Чувствувам дека токму тоа го направил свети Нектариј Егински. Со други зборови, начинот на кој тој реагирал не само на критиките, туку и на клеветите, т.е. на патолошката и болна форма на „критика”, бил таков што успеал да преобрази една очигледна неправда во благослов и извор на осветување.
Тајната на светителите, која тешко ја применуваме во нашите животи, е токму тоа што преку Христа ја прифатиле
Ја слушаш дијагнозата и го губиш тлото под нозе. Тоа е моментот во вашиот живот кога се соочуваш со смртта не како нешто далечно и туѓо, туку како настан што го допира твојот здив. Тоа е моментот кога стоиш и гледаш на твојот живот како на еден измислен настан. Имено,тогаш мислиш дека ракот е просто само една фарса. Дали навистина сум болен од рак?
Ништо веќе не е важно, а дотогаш сè беше важно. Сета подлост престанува да постои.
Кондак 1
Чудесен Војводо на градот Солун, голем угоднику Христов и славен,
подвижнику, Свети Димитрие, тебе, кој на светот му точиш миро на милост, ние те почитуваме и ти пишуваме пофалба, а ти имајќи слобода пред Господа, од секоја беда избави не’, за верно да ти воскликнуваме: Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!
О, Божји угодниче Свети Димитриј мироточив Солунски Чудотворец, моли Го Господа Исуса Христа, нашиот Бог и Спасител за нас грешните и неблагодарни луѓе, за здравје и спасение на душите наши. Да ни дарува Христос Бог, духовна мудрост, просветен ум и разум, срце храбро и чисто да создаде во нас и вистинскиот дух да го обнови во нас. По твоите молитви, Бог да го ублажи Својот праведен гнев, па по Својата милост и човекољубие, да ни ги прости сите наши гревови,
Пладнето во Солун наликува на пладнињата на сите големи пристанишни градови. Тоа е момент кога вревата се намалува. Есента е украсена со боите на дрвата, а ретките минувачи, ги мами мирисот од рибите во таверните. Од далеку се слушаат сирените на бродовите, кои го поздравуваат градот, заминувајќи на далечни патувања. Одвреме навреме се слуша крикот на галебот, наговестувајќи
Сè има свој почеток, вклучувајќи го и гревот. Доволно е да го направите првиот чекор, а потоа, сè се движи како на тобоган - побрзо и побрзо. Понекогаш свесно грешиме „малку“, „умерено“, „пријатно“, а потоа се впуштаме во она што е безгранично страшно. Но, Бог нè создаде како слободни и затоа имаме право да правиме што сакаме, вклучително и да грешиме. И тука е чудната работа! - ова право го користиме најчесто.
Можеме ли да претпоставиме дека одреден вид нотација може да открие нешто за нас? Верувам дека позитивниот одговор на ова прашање не е без причина.
Знаеме дека нотацијата е еден вид на писменост, преку која едно музичко дело „го живее својот вечен живот на хартија“. Меѓутоа, како и секое нешто создадено од човекот, во себе крие нешто од цртите на нејзиниот творец.
"Но, човечкото срце, во кое грее надежта за бесмртност, не може да се помири со мислата за жестоката бесцелност на земниот живот. Човекот е тело и душа. Ако човечките тела се така премудро створени, така што, со секој свој орган и со секоја своја насочена функција постигнат некаква разумна цел, ...
За време на активностите на експедицијата, иконата на Мајката Божја – Казанска била постојано со нив. Експедицијата започнала со молитва пред Казанската Богородична икона, јавува страницата „Православие во Татарстан“. Старецот на манастирот ги благословил нуркачите и чудотворната икона му ја предал на лидерот на експедицијата, Димитриј Шилер.
Умрените, а живи
Тие никојпат не умираат
Оти чоек во себе ги носи
И со нив во умот муабет си тера
Та и на сон му идат
Ко сватој на гости шо ќе затераат
Во секој случај, не можеме да негираме дека морално - духовните фактори заземаат одредено место меѓу причините за појава на цела низа психички болести. Многу психички нарушувања се поттикнати од гревовни страсти, тие се последица на гревовниот начин на живот, на страстите и пороците вкоренети во човечката душа. Денес науката многу зборува за улогата на стресот, иако и во времето на Иван Грозни не било многу спокојно да се живее. Зборуваме за генетика, екологија, биохемиски процеси во мозокот.
Ведрана ги отвора очите и прво пред себе го гледа Пркос. Му се насмевнува.
-Ведрана, добра ли си?
- Подобро ми е. Слава на Бог и денес ни помогна!
- Ми помага и на мене себичниот, како да не ти помогне тебе, која Му припаѓаш?
Од тогаш многу го засакав и не можев да си го замислам животот без него. Еднаш Старецот ми рече:
Те очекуваат големи испитанија.
Секако, тогаш не знаев на што мисли тој, но сфатив кога по извесно време ме снајдоа тешки здравствени проблеми. Дијагнозата беше страшна – саркома на рбетниот столб со метастази по целиот скелет. Докторот ми предвиде уште три месеци живот. Заради неиздржливите болки набрзо
Мораме да го слушаме Господ и да го правиме она што Господ ни заповеда и тогаш нема да ни требаат чуда за да веруваме! Верата доаѓа од срцето! Кога човек ќе порасне во христијанско семејство, оди во црква со своето семејство, го слуша евангелското слово, а потоа се обидува да живее според Божјото слово, тој ќе биде спасен и ќе има мир, како на овој така и на другиот свет, амин.