Затоа, деца, како православни ги отфрламе и двете крајности, кои се ерес. Го отфрламе екуменизмот, го отфрламе и зилотизмот. Не прифаќаме дека сме фундаменталисти, ниту екуменисти. Ние сме православни христијани, врамнотежени луѓе, го љубиме целиот свет, се молиме за целиот свет – преку Литургијата – не сме ние оние што ќе му судат на светот, Бог ќе му суди на светот. За нас, пропаста дури и на едно суштество е болка. Не сакаме ниту еден човек да исчезне од Божјото лице, апсолутно ниту еден.
Митрополит Атанасиј Лимасолски: Широкото срце на Православието – III дел
Тропар на преподобниот и рамноапостолен Кирил учител словенски 27 февруари / 14 февруари 2025
Уште од пелени, ти благоглаголив,
ревносно Премудроста своја сестра ја направи;
и така, Пресветлата ја појми како чиста девица.
Примајќи ја, ја приведе, и како со монисти златни,
со Неа својата душа и ум ги украси,