логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

    Слово на Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски и Игумен на Свештената Бигорска Обител г. Партениј, изговорено на Вечерната богослужба за празникот Усекновение на Чесниот Претеча, петок, 29 август/11 септември 2020 лето Господово

Благоговејни и чесни отци,

Преподобни браќа монаси на оваа Свештена Обител,

Сепреподобни и чесни отци од наша братска и православна Грција, отец Матеј и отец Николај,

Сечесни и преподобни сестри од нашите женски манастири,

Возљубени браќа и сестри Христијани,

Дозволете ми најнапред да ја изразам својата преголема радост и благодарност кон великиот Пророк, Претеча и Крстител Господов, Свети Јован, којшто и оваа година нѐ удостои вака торжествено да го прославиме неговиот чесен спомен.

3.angeli.so.truba

Светиот пророк Исаија, пророкувајќи во Стариот Завет за појавата на Јован Претечата, го опишува со зборовите: Гласот на оној што вика во пустината говори: „Пригответе Му го патот на Господа, исправете ги патеките на нашиот Бог“ (Иса. 40,3). Кажано во преносна смисла, ова пророштво значи: послушајте го гласот на оној кој вика во духовната пустина на овој свет, омекнете ги вашите срца, пригответе Му во нив место на Бога и исправете ги патеките во вашите животи со вршење дела на правдата. Чесниот Претеча се јавил во Јорданската пустина и почнал да проповеда неколку месеци пред почетокот на јавната проповед на Спасителот наш Господ Исус Христос. Бил особено скромен. Најстрог аскет и испосник. Живеел во пештерите околу Мртвото Море, се хранел со растенија и див мед. Неговата појава предизвикувала страхопочитание кај луѓето. Величествен со духовна величина, за него Израилците помислиле дека е Свети Илија, дека повторно се јавил великиот пророк од старите времиња, кој жив бил вознесен на Небото и чие второ јавување се очекувало од многумина. Споменот за Свети Илија бил навистина силен во Израилот, а Свети Јован во многу нешта наликувал на него, така што природно било да го поистоветуваат со него. Впрочем, Свети Јован и навистина е новиот Илија, кој се јавил при Јорданските води и со својата благословена рака на сиот свет му Го покажа Месијата Исус Христос: Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! (Јован 1,29). Затоа Ангелот благовестител за раѓањето на Свети Јован, му возвестил на Захарија, таткото Јованов, дека синот негов, ќе оди пред Него, (т.е. пред Христа) во духот и силата на Илија… за да Му подготви на Господа народ подготвен (Лука 1,17). А и Самиот Господ, запрашан од учениците за доаѓањето на Илија, во Евангелието вели: Но ви велам дека и Илија дојде, како што е напишано за Него, и му направија што сакаа (Марко 9,13), мислејќи тука на Свети Јован Крстител.

Претечата Христов се јавил во Јорданската пустина, којашто била бесплодна и безводна. Токму какво што било човештвото пред Христа. Бесплодно, жедно за правда и мир, за вистина и љубов, луѓе со скаменети од гревот срца, од кои не излегувало ништо добро. Во таквата духовна пустина дошол Свети Јован да проповеда за Божествената благодат којашто се воплоти преку Синот Божји и која започнала да ги напојува срцата човечки, та да раѓаат плодови на добродетели.

Многу е прочуена Јовановата реченица, којашто постојано им ја повторувал на сите коишто доаѓале при него: Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно! (Матеј 3,2) А Царството Небесно се состои, всушност, во Личноста на Спасителот наш и Господ Исус Христос, Кој е многу блиску до нас. Патот, пак, до Него е покајанието. Мили мои, од покајанието – ништо поголемо нема. Тоа од разбојникот на крстот, во последниот час направи праведник и прв жител на рајот. Покајанието ги претвора и најтврдите срца во садови подготвени да ја примат љубовта Божја, да ја воспримат благодатта Негова, ги прави срца од кои се раѓаат христијански добродетели.

Оваа проповед за покајанието на Свети Јован Крстител која историски се случувала околу 2000 години пред нас во Јорданската пустина, дијахрониски никогаш не ни престанала и е подеднакво актуелна и до ден денешен. Со истата силина таа е упатена и кон сите нас. Оваа реченица, овој повик на Крстителот: покајте се! – упатен е до мене, до тебе, до сите нас. Да го прифатиме. Зашто, без покајание човекот е само една бесплодна пустина. Неговото срце е подобно на камен.

