Старецот и разбојникот
На Света Гора живееше еден старец, испосник, кој седумдесет години испоснички се подвизуваше во пустината, трудејќи се во постот, целомудрието и молитвата. И макар што богобојажливо трудуваше пред Бога толку многу години, никогаш не беше удостоен со Божјо откровение. Размислувајќи и носејќи ја оваа помисла во себе си, си рече: „Можеби моите подвизи не Му се угодни на Бога од некоја причина која јас не ја знам,