние се ослободуваме од тие страшни пранги. А ако тоа го нема, тогаш е добро да се извика низ солзи:
„Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот.“
Ревносното почитување на Христовите заповеди го доведува човекот до спознавање на сите возможни случувања во духовната козмичка сфера; тој самиот не е во состојба ниту да се спротивстави, ниту јасно да разбере што го уништува, а што го спасува.
Заради тоа во очај ќе го повикува Името на Живиот Бог. И ќе биде блажен ако го посети зракот на Светлината од непристапната област на Божественото, кои ќе ја пројават вистинската природа на секоја појава. Но не треба да има страв доколку Светлината се уште не дошла, туку треба упорно да се молитви:
„Господи Исусе Христе, Сине на Живиот Бог, помилуј ме“ - и сигурно ќе не посети спасоносната сила.
На почетокот на подвигот нам не ни се јасни патиштата кои што Бог ни ги покажува; ние се обидуваме да се отргнеме од тешката борба против врелите искушенија (1.Пт .4,12).
Можеме долго да се наоѓаме во мачната состојба на неразбирањето: зошто Бог , Сесовршената љубов, дозволува Патот кон Него на моменти да изгледа навистина страшен? Ние го умолуваме да ни ги открие тајните на патиштата на спасението. Нашиот ум постепено се просветлува, а срцето собира сила да тргне по Христа и преку нашите мали страдања да се приближи кон Неговите страдања.
Неопходно е да поминеме низ болка и ужас за пред нас да се отвори длабочината на постоењето и за да постанеме способни за љубов која нам ни е заповедана: Без страдањата, човекот останува духовно мрзелив, дремлив, туѓ на Христовата љубов.
Знаејќи го тоа, ние, кога нашето срце постанува слично на изгаснат вулкан, го призиваме Името на Исуса Христа за да го згрееме:
Господи, Исусе Христе, Сине на Живиот Бог, помилуј ме.“
И пламенот на Божјата љубов, навистина го допира нашето срце.
Да се стекне молитва со Името на Исус, значи да се стекне - вечноста.
Во најтешките моменти на распаѓање на нашиот физички организам, молитвата „Исусе Христе“ постанува облека на душата; кога ќе престане делувањето на нашиот мозок и кога сите останати молитви ке постанат претешки и да ги изговараме и да се сетиме на нив, единствено Светлоста на Богоспознанието која происходи од Името и која нам ни постана блиску позната - останува неотуѓиво со нас.
Бидејќи го видовме крајот на нашите отци, кои умреле во молитва, силна е нашата надеж дека небесниот мир кој го надминува секој разум, и нас засекогаш ќе не обземе.
„Исусе, спаси ме... Исусе Христе, помилуј, спаси...Исусе, спаси ме... Исусе, Боже мој“.
Тивкото и свето славење во спознанието на Богот на Љубовта раѓа во нас длабоко учество во страдањата на целото човештво. Овој Се - човек е мојата природа, моето тело, мојот живот и љубов. Јас неможам да се откажам од својата „природа“, неможам да се одвојам од своето „тело“, од непрестајното растргнувачко непријателство на едните “келии“ против другите, кои во суштина сочинуваат единствен организам.
Ова големо тело „Се-човек“ непрестајно се наоѓа во состојба на болно кинење на деловите што ние не можеме да ги управуваме. Болеста изгледа неизлечива. Тоа и е, нашата судбина на планетата земја.
Душата до изнемоштеност плаче во молитва , но, спасението не доаѓа поинаку додека луѓето сами, во полнота на својата слобода не посакаат и не го изберат тоа спасение.
Љубете ги непријателите свои - ете, во што е лекот на историскиот живот и спасението во вечноста. Оној кој што ја запознал силата на љубовта спрема непријателите, го запознал Господ Исус, кој што е распнат заради непријателите.
Таков човек однапред го почувствувал и своето воскресение и Царството на Христа, Победникот (Јн.17,21-23; 11,51 - 52; Еф. 2, 14; 1.Кор. 3,22 и друго).
„Господе, Седржителу, Христе Исусе, помилуј не нас и Твојот свет“.
