Со силата на благодатта што божествениот Павле уште ја нарекува и „оклоп“,човекот може правилно да расудува и да го испитува злото и да го одбира доброто. Сега може да се спротивстави на „началствата, властите, на светските управители на темнината од овој век“, како што ни пишува светиот апостол Павле (Ефес. 6, 12). Тој оваа сила на благодатта ја нарекува уште и „наше оружје“, кое, како што појаснува
Свети Игнатиј Брјанчанинов: ВО ПОМОШ НА ОНИЕ ШТО СЕ КААТ
Ги исповедам jac многугрешниот (името) на Господ Бог и Спасителот наш, Исус Христос и тебе, чесен оче, сите мои согрешенија и сите злодела кои ги направив, или помислив во сите дни од мојот живот, до ден денес.
Згрешив: Заветите од Светото Крштение не ги запазив, монашкиот завет не го сочував, а во сè излажав и се покажав непотребен пред Лицето Божјо.







На празникот Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Полјански г. Јаков и бројно свештенство на Повардарската епарјхија отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата со празнично слово се обрати новоизбраниот Епископ Полјански г. Јаков.
Во 1929 година заедно со уште еден од неговите родени браќа стапија во Скитот Сихастрија, каде што веќе монахуваше нивниот постар брат. На почетокот беше поставен да ги пасе овците од скитот, служење кое го исполнуваше со голема духовна радост. Откако ја исполни својата воена обврска (1935-1937), стана монах во истиот скит.
Вечерта пред спиење повторно да ги приклониме колената и да Му принесеме наши молитви на Бог. Во средината на денот или навечер да го отвориме Новиот Завет и да прочитаме барем една глава од таму. Затоа свети Затоуст вели дека ѓаволот бега од куќата каде што е Евангелието
Денес, на празникот Воведение на Пресвета Богородица, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум излезе најновиот том „Житија на светиите“ за месец октомври, во чест и слава на Преблагословената Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, преку Која секој Божји дар го добиваме, и во чест на светиот отец наш Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, и светиот великомаченик Димитриј Мироточив, кому му е посветен храмот што ги издава „Житијата на светиите“.
Никoј да нe сe oддeлува oд oпштoтo славeњe на Бoга; и никoј да нe пoмислува дeка нeгoвoтo славeњe на Бoга, вo oдвoeнoст и пoсeбнoст e пoдoбрo oткoлку славeњeтo на Бoга вo eдинствo и вo цeлина на ситe вeрници. Нe e вистина дeка eдeн члeн сe губи вo мнoзинствoтo, та нeгoвиoт глас прeд Бoга нe сe слуша. Зарeм раката нe гo извршува свoeтo дeлo најдoбрo кoга e вo цeлина сo тeлoтo?
Божјата Промисла се грижи за нас, така што и нашите најмали телесни тешкотии не остануваат незабележани од Негова страна. Како последица на тоа, секој од нас при телесна тешкотија треба вака да размислува: оваа болест или друга незгода е последица или на мојата невнимателност или на човечката злоба или на нешто друго, но во секој случај не би се случила без Божјата Промисла, која ја одредила според моите сили, така што нејзиниот почеток и нејзината тежина (ослабување или засилување) зависи од Него.
Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје Ве поканува на Вториот Светиклиментов научен собир по повод 1000-годишнината од Охридската Архиепископија и 60-годишнината од Македонската Православна Црква на тема „Вера и општество“. Собирот ќе се одржи во свечената сала на Факултетот на 06.12.2018, со почеток во 10:00 часот.
Има само еден случај кога можеме и треба да велиме Јас! – тоа е кога се обвинуваме себе си. Тогаш можеш да кажеш: „Јас сум виновен, јас го направив тој грев, јас згрешив, јас посакав и го направив“. Во тој случај – да, но за жал тоа се единствените случаи во кои не велиме Јас.
Возобновувањето на човечката природа преку Христа едноставно не го ослободи човекот само од трулежот и смртта, туку ја надмина состојбата пред падот и го удостои со обожувањето и „доближувањето“ кон Отецот. Човечката природа, привлечена од Христа, преку благодатта на Светиот Дух стана победник над распаѓањето и смртта и беше воведена во животот на Телото Христово,
И како што нашата утеха во будна состојба се состои од умилението кое се раѓа од свеста за сопствените гревови, од сеќавањето на смртта и на судот Божји – само што тие помисли се јавуваат од благодатта Божја која живее во нас, засадена со светото Крштение, и Ангелите Божји ги донесуваат согласно со
– Ех, да можеше оваа паричка да стане златник, ќе им купев прекрасни подароци на мама и тато.
Љубовта, пламенот којшто Христос го фрли во душата на човекот, има восхитливо својство: го води нив бездни и височини кои никому инаку не се достапни, му дава да го совлада секое страдање, па и смртта, често го фрла во неопишлива бесконечност, во која е сам, напрегајќи се повторно да ја здогледа Светлината на љубениот Бог. Таков е процесот на очистувањето на нашата природа.
„Мислам, чедо мое, дека таквите не се поправаат, иако многу постат, бидејќи не внимаваат на јазикот. Кој не ја затвора устата, макар и да пости цело време, не напредува. Оној пак што молчи, лесно ги победува страстите. На пример, демонот те раздразнува со гнев? Немој да проговориш и ќе победиш. Те поттикнува на завист? Не осудувај и си го посрамил, зашто осудата се раѓа од зависта.
Во меѓусебните односи меѓу Бога и човекот, постои еден многу главен принцип – принципот на слободата. Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски говори, дека слободата – е најголемиот дар, даден на човекот од Бога, и затоа Он никогаш не ја нарушува човечката слобода.
























