Воскресение Христово – Пасхална Литургија,храм на св.Јован Крстител, Скопје (19.04.2020)
Токму кон ова духовно воскресение, обнова на нашите души, не повикува Црквата на великиот и радосен ден на Светлото Христово Воскресение. „Денес дојде спасение за светот, видлив и невидлив! Христос воскресна од мртвите-востанете со Него и вие; Христос е во Својата слава-издигнете се и вие; Христос стана од гробот-ослободете се од оковите на гревот!