логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT172

За моменталната ситуација: паника или смиреност

Кога во најтешките моменти ја изговараме Исусовата молитва - Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот, нашиот ум и душа се заштитени од вознемиреност, страв и паника. На овој начин имунолошкиот систем автоматски станува здрав и добро организиран, а антителата молневито реагираат на секој натрапник - вирус, бактерија, малигна клетка... и како добро обучена и увежбана војска на време го уништуваат секој непријател!

Бидејќи во последните недели бевме изложени на огромен информативен притисок, исклучително е важно да не “ги голтаме” вознемирувачките вести и информации од разноразни медиуми, туку да останеме присебни, претпазливи, трезвени и молитвени.
Прекумерното следење, од час во час, колку луѓе се разболеле, колку починале и слично, не ни носи никаква корист, туку само дополнително ја нарушува и онака напнатата психа. Секако знаеме дека ситуацијата е сериозна – и тоа ни е доволно!


Да обрнеме внимание на следните редови кои можат да ни помогнат неповредени и победнички да го пребродиме ова зло.
           Човекот е троедино суштество, по углед на нашето Божество - Света Троица - и се состои од тело, душа и дух. Телото е во светот, душата е во телото, а духот е во душата. Сè е нераскинливо поврзано и меѓусебно зависно. Ако еден од овие елементи е во неред, постои целокупна дисхармонија - опасна дисхармонија.  
Човечката душа е енергетскиот центар и животниот мотор на телото. За да може телото да функционира добро и здраво, душата мора да биде добра и здрава. Човечкиот дух е најчистиот дел од душата, окото на душата, душа на душата. Духот ја храни и енергизира душата. А за да биде нашиот дух здрав и чист, тој мора да биде во контакт со Светиот Дух, кој доаѓа од Создателот на вселената, Бог Отецот.
          Човечкиот дух прима светлина, благодат, сила и живот од Светиот Дух, а потоа ја пренесува на душата. Кога душата е исполнета со здрав дух, таа хармонично и навремено ги пренесува виталните импулси на целото тело, кое станува здраво бидејќи се исполнети условите за здравје.
             Душата првенствено се грижи за три системи, автономниот нервен систем, ендокриниот систем и имунолошкиот систем. Кога тие се функционални, тогаш хармонично работат и другите системи на човечкото тело, а тоа се кардиоваскуларните, дигестивниот, респираторниот, урогениталниот и други, и на крајот, а можеби на прво место - централниот нервен систем, со нашата свест како круна.
                Кога човекот е под стрес, во страв и паника, духот се раслабува, потемнува и ја губи својата вклученост во Светиот      Дух. Со други зборови: ја губи волјата за молитва, Литургијата и Причеста, кои се главните облици на вклучување во „енергетскиот круг“ на Светиот Дух Божји.
              Помрачениот човечки дух повеќе не може да ја осветли душата и таа не може да гледа, слуша и не може да го одржува својот телесен организам во хармонија и здравје.
            Меѓу првите што страда е имунолошкиот систем, антителата се дезориентираат, страните микроорганизми, бактериите и вирусите слободно влегуваат, се размножуваат, почнуваат да ги ослободуваат своите секрети кои се токсични, односно отровни и штетни за луѓето, а луѓето се разболуваат, а понекогаш и умираат.
            Слушаме како докторот му вели на пациентот дека не смее да се нервира бидејќи анксиозноста убива.Воглавно, на тоа и се завршува, односно нема упатство како да не се грижите(!). Понекогаш добиваме некој совет, да бидеме повеќе во природа, да се храниме здраво, да избегнуваме стресни ситуации... - но сето тоа е произволно и недоволно.
Главниот и единствен начин да се зачува мирот и силата на духот е да се учествува во секојдневен  активен православен циклус.
          А тоа значи: редовно исповедајте се, постете во среда, петок и четирите големи пости, бидете редовни на Литургијата и причестувајте се што почесто. А од друга страна имајте свое секојдневно, по можност, утринско и вечерно молитвено правило, каде се главни Новиот завет, псалтирот и православниот молитвеник. Кога човек ќе ја внесе оваа духовна пракса во својот живот, духот, душата и телото, со сите нивни системи, стануваат здрави!
          Посебно во овие тешки периоди, како болести, природни катаклизми, глад, војни... мораме пред се да се грижиме за нашата духовна состојба! Нашата молитва тогаш мора да биде посилна од кога било, односно да се молиме што почесто, практично, постојано. Најдобро е со Исусовата молитва - Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот. На овој начин, нашиот ум и душа ќе бидат заштитени од вознемиреност, страв и паника, а имунолошкиот систем автоматски ќе стане здрав и добро организиран, а антителата молневито ќе реагираат на секој натрапник - вирус, бактерии, малигна клетка и како  добро обучена и увежбана војска на време го уништуваат секој непријател!
            Да се радуваме затоа што сме сведоци на уште еден историски Божји испит  и чистење на нашите гревови.
          А Бог знае што прави!


Монах Арсеније Јовановиќ
prijateljboziji.com /

За Преминпортал Симеон Стефковски

11.02.2023 лето Господово

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2051
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 514
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная