Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 13:31-37;14:1-2
31. Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.
32. А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот.
33. Внимавајте, бидете будни и молете се, оти не знаете кога ќе настане времето.
34. Како човек, кој заминувајќи, ја остава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, и на вратарот му заповеда да биде буден.