Хуманитарна помош за бегалците од Блискиот Исток
Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во периодот од 22 - 24 јуни, Скопската православна епархија донираше околу 6000 шишиња вода за пиење, наменети за бегалците од Блискиот Исток, кои во потрага по подобар и мирен живот транзитираат низ нашата земја. Беа посетени три пункта, и тоа: Железничката станица во Гевгелија, Железничката станица „Табановце“, како и Центарот за азил во Визбегово,...