Во светот на човечкото духовно постоење само христијанството го дарува искуството и нетварната Светлост на Божественото, и најцрната темнина на пеколот. Таква полнота на спознаја се дава исклучително низ Христа - Бога и Светиот Дух.
Од историјата на аскетското делување на нашите отци гледаме дека ним им било дадено животно согледување на адскиот мрак. И тоа во таква мера, што тие луѓе со исклучителна храброст подоцна со децении ридале во своите молитви.
Но, кој е во состојба да говори за тоа? Оваа тајна е скриена од луѓето кои што немаат животно искуство и ќе остане скриена се додека не настапи Сеопштиот последен Суд. (Мт.25,31)
„Господи Исусе Христе, спаси не“.
Голем е дарот да се види вечноста во недостжната Божествена Светлина. Оној кој што го вкусил ова блаженство повеке не тежнее во стекнување на привремени вредности. Благодатта на оваа сила не останува засекогаш со човекот и Светлината во душата се смалува.
Лишувањето од ТАКВИОТ Бог предизвикува страдање на целокупното наше битие, но таквите периоди на Богооставеност, неопходни ни се на сите нас, за никој да не се успие на ловориките, туку да продолжи да го следи Господа Кој се качува на Голгота, на духовен план, највисока од сите планини.
Макар и колку да е безизгледен таквиот обид, тој сепак го препородува човекот давајќи му нова сила како би го примил подобието Христово.
„Исусе, Спасе наш, спаси ме и мене грешниот“.
Кога се наоѓаме на тивко и осамено место, често секакви непотребни мисли упорно се вртат околу нашиот ум, одвлекувајќи го вниманието од срцето. Молитавта нам ни изгледа бесплодна, зашто нашиот ум не учествува во призивањето на Името Исусово, и само уште устата механичи ги повторува зборовите. А кога ке ја завршиме молитвата, обично помислите се одалечуваат, оставјќи не нас на мира.
Оваа непријатна појава сепак, во себе носи некаков смисол: Со призивањето на Името Божјо ние го доведуваме во покрет се она тајно што се крие во нас; молитвата е како сноп на светлосни зраци фрлени на темно место на нашиот внатрешен живот, па ни открива, какви се страсти или склоности се вгнездени во нас. Во тие случаи треба ревносно да се изговара Светото Име, за чувството на каење да се зајакне во душата:
„Господи, Исусе Христе, Сине Божји помилуј ме грешниот“.
Нашиот дух, вечен спрема Божјата замисла за нас, се измачува во мракот на гревовните страсти. Колку е подлабока болката заради свесноста за нашата одалеченост од Бога заради гревот, така посилно е настојувањето на нашата душа кон Бога и таа се моли во голем копнеж, со многу плач, барајќи соединување со Него.
И Тој не го остава скрушеното срце, туку ни приоѓа; и „длабокото“ срце човечко постанува свесно за својата сродност со Него, со Бога, Кој на „опиплив“ начин присуствува и делува во нас. Од тоа се гледа дека и нашето тело, во својот својствен облик, го прима дишењето на Живиот Бог.
„ Исусе, Сине на Живиот Бог помилуј не“.
Наследството кое што ни го оставија отците; нивното учење и изложување за Божјите дарови ги вклучува исто така и укажувањата на патиштата на Боговидението те. описи на борбите кои што ги воделе во својот внатрешен свет против „законот на гревот“ (Рим.7,13), кој што живее во секој од нас, против трагичните последици на првиот голем пад на човекот.
Секој кој што ќе стапне на боиштето на многукратните битки за стекнување на светата вечност, ќе се сретне , покрај другото и со неопходноста да се спротивстави на погубното влијание на светот кој што нас не опкружува, кој што ја отфрла молитвата; најсигурниот штит е притоа пак:
„Господи Исусе Христе, помилуј не нас и Твојот свет“.
( продолжижува)
Преведе Мина Даниловска
Друго:
ЗА МОЛИТВАТА - Архимандрит Софроније (извадок)
ЗА МОЛИТВАТА - Архимандрит Софроније