Митрополит Струмички Наум - Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас (18.11.2017)
Дури на вториот степен, просветлување на умот, откога ќе го познаеме местото на срцето и ќе го добиеме дарот на умно-срдечната молитва, ние внатре во нас го запознаваме непресушниот извор на Божјата благодат. И бидејќи имаме вистински допир до Христос, престанува процесот на постојано губење на благодатта, исто како што кај крвоточивата жена престанало течењето на крвта. Ја добиваме онаа постојана радост и светлина.