Рековме дека пред Христа, човештвото било еден ужасен призрак на најниска форма на живот; неморал и примитивизам дотаму што животинските страсти, наместа дури и човекојадството, биле сметани за нормална појава. Со Христа, пак, сѐ станало ново; на човекот му било востановено предопределеното божествено достоинство, а човечкото општество во целост – било невидено облагородено. Меѓутоа, денес, можеби како никогаш досега во христијанската историја, воскреснува паганскиот неморал и лажната филозофија на антивредностите. Живееме во свет преполн со омраза, со завист, со непросветленост, со егоизам, со желба во срцата на луѓето за војни, за материјални богатства и надмоќ, со сластољубие, со прељубодејства, кои веројатно никогаш не биле толку распространети како денес. Во голема мера тоа се должи и на неправилниот, би рекол, крајно погрешен пристап кон современата технологија, којашто особено ја потпомага фантазијата на човекот. А фантазијата е својство на умот, но и резултат од дошепнувањата на лукавите сили. Многу луѓе денес, претежно од младите генерации, живеат во фантазија, во имагинарен свет, во некаква дигитална ‘реалност’, што секако не е реалност и претрпуваат сериозни и тешки нарушувања, пред сѐ, на душевното, а потоа и на телесното здравје.

Така, на пример, сега е толку лесно човек, преку технологијата, да биде заведен во гревот на прељубодејството. Впрочем, преголемата присутност на овој грев го прави истиот не толку голем или опасен, па дури и нормален во очите на луѓето. Но, вечерва слушнавме од стихирите за тоа колку страшно и тешко е ова неблагословено поведение и до кои последици доведува. Сите стихири говореа за прељубодејната Иродијада, снаата за брат на царот Ирод, со која тој живееше во незаконска врска. Свети Јован правдољубиво и храбро ги укорувал за овој грев, но таа, наместо покајание и промена, покажала жестокосрдечност и одмаздољубивост, така што побарала од царот, во прилика кога тој славел роденден, угодникот Божји да биде убиен. Гледате ли колку страшно е прељубодејството?

    Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и криза. Денес, можеби како никогаш досега по Христа, е толку актуелна и потребна примената на призивот на Свети Јован за покајание. Од каде оваа ни малку наивна криза? Од тоа што луѓето не внимаваат со техниката, со мобилните телефони, со интернетот и социјалните мрежи. Виртуелниот свет и комфорот зад тастатурата ги поттикнуваат страстите кај човекот и го потхрануваат егоизмот. Ете зошто денес понеопходен од сѐ е постот од прекумерната употреба на технологијата и од безделничењето на социјалните мрежи. Ние Христијаните имаме повеќе пости, четири пати во годината, како и секоја среда и петок, но сум забележал дека многу верници обраќаат непотребно големо внимание на храната, а занемаруваат други, многу поважни работи. Сепак, доколку не се воздржуваме од оваа чудовишна појава на фантазијата преку техниката, залудно е постењето од храна и попусто е одењето во храмовите.

Затоа, мили мои, да го прифатиме покајанието, кое значи преумување и промена на начин на живот, бидејќи без него не е возможно да Го спознаеме преслаткиот Христос. Да ја прифатиме пораката, повикот на милиот наш Претеча и Крстител, Свети Јован, за да ги зачуваме браковите и нашето општество. И денес тој ни вика: „Покајте се, чеда, вие кои со прељуба згазнавте на венците од вашето венчание! Покајте се, вие, кои ја кратите платата на работниците! Покајте се, вие, кои вршите секаква неправда, впуштајќи се во кражби од државната каса! Покајте се, вие, кои распространувате наркотици што ја поттикнуваат демонската фантазија и со тоа илјадници души ги водите во бездната на адот!“ Гласот на оној што вика во духовната пустина нѐ повикува сите да се покаеме и да станеме деца на Божјото Царство. Христијанин е токму тоа – дете на Божјото Царство. Христијанин значи обожен човек. Нема поголем призив на Земјата од тоа да се носи Христовото име. Голема одговорност ни е возложена од Спасителот: Вие сте солта на земјата… Вие сте светлината на светот (Матеј 5,13-14). Следствено, за сѐ што се случува во светот, виновни сме најнапред ние Христијаните. Никој друг. Бидејќи кај нас е просветлението, ние ја имаме Богооткриената вера, спасителното Божјо откровение. Христијанскиот ум, покајаниот ум е просветлен и само тој може да му донесе вистински духовен напредок и благородство на светот.

Нека Чесниот Претеча и Крстител ни помогне на сите нас, овде присутни, но и на сите наши ближни и на сите луѓе, да ја примиме во срцата наши и да ја примениме на дело неговата вонвременска порака: Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно! После Пресвета Богородица, тој е најголем во застапништвото пред Бога. По неговите најсвети молитви, сите народи и сите луѓе да Го спознаат, преку Духот Свети, Христос, вистинскиот наш Бог и Спасителот на Светот.

Нека ни е честита славата и нека Великиот Претеча Господов го чува ова славно негово Светилиште до крајот на вековите! Веќе 1000 години тоа е незгаслив светилник на нашиот народ и преобразител на нашите срца. Нека го чува Свети Јован нашиот род, та тој да му пали ламбади, кандила и свеќи и да се поклонува пред неговата Чудотворна икона до свршетокот на светот.

Амин!

 

https://religija.mk/povik-na-pokajanie-za-zloupotrebata-na-internetot/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная