Лудост беше истерана
кога до премудрост се допре,
слобода беше подарена
кога блиску до вистина се најде.
На 02.08.2019 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија и светите Пречистански преподобномаченици, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети пророк Илија во с.Орашац – Кумановско. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Луѓето што се просветлени со крштение, веруваат во Бога, но има и такви кои дури и Го знаат. Да се верува во Бога е добро, но да се знае Бог е поблажено. Иако и тие што веруваат се блажени, како што му кажал Господ на Апостолот Тома, дека Ти ме виде мене и ме допре, и веруваш, но блажени се оние кои не видоа, а поверуваа. Да сме смирени, Господ ќе ни покажеше сe заради Својата љубов. Он ќе ни ги откриеше сите тајни, но
На 02.08.2019 година, Св. пр. Илија – Илинден, преп.3 Пречистански нмч-ци, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен, и свештеници од Тетовско-гостиварската и Европската епархија богослужеа Света Златоустова Литургија во Лешочкиот манастир.
Фестивалот оди во живо од неделата 21 јули до 04 август 2019 лето Господово. Овој фестивал ја охрабрува онлајн соработката, каде гледачите можат да споделуваат преку сите социјални медиуми. Фестивалот годинава овозможува лајв скрининг, преку таканаречените Global Screening Partner. Предвидени се филмови кои што рефлектираат православни теми, култура и вредност, а сепак, а се богати од уметничка гледна точка.
2. АВГУСТ (петок) Св. пр. Илија - Илинден; преп. 3 Пречистански м-чци;
08:00 часот –Утрена;
09:00 часот – Литургија;
4. АВГУСТ (недела) Св. Марија Магдалина; свш.-мч. Фока; преп. Корнилиј;
08:00 часот– Утрена;
08:30 часот – Литургија;
Тој живеел во време на неук, но и многу страдален народ. Под притисок на муслиманите многумина ја менувале својата вера, но мнозина од нив и пострадале мачинички за Христос, исто како во древните времиња. Многу од тие маченици пред своите страдања доаѓале на Света Гора за да се подготват за тој подвиг. Св. Никодим бил еден од оние кои ги охрабрувале, бидејќи животот на преподобниот минувал низ распнување на крстот на двојата љубов: кон Христос и кон своите браќа.
Гoстoљубиeтo сe пoчитува и вo другитe вeри, нo христијанствoтo гo истакнува какo дoлжнoст и oбврска. Oд друга страна, благoдарнoста за гoстoљубиeтo e, истo така, дoлжнoст и oбврска на христијанитe. Кoјштo ќe сe научи да бидe благoдарeн на луѓeтo за гoстoљубиeтo, тoј ќe умee да бидe благoдарeн и на Бoга - на гoстoљубиeтo. Бидeјќи штo смe ниe oвдe на зeмјата акo нe гoсти Бoжји? Штo сe дури и ангeлитe на нeбoтo акo нe гoсти Бoжји?
Молитвата ги заменува сите разоноди, сите потреби – сѐ она без кое обичниот човек не би можел да живее.
Почиста, побезгрешна и посвета работа од молитвата нема.Кратките одмори од молитвата (треба да) претставуваат богомислие, созерцание, испитување на Божјата волја и преиспитување на својата совест.
Монахот за молитвата жртвува сѐ, а молитвата не ја жртвува за ништо.
“ Никогаш Крстот не е без Воскресение! Никогаш молитвата кон Бог не е без одговор ! Никогаш тагата по Бог не е без радост ! Никогаш плачот по Бог не е без утеха! Страдањето, молитвата , тагата и плачот по Бог се истовремено сведоштво на присуството на Божјата благодат во нас, сведоштво на нашата лична заедница со Него ! Што друго ни треба ? “
Вечен и Милосрден Боже и Многумилостив Оче наш, маките и тешките неволји што ме снашле, страшни ја измачуваат мојата душа. Но, Тебе така Ти било угодно, затоа јас се’ доброволно поднесувам. Сите мои телесни страдања и душевни маки ги трпан и поднесувам како отплата за моите гревови, а за мое спасение. Те молам, Милостив Боже, дај ми трпение и сила за да поднесувам се’ онака како што Тебе Ти е угодно и да се спасам. Амин!
"...Откријте ја убавината на животот
(духовен- оти нема друг)
и одбивајте да бидете робови на своите барања,
а станете слободни деца Божји на ДАВАЊЕТО.
Ова е дијагноза на т.н. мнение, или високо мислење за себе си кое се карактеризира со надменост, мислење за другите дека грешат, нарочно оние кои се со повисок степен во хиерархијата, со тоа што се држи ставот дека се има подобро решение за проблемите заради своевидното квази искуство кое се користи за аргумент за одржување на мнението.
Црковното минато на нашиот богољубив народ наликува на иконостас, во кој секоја икона прикажува по една сцена од тешкиот, но благословен пат на врвење низ историјата. И речиси во многу од тие историски моменти, народниот живот е сличен со животот на овој наш сенароден патрон – на светиот пророк Илија.
Имено, со проповедта на светиот апостол Павле и по мисијата на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и нивните свети ученици Климент и Наум Охридски, евангелското слово се пренесе во срцата на нашите предци.
„Никогаш не се двоумев јавно да ја исповедам својата вера“, изјави победничката на турнирот во Вимблдон, која секогаш Му благодари на Бога за своите постигнувања и го изобразува знакот на чесниот крст на тениското игралиште.
- Мајката Божја е секогаш во моите мисли!
Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист дух; и иако навидум му се спротивставуваме на овој свет, но користејќи ги сите негови методи и средства, какви што се: централизирана власт, економска моќ, световно образование, политичка моќ итн., само ја потврдуваме нашата длабока секуларизираност. Како што некој рече, вака организираните, т.н. канонски „Цркви“ само го подготвуваат патот и се одлична основа за доаѓањето на антихристот како религиски и световен владетел.
Ера на кариера, секој по свое си тера, гордоста е мера. Во тоа евангелие според себе и предрасудите се исполнети, не постојат, оти станале и остануваат само осуди. Во една рака бројаницата, Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот, а во увото „милно„ брмчи фарисејот, фала му Бога што не сум како оној митар. Ај што брмчи, ама умот го впива побрзо од ритамот на молитвата,...
Што толку длабоко допира до нас? Дали е тоа ревноста за Бога или ревноста за нашата професија? Како денес, и не само денес, се брани Црквата, со што? Ако Црквата може и треба на светот да му ја понуди Евхаристијата, присуството на Царството Божјо во овој свет, односно благодарењето што треба да го опфати сиот свет за да му Го принесе на Творецот – Твоја од Твојих...
Како на кого му дава Господ. Конечно, станувајќи од постела, треба да Му благодариме на Бога, потоа да се каеме и да се молиме до ситост. А потоа добро е да се чита за да се одмори умот. Потоа пак молитва и работа. Благодатта доаѓа од сето она што е добро. Но, најмногу заради љубовта спрема братот.