Катица Кулавкова: Македонска сказна
Си бил еднаш еден народ
кој зборувал на многу јазици.
И имал многу имиња
- оти освоил многу светови.
И оставил многу пред себе
- за да најде повеќе зад себе.
Си бил еднаш еден народ
кој зборувал на многу јазици.
И имал многу имиња
- оти освоил многу светови.
И оставил многу пред себе
- за да најде повеќе зад себе.
Слепченскиот манастир посветен на Светиот Јован Претеча е духовно жариште кое изнедрило мноштво монаси – духоносци кои неуморно работеле на нивата Господова принесувајќи стократни плодови од кои до ден денес се ползуваат гладните за Словото Божјо.
Ученичката на селукавиот ѓавол играше и, за награда, Претечо, ја прими Твојата глава. О гозбо со крв исполнета! Подобро ќе беше за тебе да не се колнеш, беззакони Ироде, внуче на лагата. Но, иако се заколна, не за добро се заколна. Подобро ќе беше за тебе да ја прекршиш клетвата и живот да заработиш, отколку да ја одржиш и главата Претечева да ја отсечеш. А ние, пак, Крстителот, како најголем роден од жена, достојно чествувајќи го, блажен го именуваме.
Сину благодатен на вечноста,
трубо милозвучна покајничка
гласу кој благослов издаваш,
од Оној за Кого покров не припремивме
Во човечкото живеење денес се појавија многу проблеми. Повеќето од нив се израз на нарушените односи меѓу луѓето. Најчето се предизвикани од негативните човечки дела со кои човекот несвесно или свесно предизвикува лоши состојби. Но, тука се и погрешните политички системи од минатото. Со цел да ги остварат своите цели се повредувала правдината на животот.
Историјата на човештвото изобилува со значајни датуми. Исто така, полна е со значајни и херојски личности, но и со луѓе кои остануваат запаметени можеби по само еден непромислен потег во нивните животи, без разлика кои и какви им биле нивните општествени функции или што биле споменати во некоја историска книга, па дури и во најчитаната книга на земјата, Библијата. Пример за таков човек е царот Ирод.
Исусовата молитва не може да се исклучи од севкупниот живот на верникот, не може да биде одвоена од подвизите и Литургијата на Црквата, не може да се практикува без православно исповедање на верата. Секој обид, да се практикува оваа свештена молитва, надвор од Светата Литургија, или надвор од Православната црква, завршува со тотален неуспех и застранување со умот.
Книгата која ја имате пред вас е дело на светиот Никодим Светогорец, монах од XVIII-XIX век. Времето во кое живеел било тешко, под турско ропство, со постојани закани и опасности, присилна исламизација, време во кое православната богословска наука многу заостанала, па дури и сосема замрела во некои краишта. Поради необразованост голем дел од клирот не можел да проповеда, да го
„Без мене не можете да направите ништо“ вели Словото Божјо, па затоа секоја година во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево на почетокот на новата учебна година на Божествена Литургија на која присуствуваат сите ученици на Богословијата, се извршува чинот призив на Светиот Дух.
На втората, историско-литургиска тема, говореше свештеникот Александар Димоски, кој даде кус историски осврт и поттикна размислување за тоа дали свештенството треба трипати да пие од Евхаристиската Чаша. Двете теми пробудија голем интерес кај свештенството, и се отвори и кратка дискусија.
Годинава на нашиот штанд своите издавачки дејности ќе ги претстават: Скопската, Дебарско-кичевската, Преспанско-пелагониската, Повардарската, Брегалничката и Кумановско-осоговската епархија. Ги повикуваме сите љубители на книгата да го посетат нашиот штанд и да се запознаат со околу 200 наслови од писменото сокровиште на Православието.
На 05.09.2021 година, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во манастриот „Свети Јован Крстител“, во Слепче, во монашка риза потстрижа шест расофорни монахињи, четири монахињи во мала схима и една монахиња во големата ангелска схима.
Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме и грешиме; би биле многу помилостиви кон нашите должници или кон оние што страдаат и бараат или очекуваат помош од нас. Непомагањето на страдалниците е пасивна социопатија.
Иако застранува од вистинската природа на работите, окултното учење почнува со една несомнена христијанска вистина: смртта на телото не е крај на човечкиот живот, туку само почеток на нова состојба на човечката личност, која продолжува да постои одвоена од телото. Смртта која не е создадена од Бога, туку во созданија пристигнала со гревот на Адам во рајот,
Прашањето не е што мисли светот за тебе. Ти гледај да бидеш ‘’вистинит’’ во животот, да имаш чиста совест дека не си погрешил, не си повредил, не си осудил, не си мразел, не си изневерувал, не си клеветел, не си се одмаздувал , не си понижувал, не си се исмевал, не си злоупотребувал (а ако си го направил сето ова, си плачел и си се покајал ); си понудил поткрепа,
„Возљубени во Христа сестри, веќе сум обземена од свештена скрушеност поради извршувањето на овој голем настан во нашиот Свештен Манастир, остварен после 33 годишнината од светилникот на светлината, за да ги просветли сите повикани од Него во вистината,
Ден преполн со Таворската светлина и светлина за просветление на нови 52 млади Христијани, пишува сајтот Friends of the Bukoba Mission in Tanzania. Ова беше најубавиот ден во досегашната 11 месеци долга мисија, кој беше крунисан со преображенската благодат во манастирот на Светото Преображение во Букоба, на бреговите на езерото Викторија.
Кога имаме потреба од некои луѓе (на функција), треба и пари да потрошиме и со потчинување да им ласкаме и многу да трчаме, оти големците од овој свет не само што не ни го даваат лесно она што им го бараме, туку честопати не прифаќаат ниту да ни прозборат.
Најпрво, потребно е да им се доближиме на луѓето што се околу нив – помошниците,
„А кога беа во Галилеја, Исус им рече: ’Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки, и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.‘“ Им кажа, за да ги предупреди, за кое Царство најпрво тие треба да се борат. Но и ден-денес, многумина не ја сфаќаат Христовата порака и се борат само за овоземното царство, а притоа го губат Небесното – исто како и сите незнабошци.
Мајката Божја никогаш не погрешила, со ниту една своја мисла и никогаш не ја изгубила благодатта, но и Таа поднесувала големи маки тука на земјата. Нејзината болка додека стоела под крстот била безмерна како длабок океан, а нејзините душевни страдања биле неспоредливо поголеми од Адамовите по протерувањето од рајот, бидејќи љубовта на Мајката.