Камен темелник на нова Црква ,св.Кирил и Методиј- Дортмунд
На ден 29 април 2018 г. Недела на Раслабениот, во градот Дортмунд, Германија се изврши освет на камен темелник за нова црква.
Осветот го изврши Неговото блаженство Архиепоскопот Охридски и Македонски г.г Стефан во сослужени на Митрополитот Дебарско-Кичевски и администратор Новозеландски г. Тимотеј и домаќинот на Европската епархија г. Пимен, во сослужение на повеќе свештеници од Македонија и Европа.
На овој свет чин присуствуваше и градоначалникот на Дормунд-Шарнхорст, пратеници од Буденстагот, преставници од конзулатот од Бон и од многу Црковни општини од Европа.
И секако многу верници од Црковната општина и околината кои се повеќе и повеќе се сплотуваат иако далеку од дома сепак света вера не си ја забораваат.Неговото блаженство г.г. Стефан истакна дека Дортмунд станува духовно живеалиште и место за собирање и за молитва и за македонско оро и песна.
На овој свет чин беше прочитана и одлуката со која протоерејот Душко Пецов и домаќин на оваа Црква се именува за архиерејски намесник на Западно-Европското намесништво.
На крајот протоереј Душко Пецов се заблагодари на сите присутни свештенослужители и гости и додаде дека секој успех на оваа општина е заеднички и од сите и за се, и укажа голема благодарност до целата управа кои со сите сили се секогаш тука и помагаат во напредокот на општината .
Изрази благодарност и до постарите кои ја создале оваа општина а и сега се тука со нас и ни даваат сигурна поддршка.
Известува протопрезвитера Анита Пецова
Лето Господово 2018